Добро бе до кога ќе не лажат, па пред 2-3 години после големиот мирен протест на Пела нели имаше денски протест пред собрание. Беше мирно но само преку сила 200 души, и пази молимте да се плаќало од свој џеб.
Јас ќелавиот веќе сум стар за вакви глупости, сакал народот или нејќел ако мора ќе се смени името и пак ќе молчите.
Ако ви е за пикник подобро одете до најблиската планина од каде што потекнувате и таму потрошетеги парите одколку на 150 денари за една плескавица и пополнет формулар. Запаметете за ваква работа треба да ви дојдат на врата и да ве молат дали сакате оваа држава да го носи тоа и тоа име. Пошто и на еден и на друг начин не добивате ништо.
Па очигледно не си доволно стар да замараш со некакви глупости и свои сфаќања.
Ако ни е за пикник, нема да трошиме време а ако чекаш некој на врата да дојде да те моли тогаш ќе се начекаш.
Ништо не се постигнува со чекање, мора во секој момент човек да е активен и упорен, ако сака да постигне нешто.
Ти случајно да не чекаш дома некој да ти дојде на врата и да ти каже „Дечко, абре дај дојди имаме добро платена работа, па ако ти се работи...“
Кога ќе сфатам ова значи е против сегашната влада, грција нам не ни е Закон, дај молим вас, побогу шта је ово. Значи одам против неправда која ми станала закон, тоа значи некоја политичка партија т.е власт и ништо друго. Кој неписмењаци.
И што е она пола текст Англиски, колку само поубо ќе звучеше цело на Македонски да биде.
Бабами незнае да чита, а у државава има илјадници пензионери кои исто така незнаат Англиски да читаат.
Али ај нека одат квази фаланги и со еден потпис нека се направат поголеми патриот од некој како мене.
Тој исказот добро си го протолкувал, ама не сакаш ситуацијата да ја сфатиш изгледа. Сам по себе, кажаното го означува токму тоа што ти си го претолкува... но... во овој случај се зборува за вековната неправда која е нанесена врз Македонскиот народ:
1903 - Непотпомогнато востание
1912 - Поделба на Македонија
1919 - Трајна Поделба на Македонија
1920те - Потиштување и раселување на македонците во сите делови од Македонија,
1930те - погром на Македонците во Бугарија поради Српски притисок.
1945та - неприфаќање за создавање на обединета Македонија.
1948та - згаснување на Македонштината во Егејска Македонија.
... итн...
За да се дојде до 1991 и 2011 кога сеуште сме под притисок на МЕЃУНАРОДНИТЕ ПРАВНИ СТРУКТУРИ (ако воопшто може да се наречат такви, поради тоа што де-факто не постојат како такви) и нашите основни колективни човекови права да се нарекуваме како што сакаме не ни се овозможени.
Значи зборуваме за меѓународната неправда со која се соочува Македонискиот народ веќе еден век, а кулминира денес токму кога таков проблем не би требало ни да постои.
Неправдата е закон, законот е правило, значи кон нас неправдата е правило а не исклучок. (за интелектуалци како тебе ова значи: толку е честа појавата на неправда кон нас, што всушност таа прерасна во норма и се чини сите таа норма ја „почитуваат“)
За неписменетоста не си релевантен фактор и овој испад е само потврда на твојот тендециозен коментар на овој форум.
Никој не се прави поголем патриот од тебе, никој не ни го кажува тоа. Едноставно кој сака може да оди и да си го изрази патриотизмот на овој начин. Ако пак ти имаш друг начин на прикажување солидарност со македонскиот народ, љубов кон својата земја и поткрепа на денешната држава Република Македонија, те молам еве јавно да споделиш како тоа ти го постигнуваш. Можеби некој од нас ќе сака истото да го практикува и покрај одењето на јавни собири.
Додека се живи сите кои велат НИЕ СМЕ МАКЕДОНИЈА НИ Е СМЕ ДРЖАВА АМА СО ТИТО БЕШЕ ПОДОБРО до тогаш ќе не дупчи кој сака и како сака. До тогаш ќе се чуствуваме ко да сме ја испечатиле Камасутрата.
Запаметете срцето и свеста никој неможе да ви ја одземе, освен самите да си ги дадете.
Гледаш дека во некои погледи не се разликуваш од (според тебе) т.н. “Фаланги’. Незнам тогаш како може да е проблем кога некој истото тоа мислење го изразува јавно и колективно со други припадници од својот народ?
Како и да е, на крајот,
собирот е всушност собир за покажување на единство и солидарност во Македонскиот народ.
Во никој случај ваквиот собир не може да биде квалификуван како лош, негативен или контра-продуктивен.
Точно е дека протестот сам по себе нема да ги реши сите проблеми на Р. Македонија и Македонците, но е нешто што мора да се направи.
Ако самиот не чуствуваш таква потреба, не се секирај, нема никој да те натера и да дојде од „пред врата“ и да те завлече на плоштад.
Ако сакаш дојди, ако сакаш не доаѓај, но немој да го напаѓаш напорот што организаторите го вложуваат и тоа без нудење на никаква алтернатива... извини ти имаш алтернатива - некој да те викне од пред врата или пак ништо да не превземеш во врска со неправдата која стана правило на однесување кон нас Македонците.