Бев 10 дена во С. Брег вчера се вратив па да ви кажам збор два за местото.
Водата првите 5 дена значи од 16 до кај 20-21 август беше топ, дури ме изненади морето толку чисто во Бугарија и толку мирно стварно да не ти се излага од вода,ама затоа од 20 па додека си отидовме на 26 водата беше како да се бањаш во мочуриште прв пат гледам такво нешто.Едни алги ситни како мелени по целата површина на водата,дното не се гледа никаде,медузи врие,првите денови исто имаше ама дека беше чиста водата можеше да ги избегнеш после тоа одиш на плажа се потиш и одиш у хотел на базен се бањаш.За плажите да не ви пишувам тоа веќе сите знаат-барчиња на плажа на секој чекор,песокот ситен,плажата огромна.Малку претерале со цените на лежалките и чадорите( тоа е најверојатно направено само за скандинавците они имаат подлабок џеб) лежалка 7 лева 200 денари од прилика чадор 7 лева,значи за две лежалки и чадор ти требаат 600 денари што е премногу.Затоа си купуваш чадор еден за 10 лева ,поквалитетен 20 лева и си имаш чадор и за другата година
.
Јас бев отиден со девојка ,знам што ке пишат пола и повише дека со девојка не е иде во Бугарија као демек ако идеш сам ке се растуриш од е**** што нема врска,девојки прво нема толку многу по дискотеките повеќе се мажи освен во дискотеките кај што се наплаќа влез 7 лева во лазур па нагоре се цените.На секое друго туристичко место кај што ке отидеш ,нормално охрид го бришам од листава имаш подеднакви шанси да фатиш девојка исто како и во бугарија,така да според мене глупаво е уште да се тераат моабети од пред 10 години што биле актуелни дека во бугарија се иде за да бркаш жени,сега не е така.
Цените на храната се малку поскапи од кај нас ама затоа пијачките се багатела кога ке израчунаш во ресторан да седнеш да јадеш ќе те фати горе доле како кај нас,ама затоа за пиење можеш да не начукаш за дупло помалце од кај нас и тоа во дискотека.
Ова ви кажувам за во С. Брег таму бев сместен за во несебар бевме два три пати блиску е цените горе доле се исти можеби за лев два пониски за тоа Равда незнам.
Ова е мое мислње дека ако мислиш дека ќе одиш во бг.со мислење дека незнам колку девојки ќе свртиш и ќе потрошиш ич пари си се зафркнал од старт.Без 600 евра не поминуваш ако спиеш во хотел,ако спиеш во собичка можеш и со 500.Јас лично мислам дека има поубави места кај да се отиде за тие пари.
Се надевам дека не бев многу опширен има уште мн работи да кажам ама мислам дека во глобала е тоа,ако некој сака инфо дали хотел или незнам јадење каде ова она слободно нека пише.Поздрав