Supercopa de España - Реал Мадрид - Барселона - 14/17.08.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои Супер Купот на Шпанија?

  • Вкупно гласачи
    98
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Јас само неможам да сфатам како можеш да се браниш во ситуацијава, кога како и да свртиш марсело е крив тука.
П.С. Освен Марсело црвени добија Озил и Виља така?
DA!!!
 
Глуп потег на клупата... како што рече Џену, судијата ни за момент не се помисли дали да даде картон или не. Уште поглуп на Марсело.

Ова почна од коа дојде Мурињо. Дали е коинциденција или нешто друго незнам.
 
Јас само неможам да сфатам како можеш да се браниш во ситуацијава, кога како и да свртиш марсело е крив тука.
П.С. Освен Марсело црвени добија Озил и Виља така?

Кој го брани Марсело бе, што се брукате самите !? Види што пишав...

Марсело се изглупира, доби заслужен црвен и излезе. Играчите и стручниот штаб на Барса ја направија гужвата...
 
Добро бе па и овие ... Не смееше да дојде до ова , натпревар кој го гледат толку гледачи ... Од година во година само инциденти се повеќе и повеќе ... И Мурињо , колку и да е изнервиран не смее така да реагира , сепак тренер е и треба да знае да се контролира ... Марсело исто како и Пепе , тие не ги сметам за играчи и се додека се тие во Реал одбраната не им е ич стабилна ... Иначе и по ова интернетов и сегде головиве не ги ставиле се инцидентот го ставиле ... Само се прашувам до кога вака ќе иде фудбалот ???
 
Кого тргаат бе брат !? Пепе дојде после 10 секунди таму. Значи никој,(дури и Алонсо кој беше покрај Цеск замина) не се стрча од Реал, а цела клупа на Барса и тие што беа у терен почнаа да скокаат по судијата. И ќе повторам, за одлука во нивна корист !!!

Значи гледај ги убаво. Клупата на Барса станува и Гвардиола ги трга двајцата што се први таму. После доаѓа Пепе и пробува да се доближи до местото каде што лежи Фабрегас го бутаат надвор и почнува калакурницата.

Ти реков криви се тие што станаа од клупата не викам не. Најверојатно најмногу е крив Виља за тепачката. Ама што е премногу премногу е. Секогаш кога Мадрид губат има некој кретен како Марсело што воопшто не го интерсира ништо друго освен да повреди некого и што е најстрашно Мурињо го охрабрува тоа однесување. Затоа и така реагираат сите од Барса веќе.

Пишав у фан клуб Барса пред да се деси тепачката дека Пепе денеска беше многу коректен ама влезе Марсело и толку беше. Пред тоа немаше ни еден таков гаден фаул, а он успеа да направи 2 во 45 минути.

П.С.

Иначе од играчите што беа на терен само Пепе и Озил се умешаа кај што беше гужвата. Сите други стоеја на страна. Види ја сликата што ја ставија погоре за Кака.
 
Кој го брани Марсело бе, што се брукате самите !? Види што пишав...

Марсело се изглупира, доби заслужен црвен и излезе. Играчите и стручниот штаб на Барса ја направија гужвата...
1. Поглуп потег од тој на Марсело АМИН!!!!
2. Глуп потег и на клупата на Барселона ама после серија овакви фаули секој нормален ќе пукне (не дека ги бранам, само факти кажувам)
3. Мурињо направи огромна глупост, за играчиве и до некаде сфаќам овака да реагираат, трчаат 90 минути и ќе пукнат еднаш, ама менаџер со толку титули и со таква репутација беше СРАМОТА
4. Лошо се изразив, нејќев да кажам дека го браниш Марсело, ама глупо е како сите рипнавте по клупата на Барса, а никој абер нема да спомне шо се друго се случуваше у тие 5 минути
5. Дали некој знае шо точно стана помеѓу Виља и Озил, оти играч толку изнервиран како Озил одамна немам видено.
 
Човек пишав и за тие 5 минути. Таму секој може да пукне, во таа мешаница летаат провокации, тукраници, удари...

На Марсело не му е првпат така да стартува против Барса, но и на играчите на Барса не им е првпат да изреагираат така. Марсело е индивидуалец за разлика од играчите и стручниот штаб на Барса. Ем провокации и паѓања на терен, ем тоа со клупата, пука психата на противникот...

Значи срамно беше ова, и за Реал и за Барса...
 
Можеше лесно и Пике да се изнервира, Пепе во таа турканица му удри шамар o_O Претпоставувам ова никој не го виде..

Небитно, ова на крајот сосема ги засени убавите голови на Барселона и повторно никој не го фали совршениот Меси
 
Човек пишав и за тие 5 минути. Таму секој може да пукне, во таа мешаница летаат провокации, тукраници, удари...

На Марсело не му е првпат така да стартува против Барса, но и на играчите на Барса не им е првпат да изреагираат така. Марсело е индивидуалец за разлика од играчите и стручниот штаб на Барса. Ем провокации и паѓања на терен, ем тоа со клупата, пука психата на противникот...

Значи срамно беше ова, и за Реал и за Барса...
Епа знаеш тоа е глупо во Ел Класикава откако дојде Мурињо. Се суди фаул за Реал 10 души од Барса му се пуштаат на судијава, се суди после фаул за Барса 10 души од Реал му одат на судијата, Мурињо мафта од таму, се буни на сите страни.
Реално гледано ова почна кога Мурињо дојде на клупата на Реал, пред тоа овакви стартови, глупости и цмиздрења немаше.
 
Епа знаеш тоа е глупо во Ел Класикава откако дојде Мурињо. Се суди фаул за Реал 10 души од Барса му се пуштаат на судијава, се суди после фаул за Барса 10 души од Реал му одат на судијата, Мурињо мафта од таму, се буни на сите страни.
Реално гледано ова почна кога Мурињо дојде на клупата на Барса, пред тоа овакви стартови, глупости и цмиздрења немаше.

Значи од пред 10 години !? Ја открвме тајната, Мур го вметнал глумењето у Барса. :pos:

Or its your subconscious and wish !? :)
 
Епа знаеш тоа е глупо во Ел Класикава откако дојде Мурињо. Се суди фаул за Реал 10 души од Барса му се пуштаат на судијава, се суди после фаул за Барса 10 души од Реал му одат на судијата, Мурињо мафта од таму, се буни на сите страни.
Реално гледано ова почна кога Мурињо дојде на клупата на Барса, пред тоа овакви стартови, глупости и цмиздрења немаше.

Пу пу пу, скраја да е...:pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom