Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Нема да го добие, затоа што доказот го бара само во рамките на својот ретардиран светоглед.

Реардиран или не, ако си рисјанин не си ти тој што ќе пресуди кој е во право кој не со својот светоглед :)

Навистина, немам намера да ширам паника на форумов, ниту да заведам некого на погрешна религија..
Себе си се доживувам едноставно како Христијанка - без дополнителни атрубути на припадност.
Ја читам Библијата и посветена сум на почитување на изворното Христијанство.
А овие теми на форумов се толку заморни и некорисни (за брадавиците на мажот, за двополовиот Адам, итн)..
Со моите, ајде да ги наречам „провокации“ само сакам да започнам да водиме малку повеќе дискусија околу тоа, - каде сме сега, на Божјата временска линија (на постоењето на нашата Планета).

Факт е дека ни предстојат некои клучни настани:
- Појава на Антихристот (Кој е тој? Дали сте зборувале за тоа на форумов?)
- Почеток на крајот (турбулентните времиња) - во кои се наоѓаме сега, како најава за
- Почетокот на Божјиот Гнев
- Но претходно, пред да започне Божјиот Гнев - верниците ќе бидат физички отстранети (бројните цитати за вознесение на Христовата Црква, насекаде во Библијата, споредбата за „последните денови“ со времето на Ное; А Ное бил заштитен со семејството од Божјиот гнев - во коработ)
- Жигосување на луѓето со жигот на ѕверот.. (Што претставува тоа?)
- УНИШТУВАЊЕ НА ПЛАНЕТАТА!! СОЗДАВАЊЕ НА НОВА ЗЕМЈА! ЖИВОТ НА ВЕРНИЦИТЕ ВО ПРИСУСТВОТО НА БОГА!

Зарем ова не е покорисно за проучување?

Дали чувствувате дека сте подготвени за овие настани? Како да ги препознаеме? Како да се заштитиме од Антихристот (бидејќи тој ќе се маскира како лажен спасител во светот.. Луѓето од почетокот ќе го сакаат и масовно ќе го поддржуват)?

Има толку интересни и корисни работи за кои треба да дискутираме и да се поучиме навреме за да не направиме некоја грешка, заради која ќе го навлечеме Божјиот гнев и ќе бидеме отстранети од Неговата заштита..

Девина, тоа сме го виделе по Скопје... средовековни луѓе нудат А4 формат памфлет и на него: Кој управува со земјата? Кој е антихристот?
Тоа се глупости... стравот одамна не носи нови верници...
Сега, не се наоѓаме во турбулентни времиња, не верувај во „жолтата штампа“... Ние не знаеме што се тоа турбулентни времиња... Уживај во ова подарено релативно стабилно време, не туку забегувај :)
Ако некогаш си студирала наука, сигурно знаеш дека ние сме најмирниот дел од универзумот... Стабилна ѕвезда, стабилна клима на Земјата... Се е стабилно освен економијата и политиката и религијата, за кои смртниците се држат како слепи за стап...
 
^ Не, не сум ја тој што донесува пресуди, фала богу.
Ја само констатирам состојба.
 
^ Не, не сум ја тој што донесува пресуди, фала богу.
Ја само констатирам состојба.
Констатирање состојба... Многу научно делува ова, малку далеку од верата(од религијата пак уште повеќе).
Дали христијанин кој се теши дека ако прави како што му налага некој бог (ова бог христијани различно го констатираат и се караат за нивните констатации) ќе добие награда од истиот тој бог, кој е негов татко но и негова цел, е во состојба да констатира правилно во врска со светот во кој битисува?
Јас мислам дека не може да констатира правилно... затоа и му е забрането да пресудува во однос на некој друг...

Зошто му се забранува на христијанинот да суди за другиот?
 
^Затоа што има друг кој по природата на нештата е задолжен (и по способен) за таа работа.
 
^Затоа што има друг кој по природата на нештата е задолжен (и по способен) за таа работа.

По природата на нештата? Абе ајде :) Многу јака таа ваша природа, изгледа ниедна наука не ја решава :)
Ок, штом не е способен христијанинот да суди и пресудува, како констатира и решава проблеми? Другиот над него ќе го прави тоа цело време?
Со молитва ќе решава христијанинот или... ?
 
^ да. со молитва.

Зошто на форумов не се среќаваат такви христијани, кои нема да судат и ќе го вртат другиот образ, смирени... туку христијани кои ревносно по секоја цена се докажуваат со другите (а и меѓу себе, бидејќи нели има различни цркви кои ја држат „вистината“) за „точноста“ на нивната вера и валидноста на нивните морални, етички и природни закони?
 

Не си ти тој што ќе каже дали си или не си... Има некој над тебе што е поспособен од тебе и ќе суди за тебе и твоите дела... :LOL: Ех рисјани :) Едно зборувате друго правите :)
Ќе оставам другите по твоите постови да видат дали си или не... јас заклучив дека нема на форумов :)
Немам повеќе прашања...
 
Не си ти тој што ќе каже дали си или не си... Има некој над тебе што е поспособен од тебе и ќе суди за тебе и твоите дела...
Ти си праша, а ја ти одговорив, пошто тој што е над мене и што суди, неќе да зборува со тебе.
 
Ти си праша, а ја ти одговорив, пошто тој што е над мене и што суди, неќе да зборува со тебе.
Знам знам... :) Добро одговори, но ништо од тоа не направи... така и јас можам :)
 
Зошто на форумов не се среќаваат такви христијани, кои нема да судат и ќе го вртат другиот образ, смирени... туку христијани кои ревносно по секоја цена се докажуваат со другите (а и меѓу себе, бидејќи нели има различни цркви кои ја држат „вистината“) за „точноста“ на нивната вера и валидноста на нивните морални, етички и природни закони?

Чика Алистер Кроули кого го следите и му се дивите сака да ги џитне сите христијани на лавоите. Зошто смирените христијани би се впуштале во бесцелни муабети со такви како тебе? ;)
 
Чика Алистер Кроули кого го следите и му се дивите сака да ги џитне сите христијани на лавоите. Зошто смирените христијани би се впуштале во бесцелни муабети со такви како тебе? ;)
Види Перо:
Зошто на форумов не се среќаваат такви христијани, кои нема да судат и ќе го вртат другиот образ, смирени... туку христијани кои ревносно по секоја цена се докажуваат со другите (а и меѓу себе, бидејќи нели има различни цркви кои ја држат „вистината“) за „точноста“ на нивната вера и валидноста на нивните морални, етички и природни закони?

Па ете и јас прашував тоа ЗОШТО нема такви? Не само со такви како мене, туку со било кој... се „јадат“ дури меѓусебно (различни цркви) :) Изгледа има логика ова „раздели па владеј“ :) Што велиш ти?

П.С. Има и други што сакале, сакаат и ќе сакаат да го направат тоа што чика АЛ го сакал :)
 
Види Перо:

Па ете и јас прашував тоа ЗОШТО нема такви? Не само со такви како мене, туку со било кој... се „јадат“ дури меѓусебно (различни цркви) :) Изгледа има логика ова „раздели па владеј“ :) Што велиш ти?

Шо знам, хептанон. Те разбирам, се осеќаш запоставено...галиба не си им интересен ниту релевантен. :)
 
Шо знам, хептанон. Те разбирам, се осеќаш запоставено...галиба не си им интересен ниту релевантен. :)
Се си бидува... може и да се плашат од одговори и следни прашања... можеби сум им небитен... можеби гревови ги стасале па сега отплаќаат... можеби имаат тешки искушенија затворени по манастири (но слушам и таму нет имало) :)

Не велам не на твојата констатација :)
Рисјани се, и се е можно! :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom