Стрип книжарница „Бункер“ во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.448
Поени од реакции
8.644
Возраст
34
Стрип книжарава се отови пред една недела и има засега понуда само од балканските стрип издавачи .Се наоѓа позади Рамстор за подобро видете на сликатаза да не ја утнете стрипарницава
dx9B.jpg


Прва стрип книжарница во Македонија
За почеток, книжарницата ќе се занимава со продажба и со дистрибуција, а цените се движат од 120 до 3.000 денари за стрип. Во иднина ќе работи и стрип антикварница

"Бункер" е името на првата стрип книжарница во Македонија, која почнува да работи од денес во центарот на Скопје. Името, како што објаснува сопственикот Владимир Битољану, симболично значи дека стрипот како уметност треба од бункер да излезе кај нас, но доаѓа и од уметничкото име на авторот на еден од најпознатите стрипови "Алан Форд" Макс Бункер.

За почеток, книжарницата ќе се занимава со продажба и со дистрибуција, а цените се движат од 120 до 3.000 денари. Цел август ќе има 10 отсто попуст. Имаат 600 -700 различни изданија, а вкупната бројка на примероци е 4- 5.000 стрипови.

"Стрипот веќе секаде е признат како деветта уметност. Јас сум голем љубител на стрипови, од шестгодишна возраст секој џепарлак го трошев на нив. По примерот на сите поголеми градови во поранешна Југославија кои имаат стрип книжарници, сега и Скопје ќе добие таков простор. Обезбедени се голем број изданија, целта ми е да се шири што повеќе тој стрип асортиман. Ќе видиме што ќе каже пазарот, сметаме дека има публика, според реакциите, луѓето се воодушевени", вели Битољану.

Набавени се изданија од Србија и од Хрватска, а Битољану ги повикува за соработка македонските стрип автори и издавачи, иако смета дека македонското издаваштво во стрипот малку каска и не се организирани како што треба.

"Целта ни е во Македонија да се популаризира стрип сцената. Поранешна Југославија имаше голем пазар на стрипови, во '80-тите на 20 век беше меѓу првите пет земји во Европа во стрип издаваштво. Стрип пазарот минатата година тежел 400 милиони евра, во САД и во Јапонија уште повеќе", истакнува тој .

Потсетува дека во Велес постои стрип центар, кој е финансиран од државата, со кој, исто така, ќе соработуваат.

"Во иднина ќе направиме стрип антикварница, иако тоа е посложен процес. Треба да најдеме луѓе што продаваат, а голем број колекционери претежно купуваат преку Интернет и аукциски сајтови. Стрипофилите мака мачат да најдат и стари и нови броеви. Стари добро зачувани броеви добиваат многу добри цени. На пример, еден "Загор" од почетокот на серијалот, може да достигне од 500, 600, па и 700 евра на аукција", ни рече Битољану.

Најавува стрипови од сите релевантни издавачи од територијата на поранешна Југославија, стрипови на англиски јазик, веб страница и онлјан трговија.

bunker-strip-knizara-2011-0294.jpg

bunker-strip-knizara-2011-0298.jpg

bunker-strip-knizara-2011-0297.jpg

bunker-strip-knizara-2011-0296.jpg

bunker-strip-knizara-2011-0295.jpg
 
Има шанси за јапонска манга?

Засега работат со стрипови како Загор ,Дилан Дог и друго што е издадено на балканов

а за манга незнам дали имаат во план,засега може манга да читаш на manganacija.com имаш преведен манга стрип на македонски
 
Убаво средено место,нема што.А тоа со странски изданија и се друго ќе си дојде на место,само без форсирање.
--- надополнето: Aug 15, 2011 7:28 PM ---
Има шанси за јапонска манга?

Штом има понуди од Фибра има и манга.Додуша само една-Врвот на боговите.Сите чаптери се преведени и издадени,со читање од десно кон лево и висок квалитет.
 
Има шанси за јапонска манга?
Се надевам дека овој пат ќе бидеме поштедени од јапанскиот (манга) и американскиот (ди-си, марвел) кич.
Али пошто глеам дека го поштуваат италијанскиот кич, вероватно ќе ги има и другиве.
 
По сликава, ова е пред (спроти) Рамстор, не позади? Или лошо гледам. :)
Него супер, баш ова фалеше... само уште да се донесат наслови и вон балканот и уште посупер ќе биде. Ќе им идам некој од следните денови баш да видам што нудат и како им се движат цените.
 
ТУКА имате подетални информации од стрип читачи кој редовно ја посетуваат стрип книжарата па они може да ве насочат на добар стрип ако веќе се одлучите да купувате од Бункер
 
По сликава, ова е пред (спроти) Рамстор, не позади? Или лошо гледам. :)
Точно. Добро гледаш. Лошо има објаснето OP-от најверојатно затоа што има лоша претстава за рамстор :)
 
Се надевам дека овој пат ќе бидеме поштедени од јапанскиот (манга) и американскиот (ди-си, марвел) кич.
Али пошто глеам дека го поштуваат италијанскиот кич, вероватно ќе ги има и другиве.
Зашо да нема манга?
 
Се надевам дека овој пат ќе бидеме поштедени од јапанскиот (манга) и американскиот (ди-си, марвел) кич.
Али пошто глеам дека го поштуваат италијанскиот кич, вероватно ќе ги има и другиве.

Сакаш само белгиско-француски кич?
 
Не знам на што конкретно мислиш, ама таа школа има малку кич (ова не е субјективен став).

Не беше поентата да кажам кич али гледам сакаш најмногу од таа школа. Тин-Тин, Астерикс, Лаки Лук...
 
Не беше поентата да кажам кич али гледам сакаш најмногу од таа школа. Тин-Тин, Астерикс, Лаки Лук...
Па, во принцип сакам и такви стрипови.
Кога зборам за бел/фр ја го иам на ум Блубери или Торгал, иако сите ги имаат гореспоменатите најпрво пред очи.
Во главно, сум љубител на европската школа но и на некои американски артисти.

У ствари само ме нервира манга, ди-си и марвел (и дарк хорс повремено)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom