Ернесто ЧЕ Гевара
Hasta La Victoria Siempre
- Член од
- 21 јуни 2010
- Мислења
- 14.710
- Поени од реакции
- 22.849
Добро тебе те гледам нон-стоп, повеќе ја мразиш Барселона одошто навиваш за Јунајтед изгледа. Не ти прилега на ник-нејмот, али нема врска тоа.Ако е легенда како што го прават некои поединци на форумов и поштува тоа што Арсенал го направи за него нормално дека би одбил ама не е таков случајот
Да претставиме ваква ситуација. Роден си во Манчестер, се запишуваш во школата на Ман Јунајтед уште како мал, на 10 години и таму тренираш повеќе од 5 години, за цело тоа време стекнуваш пријатели, со кои си неразделен, играте заедно на теренот, уште повеќе сте заедно надвор од теренот. И осеќаш дека конкуренцијата во твојот клуб е преголема, дека ќе биде енормно тешко да се пробиеш и ти заминуваш некаде во сосема друга држава, еве на пример одиш во Милан. Таму добиваш шанса, заигруваш и во прв тим, играш добро, добиваш доверба кон тренерот и тој те игра се почесто. Ти му враќаш на довербата со добри игри и навивачите исто така те сакаат. Клубот во кој играш е добар, силен, ама некако не успева да освои титула. Тренерот ти ветува дека ќе освоиш титула наредната сезона, да не згрешиш и да си заминеш. Ти го слушаш. И тоа се повторува неколку пати. Ти веќе не си младото дете, стануваш вистински лидер на тимот, меѓутоа нешто во клубот не чини, никако да освоиш титула, веќе е залудно, даваш последна шанса, ако биде нешто остануваш, ако не, ќе размислиш за друг чекор, заминување во клуб каде што ќе освоиш титула. И во таа последна шанса, стигнуваш до финале, каде што изгубуваш на нај несреќен начин, се чувствуваш како да си проколнат и никогаш нема да освоиш титула таму. Да не заборавиме, минатата сезона си отпаднал од ЛШ од Манчестер, од твојот клуб. Оваа сезона, повторно играш против твојот матичен клуб. И повторно отпаѓаш, во домашното првенство немаш шанси. Значи и последната шанса не чини, ти како лидер на тимот не успеа да го донесеш до ниедна титула. Мора да одиш некаде каде што ќе можеш да го направиш тоа. И замисли, клубот кој е најмногу заинтересиран за тебе е твојот матичен клуб. Тоа е клубот за кој навиваш уште од кога знаеш за тебе, клубот кој си одел на стадион како мал да гледаш како игра, да го бодриш. Таму денеска како првотимци играат твоите најдобри пријатели, луѓето со кои делеше се, со кои беше заедно по цел ден. Сите, буквално сите сакаат да се вратиш таму, кај нив. И тој клуб е моментално на врвот и освојува титули.
Може уште да се пишува, ама отидовме оф топик. Ако го прочиташ ова, кажи ми дали ти не би го направил истото?