Дали на почетокот во Градината на нашите сеуште бесмртни прародители им било "овозможено" да се размножуваат, да имаат односи, да чувствуваат одредени емоции, чувства како страв, љубов, страст, посакување, желба? .
Не.
Сето ова кое го набројуваш, претавуваат особини од отпаднатата човекова природа. Пред гревот, Адам и Ева навистина имале заповед да се „плодат и множат„, но не на начин кој е приордно познат, туку на некој руг начин. Кој е тој начин, знае само Бог, а претпоставка дка Адам и Ева би се множеле во рајски услови, не со телесен контак, туку од желба за создавање нови човекови битија, аналогно на Божјата промисла за создвање човек, но не со телсен контакт.
Постанокот никаде не вели дека Адам ја „познал„ Ева во Рајот, туку Постанокот ни вели дека Адам ја познал Ева после нивното истерувањ од Рајот, откако нашите прародители стнале огревовени и смртни.
Дека имале емоции, имале, несомено, оти емотивноста е особина о чоековат душа, но немале похоти и страсти, кои се својствени само денешните луѓе.
--- надополнето: Aug 13, 2011 10:15 AM ---
Едино пишува дека кај нив било неразвиено чувството на срам.
quote]
.
Да, навистина немале срам, а и немале од што да се срамат, оти сеуште беа безгрешни. Срамот е последица од гревот и од острастеноста
--- надополнето: Aug 13, 2011 10:19 AM ---
Ако Креаторот ги створил мажот и жената со репродуктивни органи, дали нивната функција се однесува и на репродукција.
Да, оти Бог предвидел дека Адам и Ева ќе отпаднат од Негова близина и дека Он ќе ги избрка од Рајот, па затоа им одредил и репродиктивни органи, преку кои Адам и Ева, со раѓање синови и ќерки, ќе го проджат битисувањето на родот човечки надвор од Рајот, откако Адам и Ева станаа смртни.
--- надополнето: Aug 13, 2011 10:25 AM ---
. Ако ги створил со спротивен пол како маж и жена, дали постоеле меѓусебни емоции и емоции во однос на околината (каква и да била). Сепак, иако бесмртни, биле само луѓе.
Да, имале емотивност. Оците велат дека иако Ева згреши, а не Адам, Адам сепак ја прифаќа Евината грешка како своја грешка, затоа што Адам ја сакал Ева.
Околината, т.е. Едемската градина, била совршено месо за живеење, во која Адам е внесен, отако е (Адам) од Бога створен. Самиот израз „Едем„ има персиско потекло и значи „богатство, изобилство, уживање„. Значи, Адам имал комфорни услови за живот, со се што му било потрено.
--- надополнето: Aug 13, 2011 10:31 AM ---
Е сега уште само да ни објасниш како тоа едно ребро со cca 500 грама станало жена од шеесетина килограми?
За луѓето тоа не е можно, но за Бога, се е можно. Ако Бог може се да свори од ништо, ондак Нему не Му е проблем, од едно ребро да обликува жена. Но, не е работата само во тоа дека Ева е обликувана од ребро, иако Бог можел да ја обликува Ева од било што друго, туку логиката е во тоа што, обликувајќи ја Ева како дел од плотта Адамова, Бог на Адама му доделува другар, кој по природа е сличен на него самиот. Така, Адам можел да ја сака Ева чисто и неострасено, да живее со Ева во личносна релација, својтствена само за разумните битија, оти Ева е пракично дел Адамов а не „нешто„ кое би било туѓо за Адама.