Фалаган е разликата на вчерашниот натпревар..... Доколку Џонсон беше фит, друга песна ке се пееше на Ливерпул.
Што се однесува за играта „ритни ја високо, мора да падне“ не ми се свига ама ич...... но тоа мораше да се случи.
Бункерот на Сандерленд последните 15 минути не дозволуваше никаква игра, башка на тоа кога ке додадеш константното дуплирање на таа бековска позиција кај Фланаган од најмалку 3 играчи (Хендерсон, Даунинг, Кајт) тогаш работите и не се толку баш лоши.
Мора да се знае дека во составот имавме 4 играчи кои за првпат играа заедно....
Мора да се знае дека и ова се првите 45 минути + игра во тандем на Суарез и Керол!
Што се однесува со Лукас....
Никој не го одрекува фактот дека дечкото работи без топка одлично.... НО... работата е во тоа што при фантастични играчи на средина како Адам, Даунинг, Кајт, Хендерсон, Мираљес, Аква.... ние МОРА да имаме креативност.
Таа креативност неможе да се бара од Лукас кој сеуште има леб за јадење за да се каже да добро работи со топка.
Со оглед на тоа што ги имаме сите овие играчи во тимот... Ливерпул мора да разбива на средината.
Во наредните денови...тс. до 20 август очекувам (МОРА) да се донесе Штопер.
Агер сега за сега ми изгледа ФИТ но ако се земе фактот дека од кога е дојден во Ливерпул нема континуитет на утакмици повеке од 4 тогаш е веке загрижувачки лошо да се знае дека се има Гејот на клупа кого мора да се признае дека колената ама ИЧ не го држат и дека го претрчуваат ко фиче према ферари.
Кога на сето воа ке се додаде дека Карагер мора да има до себе помлад играч кој ке го покрива за да не се случи она вчерашното каде го уби Гијан на средина до теренот приморан поради тоа што беше последен.... мора да се има брз штопер до него.... брз како Агер!
Да не заборавам да споменам.... присуството на Адам ми дава сигурност како кога го имавме Алонсо на теренот.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Присуството на Даунинг на теренот ми дава сигурност како кога го имавме Луис Гарсија на теренот.
Со овие засилувања Ливерпул сигурно се врака на победничките патеки ... проблемот е само дали ке истраеме во тоа?
За крај.... формацијата која сакам да ја гедам е:
Реина
Џонсон...........Карагер.........Агер............:Енрике
Аква...........Адам
Кајт................................Даунинг
Суарез
Керол
Не смееме да си дозволиме Суарез да биде единствен и исфрлен без никого напред .... тој мора да се врака назад и да влегува помегу Кајт и Даунинг....
YNWA Момци..... имајте доверба....... само не му верувајте на Фланаган... он е на шекерче во екипата!
![Пукам од смеа! :ROFLMAO: :ROFLMAO:](/styles/default/xenforo/smilies/roflmao.png)
--- надополнето: Aug 14, 2011 9:51 AM ---
Ае малце да се позанимаваме со статистка......
Погледнете ја статистиката на Фланаган..... и ке видите што знаши да се има изгубен бек во екипата!