Што ви недостига од детството?

  • Креатор на темата Креатор на темата Buci
  • Време на започнување Време на започнување
I wish I could go back to the days where all I really had to worry about was the monster under the bed
целоооото детство, игрите со децата од маалото, тв сериите, се се се :)
 
Безгрижноста пред се! Ми фалат моментите кога не ми беше грижа за ништо друго освен да не ме плукнат на миженка.:( Ми фалат деновите кога не се забележуваше кој колку пари има и каква кола има и каква куќа има и каде ќе оди на одмор и се понатаму... :unsure:
 
Што ми недостига ? Хмм...
Освен што ми фали нормален и точен , непореметен биолошки часовник , вистинското прашање би било (барем за мене) : Што не ти треба денес , а си го немал и во детството но сепак ти било супер??
Одговор: Не ми треба зависноста од цигари денес која тогаш ја немав , не ми треба Фејсбук , не ми треба "македончето" вакво какво што е денес и целата ситуација=Македонија во која живеам и etc.
Сепак , нема назад , шоуто мора да продолжи , а јас , не се предавам!

 
Кога бевме деца постарите ни викаа дека се би дале да се на наше место а тоа ние не го разбиравме и сакавме брзо да пораснеме.. сега сваќам колку тоа било бесценето и важно, и ја сваќам длабочината на тие зборови кој некогаш не ги разбирав. Убавото детство со безгрижни мисли.. нема нешто што не ми недостига, дружењето со другарите, игрите криенка, индијанци и каубојци, серва, качувањето по гаражи и крадењето сливи.. и излупаните колена :D Најубавиот дел од животот на секој човек...
 
Се знае што ми недостига играњето мафијаши со пиштоли на дијаболи, правењето бункери,крадењето кајсиите, кршењето играчки,
буткањето канти, бркањето на комшиите, погребувањето мртви кучиња, буткањето на гнезда од птици, скокањето по гаражи и лигавењето, влегувањето во проблеми исто така и ми недостига денот кога му ја скршив главата на мојот другар, тропањето со железо и изгравањето тапанари исто така и ми недостига денот кога во осмолетката секој втор ден одев кај директорот на сокче, и ми фалат дрифтовите со велосипедот и последното што ми недостига е влегувањето дома од балконот :D
 
Ми фалат многу работи од детството.Тогаш еднствен пробелем ми беше како да ги облечам барбиките или да не ме плукнат во криенка.Ми фалат вечерите со моите кога се врткав низ кујната сакајќи да им помогнам а уствари им одмагав :) Ми фали тоа што бев безгрижно детенце.Крадењето на јаболки од дворот на комшијата....Па дури и раскрвавените коленца ми фалат :( :)
 
Ми недостигаат игрите во маало , аххх само кога ќе ми текне колку се дружевме сите, си седевме пред зграда , па разменувавме сликички од животни ( што се паѓаат во чоколадото животинско царство) и ги лепевме во албум, си разменувавме салфетки во разни шари

Тууууууууууу, колку убави и мирни времиња беа тоа

За жал денешнава младина не знае да ужива во детството, туку се заробила дома пред компјутер ко јадење да им даваат од феjсбук и се поарогнатни и поагресивни млади наоколу :(
 
ми недостигаат многу работи од деството.. малскиот фудбал 10 9 жуто дупе жмирка граница план... ми недостига играњето на ќар со сликици, возењето точак со што поголема брзина грицкање сончоглед и детските муабети... Ахххх сега и јас сваќам зашто старите викаат да ти ги имам годините да ти го немам паметот
 
detskite igri bezgriznosta, drugarkite, fantaziraneto so drugarkite, smeata nasa odenjeto vo selo tamu da se setam po livadi i da sobiram sumski jagodi i mnogu raboti no ete vremeto pominuva i seto toa go nema.
 
Се знае што ми недостига играњето мафијаши со пиштоли на дијаболи, правењето бункери,крадењето кајсиите, кршењето играчки,
буткањето канти, бркањето на комшиите, погребувањето мртви кучиња, буткањето на гнезда од птици, скокањето по гаражи и лигавењето, влегувањето во проблеми исто така и ми недостига денот кога му ја скршив главата на мојот другар, тропањето со железо и изгравањето тапанари исто така и ми недостига денот кога во осмолетката секој втор ден одев кај директорот на сокче, и ми фалат дрифтовите со велосипедот и последното што ми недостига е влегувањето дома од балконот :D
покрај горенаведеното се потсетив на ова:pos:
и до ден денес има еден зачувано :)
еееееееех- лууууди времиња беа

3714020.jpg
 
Безгрижноста! (Сега не можам на раат да сум од толку обврски)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom