Протест против смена на името - Плоштад Македонија, 8 септември 12:00 ч.

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Голема поддршка за протестот,фалеше нешто вакво за заспаниве наши луѓе кој што серкаат по форуми,а во живо да се појават ги нема никаде.
Требаше пред доста време едно вакво будење да се направи,но подобро малку подоцна отколку никогаш.
Секако присуствувам на протестот па би ги замолил партиските војничиња и ОВЦИ во иднина да не ја серат темава со безпотребни коментари.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Протестот мора да биде регистриран. Не може да се заобиколи процедурата бидејќи не станува за спонтано собирање на луѓе туку некој јавно повикува на протести.

За да се излезе наспроти сите сомневања и обвинувања ова мора да се направи.

Протестите ги поддржувам без резерва, мислам дека треба циклично да се организираат во континуитет за да не се заборави и отупи народов. Меѓутоа замарање со постојани протести организирани од некои деца предизвикува само негативна реакција, не знаат како да се организираат и доаѓа до компромитација.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Веста пренесена и од Нова Македонија:

На социјалната мрежа Фејсбук се организира протест, кој, според најавата, би требало да се одржи на Денот на независноста на плоштадот „Македонија“



На 8 Септември
„Против какви било промени на името“, „Прекин на преговорите“!

Овие пароли е можно да ги дочекаат политичарите што на 8 септември планираат на плоштадот „Македонија“ да ги промовираат и отворат објектите поврзани со проектот „Скопје 2014“, од кои најмногу внимание се очекува да предизвика Александар Македонски официјално наречен „Воин на коњ“.

На социјалната мрежа Фејсбук деновиве се организира протест против промената на уставното име, кој, според најавата, би требало да се одржи токму на 8 септември, од 12 до 17 часот на главниот плоштад. За тоа кој ја создал групата нема ништо конкретно туку пишува „Мак едонци“, но истиот текст за протестот е поставен и на блогот њњњ.и-мацедониан.блогспот.цом, зад кој стојат луѓе што досега имаат преземено повеќе акции за т.н. „дефиромизација“ на нашето име на странски владини страници и на други интернет-сајтови.

„На Денот на независноста на нашата Македонија, со протест за заштита на името на оваа држава да излеземе да ги потсетиме дека пред можен референдум за името ние сме против какви било промени“, пишува во описот на групата.
„Кога неправдата станува закон, отпорот станува должност“, наведуваат организаторите на протестот, порачувајќи дека доколку вистински се сакала земјата, време било да се обединиме и да не дозволиме да нé обезличат и, како што пишуваат, да нé распарчат на милион безимени парчиња.

„Ова е протест за заштита на името на оваа држава за која гинеа нашите предци. Протест за прекин на преговорите за обезличување. Протест за заштита на правата за национална јазична и културна самоидентификација гарантирани од меѓународната конвенција за човекови права на Обединетите нации, меѓународната конвенција за човекови права на Европската Унија и многу други меѓународни договори и организации што го бранат основното човеково право на дигнитет и достоинство“, пишува на фејсбук-групата.

До вчера во Министерството за внатрешни работи организаторите го немаа пријавено протестот. Оттаму велат дека тоа може да се стори најдоцна 48 часа пред неговото оддржување. Објаснуваат дека, без разлика што во тој период, според досегашните најави, на плоштадот може да биде присутен и државниот врв по повод одбележувањето на независноста, протестот не може да биде спречен.

Законот за јавни собири не го обврзува организаторот да го извести МВР за одржувањето на собирот. Имено, во него се вели дека организаторот „може да го извести“, што се толкува како необврзувачки, но доколку не го стори тоа, тогаш одговорноста на организаторот при евентуални инциденти ќе биде поголема.

Автор: Ф.Д.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81211722175&id=9&&prilog=0setIzdanie=22354
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
Во периодот од 23 Август па се до 8 Септември на плоштад Македонија ќе организираме штанд на кој на посебни формулари секој од вас ќе може да го даде својот потпис против промена на името и за почитување на правото за национална јазична и културна самоидентификација. Вашите потписи потоа ќе бидат нотирани и пратени до Владата на РМ, Претседателот на РМ, Собрание на РМ, Евромисијата во Скопје, Амбасадата на САД, и грчката канцеларија за врски во Скопје.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Поддршка за инцијативата.

Ширете насекаде, и се разбира - сите на собирот.

Само да напоменам како модератор на овој форум дека секој еден и малку сеирџиски пост на темава ве води во перманентен бан.

.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.481
Поени од реакции
9.216
Поддршка за инцијативата.

Ширете насекаде, и се разбира - сите на собирот.

Само да напоменам како модератор на овој форум дека секој еден и малку сеирџиски пост на темава ве води во перманентен бан.

.
baniraj gi i tie sto trujat celo vreme isto pa isto, ako nekoj nema namera da go podrzi protestot neka si se izjasni nikoj ne mu preci ama ne mora da se ligvi 24/7 na temata, nikoj ne go vika so sila, ako ne pomagaat ne mora da odmagaat.
 
Член од
18 јули 2011
Мислења
13
Поени од реакции
16
Друже знам дека ти го објави протестот на пела 2008 на кајгана,не знам колкава улога си имал во организацијата на тој протест,но можно ли е Тони,Миленко ... да бидат известени за протестов,и повторно да излезат на сцена,и дали е можно да се организира бесплатен превоз како и во 2008 до Скопје од поголемите градови.И на крај една идеа,не ли е подобро протестот да биде во покасно,да речеме со почеток од 16 часот за да има поголема присутност од другите градови,протестот на пела беше со почеток во 19 часот.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Предлог за парола од мене,делче од една македонска песна...

Името наше сега и за навек е МАКЕДОНИЈА !!
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Во периодот од 23 Август па се до 8 Септември на плоштад Македонија ќе организираме штанд на кој на посебни формулари секој од вас ќе може да го даде својот потпис против промена на името и за почитување на правото за национална јазична и културна самоидентификација. Вашите потписи потоа ќе бидат нотирани и пратени до Владата на РМ, Претседателот на РМ, Собрание на РМ, Евромисијата во Скопје, Амбасадата на САД, и грчката канцеларија за врски во Скопје.
Браво што се трудите толку, би било одлично потписите да се пратат и до европските институции. Нека дознаат и тие дека овде има горд народ што е Македонец ! :)
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Друже знам дека ти го објави протестот на пела 2008 на кајгана,не знам колкава улога си имал во организацијата на тој протест,но можно ли е Тони,Миленко ... да бидат известени за протестов,и повторно да излезат на сцена,и дали е можно да се организира бесплатен превоз како и во 2008 до Скопје од поголемите градови.И на крај една идеа,не ли е подобро протестот да биде во покасно,да речеме со почеток од 16 часот за да има поголема присутност од другите градови,протестот на пела беше со почеток во 19 часот.
за болдот се согласувам. кога би имал некој организиран превоз и од поголемите градови сигурно би се собрале дупло повеќе него ли само од скопје. исто така и за терминот - 8 септември се паѓа во четврток и е неработен ден како и да е ама мислам дека малку е рано 12 часот. да бидеме реални и искрено знаеме колку од нас младиве спијат до 3/4 и искрено многу ке ми биде мило и стари и млади сите на едно место да се собереме и еднаш конечно да направиме асален протест како што долукува со една поголема толпа на луѓе а не 20 30 души ко изгубени како што спомна ејсид погоре. целосна подршка од мене за протестот и еве јас давам збор во колку и да биде дали 12 попладне дали 19 апсолутно ке присуствувам + ке се потрудам да најдам некое знаме (старо).
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
На Денот на независноста - протест за името




Зад идејата за протест на Денот на независноста стојат повеќе луѓе што се нашле на Интернет




Страницата на социјалната мрежа Фејсбук именувана „Македонци“ е местото каде што се родила идејата Денот на независноста да се одбележи со протест против промена на името. Александар Стеванов, еден од вклучените во организацијата на протестот, вели дека зад идејата не стои еден човек туку спонтана колективна потреба.
- Се одлучивме за 8 септември бидејќи е Ден на независноста, 20 години откако Македонците покажаа дека сакаат да живеат во сопствена држава со име Македонија, како што и гласеше прашањето во референдумот - објаснува Стеванов.

Деновиве групата забрзано се подготвува на плоштадот „Македонија“ од 12 до 17 часот да протестира против промената на името. Бројот на оние што го потврдиле присуството постојано се зголемува, а организаторите, именувани исто како и страницата „Македонци“, најавуваат дека на ден пред одржувањето планираат да поделат и летоци по факултети, студентски домови, средни училишта или, како што велат, да го „преплавиме Скопје со флаери“.

- Ова е протест за заштита на името на оваа држава, за која гинеа нашите предци. Протест за прекин на преговорите за обезличување. Протест за заштита на правата за национална јазична и културна самоидентификација, гарантирани од меѓународната конвенција за човекови права на Обединетите нации, меѓународната конвенција за човекови права на ЕУ и многу други меѓународни договори и организации, кои го бранат основното човеково право на дигнитет и достоинство - пишуваат организаторите.

Сето ова лично од нив би можел да го чуе и највисокиот државен врв, кој, според најавите, на Денот на независноста ќе ги промовира објектите од проектот „Скопје 2014“, од кој најголемиот, споменикот „Воин на коњ“, се наоѓа токму на локацијата на закажаниот протест - градскиот плоштад. Споменикот, кој деновиве го добива својот конечен изглед со поставувањето на војниците и на лавовите, веќе предизвика експресни реакции од официјална Атина, која во тоа препозна неконструктивност од Скопје.

Преговорите за името во ООН, пак, се чини се замрзнати подолг период, а последната средба со посредникот Метју Нимиц се одржа пред половина година.

Не може да се каже дека во Македонија транспарентноста ни е доблест, одговора Стеванов на прашањето зошто во ваква атмосфера во која нема најава за никаков прогрес паднала одлуката за протести.

- Ако се планира промена на име, референдум за промена на име што е особено сензитивно прашање, тоа не верувам дека ќе им се соопшти на граѓаните долго пред фактички да се случи, а тогаш ќе биде доцна и за да се спречи ќе треба повеќе од протест. Протести за името нема веќе цела година, па време е сите да се потсетат и во Македонија и надвор од неа - вели Стеванов.

Светскиот македонски конгрес во летото 2009 година организира протест во периодот кога тогашниот еврокомесар за проширување Оли Рен беше во официјална посета барајќи од него да го запре „грчкиот геноцид“. Следната година испровоцирани од грчката крајбрежна стража, која извикуваше „вие сте Скопјани, од вашата кожа ќе направиме облека“, пред грчкиот конзулат се одржа протест под мотото „СТОП на грчкиот фашизам“. Но овие два протести немаа масовност за разлика од оној што се одржа во февруари 2008 година, непосредно пред самитот на НАТО во Букурешт на кој Македонија не стана членка поради грчката блокада.





Автор: Фросина Димеска

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8161174175&id=9&prilog=0&setIzdanie=22357
 
S

Shaman

Гостин
Што го замарате човекот со глупости од типот „Дали е литературно напишано...„
И онака на балканов има само еден јазик - Македонскиот, а се останато се само негови дијалекти...
Како и да пишува пак на крај коренот му е Македонски :)

Поддршка за иницијативата 200%.
Доаѓам со 15-20 луѓе сигурно.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Друже знам дека ти го објави протестот на пела 2008 на кајгана,не знам колкава улога си имал во организацијата на тој протест,но можно ли е Тони,Миленко ... да бидат известени за протестов,и повторно да излезат на сцена,и дали е можно да се организира бесплатен превоз како и во 2008 до Скопје од поголемите градови.И на крај една идеа,не ли е подобро протестот да биде во покасно,да речеме со почеток од 16 часот за да има поголема присутност од другите градови,протестот на пела беше со почеток во 19 часот.
em na proslava em na protest- vazhno ke imate bespaten prevoz
За граѓаните од внатрешноста што ќе сакаат да присуствуваат на прославата, ќе биде обезбеден бесплатен превоз.
http://forum.kajgana.com/threads/Спектакуларна-прослава-по-повод-20-години-од-независноста.53218/#post-4334848
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Една работа не ми е јасна како ќе се организира протестот кога ќе има истовремено прослава. Нели е доволно да се соберат 200 илјади народ со знамиња во рацете кои јасно и недвосмислено ќе пратат порака кој сме и што сме. Многу е попродуктивно да се биде сплотен на тој ден и сите заедно да славиме и да пратиме порака одколку да се организират паралелни прослави , протести , примедби , жалби и поплаки.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Подршка за протестов. Доколку навистина има ваков ќе присуствувам :cuc:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom