Primera División 2011/12

Кој ќе биде шампион во сезоната 2011-12 во Примера Дивизион?

  • Вкупно гласачи
    123
  • Гласањето е завршено на .
Вака сеа, според мене Педро е еден од најпреценетите играчи. А тука некаде е и Бускец, али ај него настрана го оставам...

Знам дека токму Педро беше тој што имаше дадено голови на сите 6 натправарувања, али тоа и не е некој доказ дека е јак играч. Каталонски производ е, вклопен во тимот, тоа му ја прави работата многу полесна. Многу полесно му е нему да игра во таков тим, него Санчез во Удинезе и Чиле.

И Педро никогаш не ме импресионирал индивидуално, за разлика од Санчез. Можеби го хејтам првиот и заради глумата, па затоа го сметам за просечен играч, не викам не, може да е и тоа еден од факорите.

Али ај, сеа играат во ист тим, полесно ќе биде да се спореди, па ќе видиме... :)
 
Гледајте го малку Педро бе, што тој има што го немам јас. :D Реално не поседува ни техника ни брзина ни завршница да се издвојува од останатите. Неговата најголема предност е што знае да ја додаде топката на прва до првиот играч до себе, го нема он тој фактор да сам тргне напред како Меси, или Чави и Иниеста кои даваат милиметарски точни пасеви... Има тој техника, но тоа што го има не го прави подобар од никој играч на неговата позиција од големите клубови, исто и за завршница и брзина..

Да не ме сватите погрешно, со сигурност тврдам дека Роналдо не би можел да допринесе толку во играта на Барселона како што тоа го прави Педро. Но тоа не го прави Педро подобар играч од Роналдо, напротив Роналдо е 5 пати подобар играч од него затоа што има подобри индивидуални квалитети.. Се додека во светот играат играчи како Роналдо, Меси (овие може секаде да играат), Нани, Робен, Рибери, Ди Мариа, Валенсија, Агуеро, Пато, Тевез и уште неколку кои играат иста или слична позиција како Педро, залудно е да се зборува дека Педро е еден од најдобрите на таа позиција..
 
Се сложувам за Педро,со нивна школа со просек играч си ја потполнуваат позицијата најдобро што може.Ова е за пофалба.А за Бускетс мало морген,Бускетс е феноменален(не за глумење:D)еден од најдобрите ДМ,а и Дел Боске за џабе не го играше поред Алонсо и беше клучен на СП.
 
Педро не поседувал завршница :pos: :pos: :pos:
 
ни брзина ни завршница .

манга не заебавај ..тебе те сметам за еден од пообјективните и пореалните членови ама ваква глупост не можи ни екстрим да напиши...најдобрите карактеристики на Педро се овие, а ти ги потенцираш како негови слаби точки!
 
Педро не поседувал завршница :pos: :pos: :pos:

А, ти да се научиш како се пишува и да научиш што е тоа култура ? Прва опомена од Модератор на 3та бан. Реално не поседува ни техника ни брзина ни завршница да се издвојува од останатите.

Еве и ви го зголемив па се надевам дека и без наочари ќе го видете. На тоа изгледа не обрнавте внимание, туку го гледате само она што ви оди вас во прилог. Има тој завршница но таа завршница не го прави подобар играч од никој крилен играч од големите клубови, исто и за техниката и брзината.

По индивидуалните карактеристики Педро комотно може да се споредува со Каљехон од кај нас. Ниту еден атрибут не го прави Педро посупериорен од Каљехон. Проблемот е во тоа што Барса нема јаки индивидуалци туку има премногу јак тим. --- надополнето: Aug 12, 2011 8:23 PM ---
манга не заебавај ..тебе те сметам за еден од пообјективните и пореалните членови ама ваква глупост не можи ни екстрим да напиши...најдобрите карактеристики на Педро се овие, а ти ги потенцираш како негови слаби точки!

И ти исто прочитај си погоре.
 
Па има подобра завршница од 90% крилни играчи што ги напиша погоре(не ги гледај Агуеро, Пато и Тевез, затоа што се напаѓачи, а не крилни играчи).
Две сезони по ред, како е првотимец, има дадено над 20 гола. А да не збориме каква конкуренција има во давање голови, покрај Меси и Виља.
Ама добро, знаеме, лесно е да се игра за Барселона и секој од вас/нас би бил добар фудбалер покрај Чави, Иниеста, Меси...
 
Точно така, и ја би бил ѕвер да ги иам тие покрај мене.

Има добра завршница не викам не, 20 гола и ја ќе дадам така да ми ги местат, ај да бараме соло акции од Педро и од тие играчи што ги набројав да видиме колку ќе има Педро колку овие другите. Сите тие играчи може на грб да го носат цел тим и со една соло акција да го решат натпреварот кога на останатите не им оди, ама за жал Педро тоа не го може. И кога нема кој друг да игра како може да не биде првотимец 2 сезони, нормално дека ќе биде кога, како што кажав перфектно е вклопен во мозаикот на Гвардиола, ја никаде не ги оспорив неговите тимски квалитети што ги поседува, туку дека индивидуално е многу послаб од тие крилни играчи што ги набројав погоре.
 
Можда нема шанси да помине 5/6 играчи и да даде гол, како тоа што го прави Меси...ама затоа има неверојатен нос за гол. Ваљда не треба да те потсетувам кои важни голови ги има дадено. Никој не гледа дека нон стоп е во одбрана и му помага на Алвес.
Сите тие можат на грб да го носат цел тим, зашто нема кој друг. За разлика од другите тимови, такви играчи во Барселона ги има еден куп. Можда и Педро ќе носи на грб некој тим, од кај знаеш?

Ти ќе ги дадеш 20 гола, како што требаше Ибра 50 да даде.
 
mozebi pedro nema brzina,nema tehnika vo nozete,ne poseduva ni zavrsnica
no najvazno e sto na kralevite mu go ima zbrcano nekolku pati vo izminatite 3 sezoni (me mrze da baram kolku gola mu ima dadeno) :)

P.S. izgleda ova leto mangata ne bil na odmor,eve mu sansa da se odmore malku taman za vikend :)
 
Можда нема шанси да помине 5/6 играчи и да даде гол, како тоа што го прави Меси...ама затоа има неверојатен нос за гол. Ваљда не треба да те потсетувам кои важни голови ги има дадено. Никој не гледа дека нон стоп е во одбрана и му помага на Алвес.
Сите тие можат на грб да го носат цел тим, зашто нема кој друг. За разлика од другите тимови, такви играчи во Барселона ги има еден куп. Можда и Педро ќе носи на грб некој тим, од кај знаеш?

Ти ќе ги дадеш 20 гола, како што требаше Ибра 50 да даде.
Мене како навивач на Барселона, ни малку не ми пречи што некои исфрустрирани членови на кајгана форум од Македонија ќе речат за некој играч на Барселона. Секој неутрален фан, секој реален фан кој гледа фудбал во права смисла, секој голем тренер, скоро сите играчи(вклучувајќи ги и тие на реал) си кажуваат што е и како е.
Наше е да уживаме во игрите на нашиот тим. И не може некој што не гледа ни 50% од натпреварите на Барса да ти кажува тебе или мене кој играч каков е и колку е квалитетен. Затоа, нема потреба да им објаснуваш, сите си тераат по свое и си влечат како што им одговара. Уште кога ќе прочиташ дека Бускетс е преценет играч.
 
Ако де, нека си го потценуваат Педро, ќе бидат поздравени од него во скоро време :D
Иначе ептен преценени играчи имаме во тимот:
-Валдес....да не е каталонец, сега ќе бранеше во Алмерија.
-Алвес, нема ништо освен брзина и да трча како коњ цела утакмица.
-Пике...да не е Пујол до него, е само просечен играч, кој би играл 3 шпанска лига.
-Бускетс игра со врски, иначе сеуште ќе беше резерва во Барса Б.
-Педро...се е кажано.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom