Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.201
- Поени од реакции
- 12.194
Не ми е сменета теоријата. Како да сменам мислење кога знам дека има христијани? Им верувам на очите мои, посебно кога сум наспиен и одморенХристијанска мистика, христијанска езотерија се contradictio in adjecto. Пишував за ова во темата за масоните.
Еве ти предизвик. Најди ЕДНА ЕДИНСТВЕНА реченица во новиот завет каде што се охрабрува христијанинот на езотериска пракса. Една единствена. Нема. Најди една единствена реченица во која се тврди дека освен ова јавно изнесено учење, кое е пред се етичко по карактер, има и некое друго, тајно. Пак нема. Тоа што некои сакаат да наоѓаат скриени пораки таму каде што ги нема, мотивирани веројатно од желбата нивниот Бог да не биде сечиј, тоа е друга работа.
Јас и на Хептаграм еднаш му напишав дека христијанството и телемата не одат заедно, кога тврдеше дека има христијани во редот. Гледам сега ја сменил теоријата...
Во новиот завет, Исус на едно место им вели на учениците дека на нив се ќе им биде јасно кажано, додека за другите, мора да биде се преку параболи, задскриено. Зошто?
Проблем прават некои мојсиеви закони во врска со тајните учења, но тоа пак не ги спречи рабините да ја развијат кабалата и езотеријата до невидени граници дури од времето на Мојсеј па наваки.
А и мене ме интереира, за кого пак важи таа забрана да не се практикуваат тајните пракси(кои штом се забранети, значи се реални)? Од израилевиот дом... хм
Дали е дадено во законите дека рабините кои се најголеми познавачи на законот на Мојсе не смеат да практикуваат магика, да повикуваат мртви?
Зарем Исус на планината не зборуваше со пророкот Илија или кој и да беше некој негов предок?
Дојде сам Илија и разговараа
Исто така и слободното толкување на преводите на мојсиевиот закон од широката народна маса, прави забуни... но денес сите се доволно мудри, па си разбираат како сакаат, па затоа може и вака и така. Што е доволно добро, што би рекол јас, раздели па владеј
Зарем навистина нема тајни писанија во стариот завет кој што е пишуван од најголемите мајстори на енкрипцијата?