Дали Македонците ќе станат малцинство и во Македонија?

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Дали Македонците ќе станат малцинство и во Македонија?

  • Вкупно гласачи
    105
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
T

Tetro

Гостин
Минатата година повеќе Македонци умреле отколку што се родиле бебиња, па природниот прираст, иако официјалната статистика бележи негово благо зголемување, е негативен и изнесува минус 1.763 лица

Прираст што обесхрабрува
Македонскиот народ може да стане малцинство во сопствената држава, алармираат статистичките податоци. Минатата година се родиле 12.535 деца од родители со македонска етничка припадност, а починале 14.298 Македонци. Иако официјалната статистика покажува благо подобрување на состојбата со природниот прираст во земјава, минатогодишниот податок за соодносот меѓу новородените и починатите покажува дека прирастот е негативен и изнесува минус 1.763 лица. Во истиот период се родиле 7.200 деца од родители со албанска етничка припадност, а умреле 3.073 Албанци.​

Состојбата со природниот прираст на државно ниво е на релативно незавидно ниво, за што зборуваат статистичките податоци дека бројот на новороденчиња лани се намалил за 18,8 отсто во споредба со 1995 година. Бројот на починатите, пак, лани споредено со 1995 година се зголемил за 18,2 отсто.​

Статистиката открива и дека сé повеќе се зголемува бројот на разводите во Македонија, што исто така негативно влијае врз природниот прираст. За 142,3 отсто повеќе разводи имало во текот на минатата година споредено со 1995 година. Лани бројот на разведени бракови помеѓу сопружници-Македонци е речиси двојно поголем отколку бројот на разводи помеѓу сопружници-Албанци. Од друга страна, лани имало 6.920 склучени брака во кои младоженецот и невестата биле од македонска етничка припадност, а 4.779 брака во кои младоженците биле Албанци.​

Од аспект на соживот меѓу двете страни, интересен е податокот дека лани имало само 16 склучени брака помеѓу Албанец и Македонка и 119 брака помеѓу Македонец и Албанка.​

Од вкупно 1.720 разведени брака во минатата година, најголем е бројот на разводи (324) во кои сопругот бил на возраст од 35 до 39 години. Статистиката покажува дека брачните двојки најчесто се одлучуваат на развод откако ќе поминат од 5 до 9 години во брак. Забележително е дека лани имало и 59 разводи во кои сопружникот имал над 60 години.​

Според психолозите, брзиот начин на живот поттикнат од стремежот за заработувачка е главна причина за зголемениот број разводи.​

Нова македонија
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Абе што отварате вакви теми кога ќе дојдат сега експертите на форумов и одма тебе крив ќе те направат.Како тие биле сељаци и заостанати а ние сме оние напредните,а нашите дами неможат да родат повеќе од 1 со сила 2 деца.
 
Член од
27 јуни 2011
Мислења
225
Поени од реакции
42
па да ви кажам према правата и слободата која ја уживаме во СОПСТВЕНАТА држава веќе уживаме помалку права од малцинствата значи јас сеуште незнам кој МАКЕДОНЕЦ бил амнестиран за некое свирепо убиство и ред други работи да не должам сега мислам дека не сум офф топик
--- надополнето: Aug 11, 2011 1:19 PM ---
па да ви кажам према правата и слободата која ја уживаме во СОПСТВЕНАТА држава веќе уживаме помалку права од малцинствата значи јас сеуште незнам кој МАКЕДОНЕЦ бил амнестиран за некое свирепо убиство и ред други работи да не должам сега мислам дека не сум офф топик
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Јап и тоа не е само затоа што помалку раѓаат Македонките, него и поасалната туѓина. :)
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Абе што отварате вакви теми кога ќе дојдат сега експертите на форумов и одма тебе крив ќе те направат.Како тие биле сељаци и заостанати а ние сме оние напредните,а нашите дами неможат да родат повеќе од 1 со сила 2 деца.
Нашите дами можат да родат и 5 деца, само кој ќе ги издржува тие деца???
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Нашите дами можат да родат и 5 деца, само кој ќе ги издржува тие деца???
А нивните кој ги издржува,и ве молам немојте како во другине теми да мислите дека вас ве напаѓаме,сепак темава ептен е сериозна и кога ја гледам реалноста ми се крева косава.
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Да, темата е сериозна и бара сериозен пристап и затоа воздржи се од коментари дека ќе станеме малцинство затоа што "на нашите дами не им се раѓаат деца".
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Да, темата е сериозна и бара сериозен пристап и затоа воздржи се од коментари дека ќе станеме малцинство затоа што "на нашите дами не им се раѓаат деца".
Дај види дали тој е мој став или па само претпоставив дека вие ќе дојдете и ќе речете нормално е 1-2 деца,а тие се ненормални со 4,5 деца.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
А нивните кој ги издржува,и ве молам немојте како во другине теми да мислите дека вас ве напаѓаме,сепак темава ептен е сериозна и кога ја гледам реалноста ми се крева косава.
Ти колку години имаш?
 
K

kalimer0

Гостин
Нормално дека нив има кој да ги издржува. Секој невработен Косовар доаѓа во Македонија и според рамковниот добива работа.
Во регионов Македонија е најдобро место за Албанците бидејќи овде ги уживаат сите права и затоа многу е реално за 10 години Македонците да станат малцинство.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Абе не вработен Македонец има 2 деца,не вбработен Албанец има 5,вработен Македонец има 1,вработен Албанец 4.И мајка ми и татко ми биле во семејства од по 4,5 деца ама јас сега имам само 1 брат.Мене ми е убаво со еден куп братучеди а децата мој не знам дали ќе имаат два тројца.Ама добро,ние сме напредни оние се заостанати...
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863

Сеуште си мал друже ќе потпораснеш и ќе сватиш некои работи....
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.444
Поени од реакции
18.432
Нашите дами можат да родат и 5 деца, само кој ќе ги издржува тие деца???
Па мајката ќе ги издржува, како правеле античките македонци кога цело време биле во војна, жените се правеле :)
Дури и деца сами правеле :confused:
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Абе не вработен Македонец има 2 деца,не вбработен Албанец има 5,вработен Македонец има 1,вработен Албанец 4.И мајка ми и татко ми биле во семејства од по 4,5 деца ама јас сега имам само 1 брат.Мене ми е убаво со еден куп братучеди а децата мој не знам дали ќе имаат два тројца.Ама добро,ние сме напредни оние се заостанати...
Чудно размислуваш. Сакаш сите да имаат по 4,5 деца кои едвај се образуваат или 1,2 деца кои ќе имаа образовение и факултет? И Македонските и Албанските просечно богати фамилии за наши услови, кои имаат по 4,5 деца - тие деца едвај преживуваат а не па да се образуваат. Со кој памет бараш раст на населението кога живее во ваква земја со ваква економија? Коа ќе се опраи - тогаш и луѓето ќе сакаат и ќе можат да имаат повеќе деца кои ќе можат да ги издржат како што заслужуваат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom