Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.711
Поени од реакции
13.395
Еве јас имам еден аргумент за Александар. Од кога правилникот на уметноста дозволува александар да биде претставен во галоп/ коњот е дигнат на 2 нозе? Знаеш што значи тоа? Дека Александар е утепан во битка. Учено и проверено по историја на уметност.
За Портата не коментирам, зошто знаеш дека тие биле поставувани за нечиј триумф.
 
Член од
19 октомври 2010
Мислења
576
Поени од реакции
344

А зашто мора да биде правило за коњот? И тоа некој го измислил, така му дошло. А не знам како треба да биде представен коњот ако воинот е отруен и тоа од неговите соработници. Ако не измислил некој и такво нешто можевме ние први да бидеме, па да не пишуваат по книги. А за портата колку триумфи имаме во историјава ни наша треба на секој чекор да ја праиме! Малце ли биле 5века на нашиве под Турско и ни име смениле, ни јазик, ни знаме, ни вера? Тоа не е триумф?
 
Прво за Аце. Ако умрел во постела, коњор се поставува слично на оној како на Гоце.
Второ, триумфални капии знаеш кои граделе? Цареви/Имератори/Поглавари за своите подвизи.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
310
Поени од реакции
101
Луѓе што е работава!Ни направија фалсификат споменик а дадовме 9 милиони евра.Зашто ги вадат крациве.Се срамат од својата историја или нешто друго.Вмровци,што е работава.Ако не реагирате сега значи дека сте прави кукавици:cuc:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.166
Поени од реакции
83.982
.Вмровци,што е работава.Ако не реагирате сега значи дека сте прави кукавици:cuc:
Oни рехабилитираа воени злосторници кои вршеа воени злосторства врз припадници на нивниот народ, па ти сега за еден - два крака.
Нема ништо по свето од власт и како да се остане таму.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Прво за Аце. Ако умрел во постела, коњор се поставува слично на оној како на Гоце.
Второ, триумфални капии знаеш кои граделе? Цареви/Имератори/Поглавари за своите подвизи.
Не ми се допаѓа што ќе има порта, но порти како нашата има повеќе во светот и не сите се изградени од цареви односно императори заради нивните подвизи. Дел од нив се изградени како обележје на независноста, некои за уривање власт...
Нашата ќе ја симболизира независноста.

Кога сме кај Александар

„Многу коректно и со колосални димензии - оценува проф. д-р Елизабета Димитрова, историчарка на уметност.
Димитрова оценува дека дизајнот соодветствува со Александровиот лик.

- Нагласен е триумфалниот карактер. Позата на коњот со високо кренати предни нозе ја прикажува победата во битката, како што се претставени сите големи триумфални војсководци. И јавачот така стои. Позата е триумфална како што му прилега. Положбата, пак, со кренат меч има две значења. Мечот се крева на почеток на борбата со што на некој начин и се укажува на војската да го следи, а втората симболика на кренатиот меч е означувањето на крајот на битката и, се разбира, значи победа. Битката е извојувана - вели Димитрова.

Секоја позиција во композицијата на една скулптура има значење. Коњаник со подигната рака и меч, коњ што стои на две или на четири нозе, седечка или стоечка поза, па дури и избраниот материјал за изработка - уметноста отсекогаш крие симболика. “

„Според познавачите, вистинското уметничко дело содржи уверливо предадена симболичност. Во спротивно добиваме бледа пластична илустрација што не кореспондира со јавниот простор, вели историчарот на уметност Владимир Величковски.

- Монументалното дело, изведено во бронза или во мермер, значи трајност. Фигура на коњ (и кога не постои конкретен историски податок за тоа) е претстава на посебност и достоинственост на предводник. Исправена фигура е симбол на цврстина и постојаност на уверувањата. Седната фигура, на пример, на престол значи дивинизирање на ликот. Фигура на коњ со подигнат меч во рака е јасен симбол за победник и освојувач. Голи тела и типизирани ликови се воопштена или алегориска претстава. Лав што стои сугерира заштитник и опстој. За добивање поцелосна претстава, секако, посебно значење имаат употребените инсигнии и атрибути, начинот на нивното поврзување во делото и контекстот на неговото настанување - смета Величковски. “

„Според скулпторот Жарко Башески, автор на коњаниците Даме Груев и Гоце Делчев, положбата на телото на коњот е директна алузија на личноста што го јава.

- Неопходно е да се анализира целата скулптура. Поставеноста на коњот, всушност, ја карактеризира и личноста што го јава. Затоа и моите споменици се различно поставени. Така, кај споменикот на Даме Груев, и тој и коњот се претставени во движење. Оној, пак, на Гоце Делчев е во помирен став. Причината е во тоа што мисијата им била различна. Даме учествувал во борби, бил комита и загинал во борба. Делчев, пак, повеќе е идеолог. И споменикот на Александар е направен според неговата личност. Претставен е токму онаков каков што бил - ни за миг не застанал, постојано освојувал - вели Башески. “

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=62311944112&id=9&setIzdanie=22312
 
Z

zmej gorjanin

Гостин

Yeah cause that's how we roll
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Прво за Аце. Ако умрел во постела, коњор се поставува слично на оној како на Гоце.
Второ, триумфални капии знаеш кои граделе? Цареви/Имератори/Поглавари за своите подвизи.
Многу мрзам кога некој се убацува у темава , а не е доволно информиран,или барем не свраќа на темава почесто за да се информира..
Да ти покажам нешто

Ова е значи Milenium gate - Атланта -Џорџија САД..
Завршена е 2008..намената и е да е порта,музеј знаменитост на градот..
Вакви порти низ Америка ги има скоро во секој град,поголем,па и помал..

Па те прашувам..дали оваа порта во Атланта е изградена од Вашингтон,Линколн,Труман ? Зашто сега е изградена,глупи ли се,штое проблемот нивни ? Или незнаат америте дека порти гради само император :tapp:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.711
Поени од реакции
13.395
Во ред цитро. Ако сметаш дека нивната култура џоа лас вегас и дизниленд треба да се копира, слободно тогаш.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Yeah cause that's how we roll
Инаку како е?
--- надополнето: Aug 11, 2011 10:52 PM ---
Во ред цитро. Ако сметаш дека нивната култура џоа лас вегас и дизниленд треба да се копира, слободно тогаш.
Букурешт, Брисел, Банџул, Лаос, Пјонгјанг ако не се лажам.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Во ред цитро. Ако сметаш дека нивната култура џоа лас вегас и дизниленд треба да се копира, слободно тогаш.
Пушти ти Лас Вегас. Лас Вегас е нешто друго, во Лас Вегас имаш чисти копии од Венеција,Париз,Рим и слично..неможеш тоа да кажеш за некој друг амерички град,зашто секој си е посебен. Низ светов има иљадници капии и сега ние ја градиме 1001-та и ми велиш дека била копија..чија копија е ? Ондак сите модерни згради што се градат се копии на тие од Њу Јорк
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.711
Поени од реакции
13.395
Цитро, ако си доволно запознаен америте имаат историја од 500 години (цирка). Затоа тие како такви немаат што друго освен да превземаат од тогашните колонијални држави. Наброј ми еден споменик/градба која не е копија/слична на онаа во Европа. Знам ќе речеш The statue of Liberty. Фак, мислев Колосот од Родос.
Второ, добро знаеш дека америте во 50тите доживуваат огромен економски бум кој им дозволува уште повеќе играње Sim city (USA).
Досеа, освен Акекс д` Грејт не видов некој да има малку подобар аргумент.
Алекс, сеа тебе ќе те прашам, дали имаш инфо за европскиве градови што ми ги наброја во кое време се изградени спомениците и со чии средства?
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
186.000 евра за скулптури на Питу Гули и Димитар Поп Георгиев-Беровски

Речиси 186.000 евра ќе потроши општина Центар за изработка на склуптури и релјеф во бронза на македонските револуционери Питу Гули и Димитар Поп Георгиев-Беровски. Согласно податоците за склучените договори, општина Центар ќе потроши 118.192 евра за скулптурата на Питу Гули, додека скулптурата на Беровски ќе чини 67.155 евра.
Скулптурата и релјефот на Питу Гули ќе ги изработува ДОО Уметничка ливница Јеремиќ од Белград, додека пак, на Беровски ќе ги изработува ДОО Љеваоница умјетнина Ујевиќ од Загреб.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72203/186_000_evra_za_skulpturi_na_pitu_guli_i_dimitar_pop_georgiev-berovski.aspx?iId=2308

Според неофицијални извори Питу Гули ќе бил поставен во паркот Жена-борец.:eek:
Јас на сето ова само ќе додадам:
dear-god-make-it-stop.jpg
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Досеа, освен Акекс д` Грејт не видов некој да има малку подобар аргумент.
Алекс, сеа тебе ќе те прашам, дали имаш инфо за европскиве градови што ми ги наброја во кое време се изградени спомениците и со чии средства?
Букурешт првата дрвена во 1878 заради независноста, заменета со друга во 1922 и уште еднаш заменета со последнава во 1936. Парите ги собрал народот.
Брисел 1905 симболизирајќи ја независноста а Белгија. Изградена од Леополд Втори се разбира со народни пари.
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Сепак продолжува:

Живи врби среде Вардар ќе го раззеленуваат „Скопје 2014“

Министерството за култура бара фирма што ќе ја изгради конструкцијата за дрвјата во вид на саксии

Деспина Трајковска

Освен палмите, фонтаните и двата нови моста, Вардар ќе го красат и три живи врби поставени среде. Ќе се издигнуваат од водата благодарение на бетонски конструкции слични на саксии. Овој одамна најавен, па речиси заборавен проект, дефинитивно, ќе се реализира. Министерството за култура веќе бара фирма што ќе ги изведе градежните работи. Извесно е дека новата декорација загадениот Вардар ќе ја добие до крајот на годинава иако неколкупати досега експертите укажуваа дека проектот е реално изводлив, но не може да се даде гаранција за сигурноста на дрвјата и на другите придружни елементи поради непредвидливиот Вардар. Истовремено, некои потенцираа дека избраната локација нема соодветна подлога за поставување на конструкциите и виреењето на растенијата. Сепак, надлежните не се откажаа од намерите.

„Овој проект е дел од проектот за поставување 35 скулптури во централното градско подрачје, а идејното решение кое ќе се реализира беше избрано на конкурс во 2008 година. Станува збор за проект на авторката Искра Димитрова“, информираа вчера кусо од ресорното министерство, без да одговорат колку пари се предвидени да се потрошат за оваа намена. Истовремено, дополнија дека врбите и портата се единствени скулптури што останаа да се постават како дел од проектот за 35 скулптури што почна да го реализира Министерството пред две години.

Според објаснувањето на авторката Димитрова, трите врби е замислено да се постават на бетонски конструкции слично на саксии. „Со моето идејно решение предвидов врбите поставени во бетонски конструкции да се наоѓаат паралелно на кулите лоцирани до ГТЦ. Бетонските основи би биле така изведени да личат на саксии, широки по два метра“, објасни Димитрова за „Утрински весник“ кога јавноста беше информирана за целиот проект на Министерството. Таа објасни дека токму футуристичката нишка на овој проект, од една страна, и предвизикот во центарот на градот да се даде печат на вегетацијата која се' помалку ја има во централното градско подрчаје, биле предизвик за неа при изработката на проектот. Напомена дека ги избрала врбите како синоним на реката, а Вардар како белег на Скопје, кој, всушност, ќе претставува природна средина за дрвјата. Димитрова потенцираше дека со идејното решение за врбите, кое е еден вид споменик, ќе се оддаде почит на вегетацијата на Скопје.

„Сакав да создадам нешто да има свој израз и автентичност за градот, сето тоа на еден посовремен начин. Во проектот, бетонот како суровост на урбаниот материјал го спротивставив на романтичниот аспект на врбите. Притоа водев сметка тие да не го попречуваат погледот на Камениот мост, бидејќи тој е еден од главните симболи на Скопје, а сепак да дадат доза на веселост на урбаниот пејзаж“, дообјасни Димитрова за „Утрински“.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=68581EB13528CA47A358FF16D84833DD

:mad:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom