Supercopa de España - Реал Мадрид - Барселона - 14/17.08.2011

Кој ќе го освои Супер Купот на Шпанија?


  • Вкупно гласачи
    98
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716

Real Madrid vs Barcelona
14 & 17.08.2011

The never ending story... вечната војна помеѓу престолнината и Каталонија, меѓу белите и блауграната, дуелот кој претставува повеќе од фудбалски меч, светски познатото Ел Класико продолжува и оваа сезона. Првите две битки се закажани за 14 и 17 aвгуст, кога се игра шпанскиот Супер Куп во кој традиционално играат победниците во LaLiga и CopaDelRey.

По дури 14 години, во него ќе играат вечните ривали, Реал Мадрид (како освојувач на кралскиот куп) и Барселона (како освојувач на Ла Лига). Можеби и за прв пат по толку време, овој куп не се игра само за да се конструира тимот за наредната сезона, туку со првична цел да се освои трофејот. Иако од двата табора изјавуваат дека овој куп не им е опсесија и цел, сепак, вечното ривалство нема да изостане, особено по дуелите од минатата сезона.

Инаку, Суперкупот на Шпанија, во овој формат се игра од 1982 година. Токму Барселона и Реал Мадрид се најтрофејните во ова натпреварување, односно најмногу трофеи има Барселона -9, пред Реал Мадрид -8, Депортиво -3... Шпанскиот Супер Куп се игра во два натпревари, по home and away систем. Реал и Барса досега се имаат сретнато четири пати, и во сите четири наврати триумфирал мадритски Реал. Последниот нивни дуел, бил во 1997 година, кога Реал триумфирал со конечен резултат 5-3.

Подобар вовед за новата сезона во LaLiga неможе да има. Судирот на Реал Мадрид и Барселона во супер купот ќе го означи почетокот на нова страница од епопејата за вечната борба за шпанскиот фудбалски врв. Судир на Мурињо и Гвардиола, Роналдо и Меси, судир на (според многумина) најдобрите два тима на денешницата. Судир кој ретко кого ќе остави рамнодушен, а особено не фановите на овие две екипи, кои секогаш се на готовс кога доаѓа Ел Класико.
Првиот натпревар се игра на Сантијаго Бернабеу, на 14 август, од 22.00h.


Let the show begin... бујрум!
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.634
Поени од реакции
22.666
Супер вовед, каков што и заслужуваат ваквите натпревари.
Значи, во Ел-Класико секогаш гласам за Барселона, нормално навивачки. Ова е натпревар во кој никогаш, ама баш никогаш нема фаворит.
т.е. кој и да типуваш дека ќе биде победник, нема да погрешиш. Очекувам не толку тврди натпревари(множина, затоа што се играат 2 натпревара, како што е објаснето во воведот) како последните 2-3 дуела, помала напнатост, меѓутоа максимална концентрација од двете екипи, сериозен пристап, затоа дури и кога би играле пријателска утакмица, дуелот помеѓу овие две екипи секогаш е повеќе од обичен натпревар, тоа е борба, престиж помеѓу Каталонија и Кастиља(или Мадрид, Шпанија), битка на две култури, на две нации, два различни народа...
Очекувам(ама навивачки, да бидеме искрени) Барселона да триумфира и на добар начин да ја започне новата сезона.

Сигурно сите посакуваме, убав, фер натпревар. Натпревар со фер судење. Да изостанат работите од пред неколку месеци. Да изостанат глумите, картоните, жалбите од судии, неспортските потези и сл.....
НЕКА ПОБЕДИ ПОДОБРИОТ! :)
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Реал ќе го заме суперкупот.
Deal with it :D
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Ех едвај се спасивме минатата сезона од Ел Класиката а сега новата сезона ја почнуваме со 2 Ел Класика!

Колку и да сакаш да бидеш мирен,да си мислиш дека нема врска и да изгуби твојот тим не е некој битен трофеј...но сепак не можеш.Во најголемото дерби на светот навивачите на двата клуба најмногу ја посакуваат победата на својот тим...знаеме каква атмосфера има пред и после ваквите мечеви.

Се надевам нема да видиме како што спомна ЧЕ картони,глуми,фајтерски удари,жалби...се надевам дека Ел Класико ќе биде она што треба да биде,фудбалско надмудрување.
Реал Мадрид изгледа посилен од лани но тоа треба да го докажат на теренот.Барса ако сака да покаже дека сеуште е подобра од Реал исто така тоа ќе треба да го докаже на теренот.

Јас како навивач на Барселона се надевам на победа на мојот омилен тим.
Не очекувам многу измени во составите на двете екипи и покрај неколкуте засилувања што ги донесоа.

Нека победи подобриот,нека победи фудбалот!
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
Глупо е вака сезонава што почнува со 2 ел класика... после нема да ни се гледа ништо друго... ;)
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Мое видување дека ќе биде тесно соочувањето. Во првиот меч очекувам Реал да победи со 2-1 или 1-0. Минимална разлика која после рововски ќе ја брани на Кампот. Шансата ја гледам во одбраната на Барса која не верувам дека без Пујол ќе успее лесно да се справува со брзите играчи на Реал.

Во вториот дел целосна иницијатива на тимот на Барселона. Тука во прв план очекувам Касиљас и Пепе(доколку не е суспендиран од првиот дел:pos:) да имаат свој ден и да ја сопрат Барса па евентуално преку контра напади да се изненади Барса. Се зависи со каков пристап излезе Мур спрема купов. Дали ќе ја продолжи формацијата со тројца дмц или ќе игра нешто поотворено.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.605
Поени од реакции
14.437
Иначе судија ќе биде Тешеира Витјенес, cule со тапија. :D Прво што ми иде на памет е дека ни поништи чист гол во сезоната 2009-10 на Ел Молинон со кој ќе ја превземевме првата позиција, а оваа сезона не му досуди рака на Пике на Ел Мадригал, со што Барса поведе со 0 - 1, а исто така му даде и два жолти на Бускец а овој не го напушти теренот, т.е испадна, одма после тоа и тоа како измена, и чист пенал на Хуанфран против Осасуна.


Ел Класико на почеток на сезона, тоа ти се вика мамец за очи за целиот свет и оној дел кои навиваат за еден од клубовите, па и за оние кои не го сакаат шпанскиот фудбал.

Се на се, тоа сигурно е спектакл, затоа што освен што се работи за едни од најдобрите клубови моментално во светот се води борба и за тој трофеј кој е многу битен. Важно за Реал Мадрид е да го освои тој трофеј затоа што потребно е на играчите некако да им се набие таа самодоверба дека Барселона не е крај и врв на светот, и дека во борбата за титулата во Примера нема да бега со недостижни бодови како што тоа беше случај минатата сезона кога Реал киксираше со помалите тимови..

Барса - Реал во суперкуповите досега, седум од седум за Реал, не гледам причина зошто да не би ја продолжиле таа убава низа. Барса во поголемиот дел од подготовките играше со некој комбиниран состав, Алвес, Меси, Чави, Иниеста не одиграа ни еден натпревар заедно, додека во секој наш натпревар бар по едно полувреме заедно одиграа Чаби, Роналдо, Озил, Бензема.. Ме загрижуваа таа повреда на Рамос но мислам дека ќе игра.

Како да се победи Барселона ? Како прво, по можност барем еднаш во двата натпревари судијата да не е фан на Барса, затоа што со самото тоа се создава 12ти играч за Барселона (а тоа не е публиката). Второ, мислам дека имаме доволно потенцијал и знаење Барселона да ја сопреме со офанзивна игра, го докажавме тоа на реваншот во ЛШ. Но во едно сум сигурен, ако Пепе игра последен играч во средниот ред, и ако барем малку припази на себе, Барса нема да даде гол 100%. Многу ќе биде битно како ќе се понесе спрема Алвес и Бускец, кои сеуште чекаат да им се додели наградата Оскар за глумец на столетието.

Клуч: Бензема, постигна гол против Барселона додека беше во Лион, во Реал сеуште нема но и немаше многу шанси за тоа... но мислам дека тој ќе биде човекот на одлука, 1 - 0 и јас сум задоволен.

Контрао: "Не ме интересира колку ќе плати Челзи, јас сакам да играм во Реал" - човек кој по цел ден може да трча а да не се умори, мислам дека тој ќе игра во првиот натпревар, која позиција не знам, би можел да игра како последен играч во средниот ред, може да игра како крило, но што и да игра уверен сум дека ќе придонесе многу во победата..

Анти-Меси план, мислам дека нема потреба да зборувам зошто баш тој, но само ќе кажам дека Меси нема постигнато ни еден гол додека Пепе е на терен, а Чави во последните 3 години во 25 кола не изгубил толку топки колку што Пепе му одзема за еден натпревар. Ќе повторам пак, според мене, ако Пепе игра како последен играч во средниот ред, Реал не губи.

Што се однесува до составот, Марка најави вакво нешто, мада знаејќи го Мурињо се е можно..

Икер​

Рамос - Пепе - Карваљо - Марсело​

Кедира - Чаби - Контрао​

Озил - Роналдо​

Бензема​

Тоа е тоа, со среќа и на двата тимa, барем еднаш очекувам фер судење мада со прочуениов каталонец тешко тоа, па нека победи подобриот и посреќниот..​
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
jas ke si stojam na mojot stav kako sto stoev lani
lani vikav neka pobede real vo kupot,no podocna da gi smackame i taka ispadna gi smackavme vo LS i spanija
i sega taka vikam
neka pobede real na ovoj kup no podocna da gi smackame na narednite natprevari :)
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.634
Поени од реакции
22.666
Прашање до сите неутрални фудбалски фанови. Дали овој старт на Аморебиета не заслужува црвен картон?

- Мало инфо, судијата на мечот Атлетик-Барса, Тешеира Витиенес, кој ќе биде и судија на првиот меч од суперкупот, не му даде црвен картон на Аморебиета, не му даде ни жолт, не го ни опомени, а што е најжално, не беше досудено ни фаул. :tapp:
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.605
Поени од реакции
14.437
Прашање до сите неутрални фудбалски фанови. Дали овој старт на Аморебиета не заслужува црвен картон?

- Мало инфо, судијата на мечот Атлетик-Барса, Тешеира Витиенес, кој ќе биде и судија на првиот меч од суперкупот, не му даде црвен картон на Аморебиета, не му даде ни жолт, не го ни опомени, а што е најжално, не беше досудено ни фаул. :tapp:
Од жолт картон до поништување чист гол, не давање црвен после два жолти, знаеш колкава разлика има, ехеее...
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Хах почнаа мадридистиве да плачат уште пред натпреварот....аман бе :eek:
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.634
Поени од реакции
22.666
Од жолт картон до поништување чист гол, не давање црвен после два жолти, знаеш колкава разлика има, ехеее...
Добро, нека е по ваше. Судиите се секогаш против вас, right? А, ако Мурињо плаче после натпревари, вие ептен озбилно сте си ја сфатиле работата, уште пред натпреварот почнавте. Чест на исклучоци.

Ова е мој последен пост на оваа тема, во врска со судиите. Без разлика дали ќе има судиски грешки на 2та натпревара, дали некој ќе биде оштетен, а некој ќе биде во полза, ќе се водам според одлуката на клубот за кој навивам. Да не се коментираат судиски одлуки.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Патетично манга , патетично.

Не ме интересира резултатот. Ме интересира дали му 'заздравело" егото на Мурињо, т.е. дали ќе покаже конечно муда на натпреваров, по кобната ноемвриска вечер. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom