Целата Вистина за бог

Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Зарем е срамота да се проповеда Божјиот збор?
Забележи дека секој од стиховите што си ги цитирал зборува за судот на мртвите (неспасените) според делата нивни. Додека Исус јасно учи дека живите нема да се појават на тој суд (суд за пеколот).
„Вистина, вистина ви велам: кој го слуша Моето слово и верува во Оној, Кој Ме прати, има вечен живот и не доаѓа на суд, туку преминал од смртта во живот.“ (Исус Христос, ев. Јован 5:24; Библијата)
Мртвите и живите нема да бидат судени по исти книги. Во книгата на животот не се запишани мртвите, туку само живите.

„Исус одговори и им рече: „Божјото дело е ова: да верувате во Оној, Кого Тој Го испратил.”“ (Исус Христос, ев. Јован 6:29, Библијата)
И од оваа книг не сакаш а? Добро. Ај тогаш кажи ми зошто Исус ги давал заповеди - не убивај, не прељубодејствувај итн. Зарем не било доволно да каже верувајте во Мене и готово. А ако стварно веруваш во она што го пишуваш, зошто тогаш ни префрлаш нам православните дека не било се библиски она што го правиме? По твоето нема врска кој што прави, и ние и вие, и адвентистите и останатите веруваме во Христос. Дали сите сме спасени? Не. Оти Христос ова го рекол

Матеј: 7:21 Не секој што Ми вели: ‘Господи, Господи’, ќе влезе во царството небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен.

Матеј: 16:27 Зашто Синот Човечки ќе дојде во славата на Својот Отец, со ангелите Свои, и тогаш ќе му даде на секој според делата негови.


 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.242
Поени од реакции
12.251
Има ли здарв православец на форумов?
Право+славец, па одозгора и здрав... тешко... разгледај им ги постовите :) Бараш другарче, како што ти напишав и во пораката, да бидеш прифатен... Осамен си? :) Ах...
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Има ли здарв православец на форумов?
Јас сум здрав, ама не сум ни православец ни кривославец. Бев едно време и мислев дека е убаво, ама кога видов во каква мизерија сум држен, бев многу разочаран што ми се сруши целата замисла и верба во бог, а во исто време среќен што сум прогледал, и што почнувам да се осознавам себе и мојата природа. Подобро е кога знаеш за себе отколку да веруваш во бог, бидејки во него веруваш ама не знаеш, и никогаш нема да дознаеш.
За мене зборот Бог е мртов збор, бидејки постои само во нашите глави, а таму се нашол без некој да ме праша дали сакаш да се најде. Затоа сега, кажувам, не, бидејки знам, не верувам туку знам дека бог е измислен од човекот и кога ке умре тој човек кој што верува во него и неговиот бог ке умре заедно со него.
Сега кога знам, сум слободен, нема веќе рамки, нема веќе ограничувања, и нема веќе лажни ветувања.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Јас сум здрав, ама не сум ни православец ни кривославец. Бев едно време и мислев дека е убаво, ама кога видов во каква мизерија сум држен, бев многу разочаран што ми се сруши целата замисла и верба, а во исто време среќен што сум прогледал.
Ти си сега Ошоист, тоа е за нијанса подобро...
 
V

vlako088

Гостин
Право+славец, па одозгора и здрав... тешко... разгледај им ги постовите :) Бараш другарче, како што ти напишав и во пораката, да бидеш прифатен... Осамен си? :) Ах...
Може да ме оставите на раат!!!! Почнувате да ми станувате одбивни полни сте со негативна енергија! Не сум осамен! Така Вие мислите! Со мене е Бог, за разликла од Вас!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
И од оваа книг не сакаш а? Добро. Ај тогаш кажи ми зошто Исус ги давал заповеди - не убивај, не прељубодејствувај итн. Зарем не било доволно да каже верувајте во Мене и готово.
Не е доволно. Исус ни објаснил и како правилно да веруваме, со таа разлика што сега христијаните ги исполнуваат Христовите заповеди не за да спасат и не од страв затоа што ако ги прекршат ќе горат во пеколот, туку од љубов кон Исус, затоа што Исус рекол:
„Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди.“ (ев. Јован 14:15, Библијата)
Но ова е различно од стариот завет, каде што прекршувањето на одредена заповед човекот стануваше виновен за целиот закон. Во новиот завет верникот доколку згреши има Застапник (Исус), а Тој вели:
„И ако некој ги чуе Моите зборови, а не ги пази - Јас нема да му судам: зашто не дојдов да му судам на светот, туку да го спасам светот.“ (ев. Јован 12:47, Библијата)

Да појаснам, слоганот „Sola Fide“ не значи дека верниците треба само да веруваат во Исус и да живеат во неморал како останатиот свет, туку дека се спасени само поради верата во Исус. Но тоа што се спасени по вера, не им дава слобода да грешат, бидејќи нивната слобода не е во гревот (каде што предходно робувале), туку нивната слобода, радост и исполнување е во вршењето на Божјата воља и Божјиот закон. Оправданиот преку Исус Христос е нановороден преку Светиот Дух и тој, со својата нова природа, почнува да го мрази гревот и тој не греши не затоа што му е забрането (како во стариот завет), туку не греши првенствено затоа што го љуби Бог, а потоа и затоа што го мрази гревот.

А ако стварно веруваш во она што го пишуваш, зошто тогаш ни префрлаш нам православните дека не било се библиски она што го правиме? По твоето нема врска кој што прави, и ние и вие, и адвентистите и останатите веруваме во Христос.
„А ова е вечен живот: да Те познаат Тебе, Единствениот вистински Бог, и Исус Христос, Кого си Го испратил.“ (Исус Христос, ев. Јован 17:3, Библијата)

Правилното познавање и правилната библиска вера во Бог и Божјиот Син е фундаментални за спасението и затоа не е сеедно како веруваме. Ти можеш правилно да веруваш и понекогаш да направиш грев (лошо дело) - тоа не значи дека нема да бидеш спасен, а и заради правилната вера ќе ти бидат простени и гревовите. Но можеш и неправилно да веруваш и од таа неправилна вера да произлезат лоши дела (гревови, идолопоклонство и сл.) Во вториот случај неправилната вера нема да може да те спаси, а ќе бидеш суден според делата твои, затоа што ја немаш правилната вера да те спаси од нив.

Дали сите сме спасени? Не. Оти Христос ова го рекол

Матеј: 7:21 Не секој што Ми вели: ‘Господи, Господи’, ќе влезе во царството небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен.
Точно така, оној кој ја исполнува вољата на Таткото Небесен која што е објавена во Светото Писмо, а не вољата на некои ткн. „отци“ од типот на Палама.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.242
Поени од реакции
12.251
Може да ме оставите на раат!!!! Почнувате да ми станувате одбивни полни сте со негативна енергија! Не сум осамен! Така Вие мислите! Со мене е Бог, за разликла од Вас!
Не ми персирај... :) Ми стануваш одбивен со тој лажен рисјански став дека си мирен, позитивен, полн со љубов... а си змија која с'ска и тоа како ли само с'ска... :)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Може да ме оставите на раат!!!! Почнувате да ми станувате одбивни полни сте со негативна енергија! Не сум осамен! Така Вие мислите! Со мене е Бог, за разликла од Вас!
Ако си со бог нема потреба од паника, ако си со бог тој ке ти даде јасно упатство како да ни објасниш, што е тој и каде е и што прави.
До тебе ли е? И што муабет правите? Тој зрачи со позитивна енергија? Како ја чувствуваш неговата енергија. Преку зборовите во библијата, истите тие зборови што се измислени од човекот, или преку чувства?
Ама пак ако е преку чувства ти треба да го чувствуваш неговото присуство, а не да се прашуваш каде е присутен? Ако тој е совршен на секое прашање ке ти одговори, немало да ти пише во библијата, чекај да умреш па ке ти кажам, дотогаш биди ми послушен и прави јас што ке ти кажам и ништо друго.Така јас пекинезерот што го имам дома го учам. Кога ке му кажам, седи, и тоа седи, кога ке му кажам јади, и тоа јаде. Во спротивно не смее, пости.
Тоа е само изговор, за да и бидеш бослушен на библијата дур не умреш, после смртта ке бидеш дел од земјата и нема да треба да бидеш на никој послушен.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Не е доволно. Исус ни објаснил и како правилно да веруваме, со таа разлика што сега христијаните ги исполнуваат Христовите заповеди не за да спасат и не од страв затоа што ако ги прекршат ќе горат во пеколот, туку од љубов кон Исус, затоа што Исус рекол:
„Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди.“ (ев. Јован 14:15, Библијата)
Но ова е различно од стариот завет, каде што прекршувањето на одредена заповед човекот стануваше виновен за целиот закон. Во новиот завет верникот доколку згреши има Застапник (Исус), а Тој вели:
„И ако некој ги чуе Моите зборови, а не ги пази - Јас нема да му судам: зашто не дојдов да му судам на светот, туку да го спасам светот.“ (ев. Јован 12:47, Библијата)

Да појаснам, слоганот „Sola Fide“ не значи дека верниците треба само да веруваат во Исус и да живеат во неморал како останатиот свет, туку дека се спасени само поради верата во Исус. Но тоа што се спасени по вера, не им дава слобода да грешат, бидејќи нивната слобода не е во гревот (каде што предходно робувале), туку нивната слобода, радост и исполнување е во вршењето на Божјата воља и Божјиот закон. Оправданиот преку Исус Христос е нановороден преку Светиот Дух и тој, со својата нова природа, почнува да го мрази гревот и тој не греши не затоа што му е забрането (како во стариот завет), туку не греши првенствено затоа што го љуби Бог, а потоа и затоа што го мрази гревот.

„А ова е вечен живот: да Те познаат Тебе, Единствениот вистински Бог, и Исус Христос, Кого си Го испратил.“ (Исус Христос, ев. Јован 17:3, Библијата)

Правилното познавање и правилната библиска вера во Бог и Божјиот Син е фундаментални за спасението и затоа не е сеедно како веруваме. Ти можеш правилно да веруваш и понекогаш да направиш грев (лошо дело) - тоа не значи дека нема да бидеш спасен, а и заради правилната вера ќе ти бидат простени и гревовите. Но можеш и неправилно да веруваш и од таа неправилна вера да произлезат лоши дела (гревови, идолопоклонство и сл.) Во вториот случај неправилната вера нема да може да те спаси, а ќе бидеш суден според делата твои, затоа што ја немаш правилната вера да те спаси од нив.

Точно така, оној кој ја исполнува вољата на Таткото Небесен која што е објавена во Светото Писмо, а не вољата на некои ткн. „отци“ од типот на Палама.
Зошто Лутер, изумитљот на сола фиде, мораше да го додава зборот “само“ во Римјаните? Зошто ако јасно зборувала Библијата дека се спасуваме само со вера, морало реформаторите да го менуваат зборот Божји? Вашиот проблем чорбаџи е вадењето на цитати вон контекст, чиниш Библијата е некој речник та да можеш да си ја извадиш која реченица сакаш и да градиш теологија од неа. Чорбаџи Библијата си е една целина, и како таква преку целото Писмо е напишано дека човекот се спасува преку делата свои, и дека ќе ни се суди според делата направени. А Лутер вали грешете колку сакате, изневерете ја жена ви и 100 пати ако сакате, се едно е - ако верувате во Исус, тогаш сте спасени. Е Лутер кон тоа целел, да си ги оправдува своите недела си измислил цела своја теологија, и уште пострашно навел многумина да поверуваат во него.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Za ova ne si vo pravo, nema nisto popragmaticno od ljubovta i grizata za drugiot no vo slucaj na dve i/ili poveke svesni individui vo megjusebna korelacija na obostrana korist i zadovolstvo, a i vo hristijanstvoto tie raboti se pragmaticni gledano od gledna tocka na vecnosta, ne e bas prakticno da se pravi grev i da se zavrsi vo adot....:D
Апсолутно си во право -- фала за исправката. Дозволи ми да го корегирам постот. Прагматичноста на почитта, љубовта, грижата или толеранцијата се неспорни -- тоа се општоприфатени човечки вредности. Кога реков дека прагматското објаснување не е доволно, сакав да укажам на неможноста прагматички да се оправда вртењето на другиот образ, што беше и темата.

Еве го моето објаснување. Прагматизмот се заснова на интелигентна пракса. Чарлс Сандерс Пирс претпоставува дека концептуализирањето на некој поим произлегува од практичните, праматички ефекти на истиот. Или со наједноставен јазик – од тоа колку чаре или ќар имаме од нешто. Прагматистичката етика (која е хуманистичка) му приоѓа на моралот на ист начин – нештата, учењата, програмите, постапките, итн. се етички, добри, морални доколку се добри за луѓето. Се` ова изгледа фино, ама има една дупка. Не сите нешта се добри за сите луѓе. За застапниците на ретрибутивниот принцип „око за око“ (како nihilista и остали) прагматично е на злото да се возврати со иста мерка. Но, која е прагматичноста на вртењето на другиот образ? За христијаните (и за сите оние кои го преферираат вртењето на другиот образ) секако, тоа е интелигентна пракса. Но очигледно таквата пракса не е прагматички прифатлива и за сите останати.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Koга рекол Исус сврти го другиот образ мислел на тоа да не станеш како тој што
те удрил. Ако му вратиш тогаш непријателот те сменил, ти си станал како него.
У меѓу време не си изгубил ништо, и така имаш уште милион образи.
Ништо страшно ако си изгубил еден или два од нив, ова е вториот дел од сутрата.
Сутрата има мистична моќ...за оние што ја разбрале.
За другите може да служи како тема за ментална гимнастика.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Писмото е релативно јасно за ликот и подобието на лукавиот....

Откровение: 13:2 И Ѕверот, што го видов, беше како леопард, и нозете му беа како на мечка, а устата како на лав. И змевот му ја даде својата сила, и својот престол, и голема власт

Откровение: 13:17
и никој да не може ниту да купи ниту да продаде, освен оној, кој има ознака: името на Ѕверот или бројот на неговото име.

Откровение: 13:18
Тука е мудроста. Кој има ум нека го пресмета бројот на Ѕверот, зашто е број на човек. а неговиот број е: шестотини шеесет и шест.

:rolleyes:
Према Јован на пример, личи на дебел германски трансвестит-проститутка со кич outfit и бар-код...
Ама и онака е лукав и се појавува во различни форми...
Према некои посавремени визуелни престави како оваа, Светлоношата заличуе на Момчило Бајагић од доцните 80-ти, со веѓата враголасто подигната во манирот на VincentPrice. Лелујавата гримизна плаштаница ноншалантно му ги прекрива гениталните предели со врло практична цел – да се избегне R-rating и да се допре до сите консументи, вклучувајќи ги и децата и малолетната омладина. (Фотката е courtesy of Ipsissimus)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom