Ќе се вика, ќе се вика.. како!?

Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Машко Урош, Немања, Петар. Женско нека бира поубавата половина :D
 
Chanel

I feel like a tiny bird with a big song!
Член од
22 мај 2011
Мислења
478
Поени од реакции
307
Името сум го добила по баба ми, подновено, но сепак да се продолжи семејната лоза.
Но искрено, подобро е родителите да им ставаат имиња на децата, без подновување на баби, дедовци... Некако е веќе помината таа доба, демоде.
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165

Не е демоде, тоа е традиција!
Сите тие наши убави имиња ќе исчезнат ако никој не ги наследува.

Јас сум крстен по дедо ми, брат ми по другиот дедо. До душа вториот ми брат има (ептен) модерно има, ама само заради тоа што се свршија дедовците. :D :P :D
Инаку моето име и на татко ми се повторуваат последните 5 поколенија назад, така да, не гледам причина да не го крстам и мојот син по татко ми.
 
Chanel

I feel like a tiny bird with a big song!
Член од
22 мај 2011
Мислења
478
Поени од реакции
307
Не е демоде, тоа е традиција!
Сите тие наши убави имиња ќе исчезнат ако никој не ги наследува.

Јас сум крстен по дедо ми, брат ми по другиот дедо. До душа вториот ми брат има (ептен) модерно има, ама само заради тоа што се свршија дедовците. :D :P :D
Инаку моето име и на татко ми се повторуваат последните 5 поколенија назад, така да, не гледам причина да не го крстам и мојот син по татко ми.
Сето тоа е Okey, но сепак што ако младите родители сакаат некое сосема трето име за своето дете, а старите по секоја цена сакаат да биде ставено нивното име, нели е малку претерано?
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Сето тоа е Okey, но сепак што ако младите родители сакаат некое сосема трето име за своето дете, а старите по секоја цена сакаат да биде ставено нивното име, нели е малку претерано?
Старите можеби ќе бидат разочарани ако нивното име не се пренесе, ама за тоа ќе си бидат виновни родителите. Ова е традиција кај нас и претставува и некој начин на искажување на чест. Ако младите до толку не сакаат да дадат такво „старо“ име на своите деца, тие ја кршат традицијата...

Во врска со ова сакам да раскажам за еден случај, мислам дека бил во Кавадарци, не знам сигурно...
Родителите не сакале никако нивното дете да го носи името од дедо му. На ова, дедото се налутил, но кога видел дека немаат намера да попуштат децата, им се помирил со тоа да го крстат внучето со било кое име...
Сепак, не можел да се помири со фактот да нема исто име со неговот внуче, па така, отишол во МВР (или каде и да се оди за ваква работа) и со го сменил СОПСТВЕНОТО име во името на внучето! :D
 
Член од
27 јануари 2011
Мислења
79
Поени од реакции
63
Јас сум крстена по баба ми од страната на татко ми, не е некое ретко име, всушност мислам е едно од најчестите во Македонија после Марија.
Од машкиве имиња многу ми се свиѓаат Матеј, Даријан, Андреј, Лука.......а од женскиве Дарија, Калина, Тамара
 
Член од
16 јули 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
Си го сакам името. И благодарам на мајка ми затоа што се залагала за да се викам така :D Означува нешто прекрасно, дар од Бога. :)
 
Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Си го сакам името и мило ми е што не сум крстена по баба/дедо. Инаку глупаво прават, ако ставаат имиња од баба/дедо тоа секогаш е од страната на таткото. Па добро бре, нели на мажот ги превземат презимињата (така е во најчест број од случаите, а ако децата не се презиваат по татко им во Македонија тогаш татко им е папучар што дозволил да го команда жена и слично).
 
vaga1985

Разочарена од се
Член од
30 јули 2011
Мислења
1.564
Поени од реакции
418
Си го сакам името. И благодарам на мајка ми затоа што се залагала за да се викам така :D Означува нешто прекрасно, дар од Бога. :)
И јас сум дар од бога најубаво име нели. :)
 
Член од
8 октомври 2010
Мислења
144
Поени од реакции
103
женско Леонтина :) ќе си ја викам Леа :D
за машко незнам
 
V

Vollstandig

Гостин
Јас, сполај ти Боже, не сум крстена ни по баби ни по дедовци. Во времето кога сум родена, можете да претпоставите според мојата возраст, најултрамодерни се - Ивана, Симона, Ивона.
Подоцна си го променив името па сега никој нема како моето во нашава РМ а и пошироко... :)
Јас искрено не сум планирала сеуште машки деца да имам, се планирам ќерки, па знам и како одприлика би се викале, дефинитивно би имале 2 имиња, едно пократко едно подолго, поаристократски така ми делуваат. На пример, ми мириса убаво Лиа Викторија (лиа е украсно, викторија е победа), исто сакам имиња со значење за кои не ми текнало како да ги комбинирам со друго име, меѓу кои ми е омилено софија (мудрост), а на мама моја и имам ветено дека едно од имињата на моите ќерки ќе биде Ирина. Сакам да имаат и традиционални македонски имиња, како Калина (мај фејв). Интересно име има мајка ми, може во некоја изменете форма ќе го употребам иако не сум за генерациско продолжување на името, иако реално кај мене во фамилија нема некое бош име (како Стојне, на пример), само татко ми безвезе Зоран го крстиле, ама во тоа негово време, пред 50 години, било модерно :) Дедовците двајцата ми се Александар, и мене тоа ми се допаѓа, само е премногу често. Од машки имиња ми лежат некако Матија, Андриа, иако не се македонски.
Го заболе целиот македонски народ дека татко ти се викал зоран и ќеркати ќе си ја крстела Лига Викторија..
--- надополнето: Aug 16, 2011 2:36 AM ---
Еве да си одберите, какво име да му дадете според значењето, или што ви значи вашето име.

http://tvoebebe.com/iminja-znacenje

Повеќето имиња во македонија се, латински, оние модерните, како и низ европа што се популарни.
Исто така во мк се популарни библиските, т.е еврејските имиња, кои ни приближно не се исти, ради различното читање, на пример IVAN , на македонски го читаме како ИВАН, ама англичаните IVAN го читаат Ајван, или кај нас е Јохан, кај американците Џон, итн.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom