Демек протестантската црква не е самонаречена.
Зависи која. Во демократските и секуларни земји, секој може да си ја именува својата црква како што сака. Во западните земји можеш да собереш група луѓе и да се наречете „Вистинска православна црква“. Дали тоа значи дека другите православни се лажни православни?
Фирмата (именувањето) на одредена црква е ирелевантна и воопшто не кажува дали одредена заедница е црква или самонаречена „црква“. Показател дали една црква е Христова Црква е дали Глава на таа Црква е Христос, или пак можеби таа е водена од политичките води, од национализмот и етнофилетизмот (како што тоа е случај во православните самонаречени цркви), дали таа црва го следи новозаветното учење на Христос и апостолите или пак некои свои човечки преданија, како што и Христос рече во една прилиика:
„напразно Ме почитуваат, учејќи науки, што се човечки повелби... Вие ја оставате Божјата заповед, а го држите човечкото предание.“ (
Исус Христос, ев. Марко 7:7,9 Библијата)
зарем Светиот Дух дојде во 16 век да ја формира вашата црква.
Не знам за која тоа „наша црква“ од 16ти век зборуваш. Нашата црква е создадена во 1век, на Педесетница, од Исус Христос лично!
Та нели вие се повикувавте на сола скриптура, епа тогаш јасно е кога е создадена Црквата,
Јасно е де. Се надевам дека и на тебе ти е јасно.
Патем што мислиш е повистинито - создадената Црква од Исус и Светиот Дух на Педесетница, или вашата реформирана создадена од Мартин Лутер и другарите во 16 век?
Нашата црка е создадена од Таткото, Исус Христос и Светиот Дух во 1век, на Педесетница. Ние христијаните не го следиме Мартин Лутер, туку Исус Христос. Тоа што вие православните сте навикнати да назначувате и прогласувате светци, богињи, култни личности и сл. не значи дека тоа е пракса и на христијаните. Ние единствено го славиме и следиме Исус Христос и не нарекуваме никого отец освен Отецот Небесен - токму онака како што ни заповеда Исус Христос:
„И никого на земјата не наречувајте го свој ‘татко’, зашто е Еден вашиот небесен Татко.“ (
Исус, ев. Матеј 23:9, Библијата)
... наспроти православните цркви кои ја игнорираат оваа Христова заповед и имаат еден куп духовни отци,
МПЦ е создадена во 1967 со нејзиното отцепување од СПЦ. А пак сите денешни балкански православни „цркви“ се создадени во 1054 година со отцепувањето на Византиската црква од Католичката црква. Сите тие се следбеници на екскомуницираниот Цариградски патријарх Михаил.