Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
Јас нереков дека пораката на Исус е од ист калибар со онаа на нацистите или криминалците. Поентата е во тоа дека оној што ги осудува нацистите го прави тоа затоа што ги смета за зло, како што јас ги сметам за зло сите институционализирани религии. Ако некој смета дека грешам, слободно нека ме демантира со контрааргумент за кажаното, уште истиот момент ќе ја прифатам критиката.Хмм...далеку е, многу е далку пораката на Христос од нацистите и криминалците. Светлосни години далеку. Селективно ги коментираш религиите (посебно христијанството) и врз основа на селективни анализи, ги прогласуваш за зло. Само го констатирам твојот метод и став.
Подобар е и посупериорен е за мене! Јас никогаш не сум рекол дека е подобар или посупериорен за сите.Од твоето излагање и претходните твои постови не гледам како сатанизмот на Шандор Ла Веј (кој го сметаш за свој светоглед) е подобар од било која монотеистичка религија. Да се практикува сатанизмот не е потребен никаков морален напор, па оттаму не гледам како сатанизмот е супериорен. Ги обвинуваш религиитеза сите назадувања во светот -- а за себе и твоите ги имаш сите оправдувања. Само констатирам.
Решението може да биде исто за сите, само ако сите се исти.
Дека институционализираните религии се виновници за уназадувањето на човештвото, сведок е историјата, тоа е факт. Тие се оние кој тврдат дека само тие и никој друг се патот и вистината, и дека само со нив може да се избегне вечното проклетство.
А што се однесува до мојот начин на живот, не ми се потребни оправдувања за тоа како си го живеам животот. Никогаш не сум се правдал, тој што ме почитува ќе ме почитува каков што сум, а не како што тој сака да бидам.
Има грешење и има....ГРЕШЕЊЕ. Далеку од тоа дека јас сум некое злопамтило кое се одмаздува за се и сешто. Се што е во рамки на разумна - човечка грешка, не ми е проблем да простам, но за работи кој се со умисла и со кој намерно се нанесува болка и штета, знам да бидам неверојатно незгоден!За разлика од вас сатанистите, не ги презирам оние кои ми згрешиле, затоа што сум згрешил на многумина, и допрва ќе грешам. Не можам себеси да се оправдам, а за другите да имам поинаков критериум. Затоа, проштевањето ми е многу поконструктивно бидејќи води кон толеранција и подобро разбирање. Кон сите, па и кон тебе.
Секој што е фер кон мене и што заслужил почит, ќе ја има и од моја страна, и повеќекратно ако треба.
Јас не сум добар со луѓето поради надеж за награда или страв од казна од некој си бог. Кога јас некого сакам или почитувам, го правам тоа затоа што....така сакам, затоа што самиот тој чин го сметам за правилен.
Се согласувам, навика која треба да ја сменам.И на крај, не знам зошто ти се сите тие извичници -- ниту се посебно убедливи ниту пак оставаат особен впечаток. Освен непотребно повишен тон.