Можиш, постепено ќе го заменуваш времето поминато на FB со други портали каде ќе читаш за работи кои те интересираат ( технологија, спорт, автомобилизам, бодибилдинг, мода, здравје, психологија, филмови, научни достигнувања...)
Интернетот не е наменет единствено за фејсбук, има уште ред други работи кои можеш да ги научиш и да бидиш поинформиран од останатите кои го имаат овој твој проблем.
Гледај филмови, ( на почетокот ќе ти биде тешко да се сконцентрираш и ќе го минимизираш филмот за да стисниш пак рафреш на фб да видиш што е најново...)
Почни да тренираш, (да не ги набројувам сега и спортовите),но доколку не ти се одвојуват пари за да се запишеш некаде можеш и дома да правиш склекови, стомачни...
Претпоставувам дека имаш и моторче и кога одиш во град постојано си со него. Оди пешки бидејќи имаш и повеќе од слободно време, и не го користи мобилниот за да проверуваш состојбата на FB!
Факт е деке целата твоја генерација е на FB но нема ништо клучно да се промени во твојот живот доколку не вратиш на некој коментар или не си информиран за животот на другите пријатели.
Log out и почни да правиш промени.