Мои фаворити беа:
1. Чедомир Јаневски
2. Чиро Блажевич
3. Клаус Аугенталер
Иако, свесни сме дека кој и да дојде од горенаведените, па дури и да дојде и Дел Боске, тешко дека ќе наптави нешто со моменталната федерација.
Јасно ми беше дека кој и да е нов селектор, ќе биде човек од доверба на ФФМ. Сигурно нема да стават некој кој нема да биде нивни човек и некој кој нема да ги слуша. Затоа, за Чеде, Чиро или Аугенталер не се надевав премногу.
Меѓутоа, Џон Тошак беше човек кој воопшто не се споменуваше. За прв пат го спомнаа пред 1-2 недели, кажаа дека ќе се сретнат во Барселона со Хари и ете, гледаме дека средбата се одржала, а тие веднаш се договориле. Не е благодарно кога некој го отпишуваме уште пред да започне со работа, ама кога го гледам Хари толку среќен, во Барселона со Тошак, не ми се верува дека новиот селектор ќе направи некој успех.
Значи, си се договориле Тошак дебело да си го платат(што е лесно видливо уште во соопштението, каде што не се спомнува никаква цифра, туку се вели во рамките на предвидениот буџет на ффм
), а он ќе си слуша што ќе му кажат. Или можеби Тошак бил таков токмак, па го изиграле, што значи дека кога ќе види во што влегува, може да очекуваме човекот сам да си замине.
И второ, уште кога видов дека нема да седи овде, туку ќе доаѓа само пред утакмици, се знае дека тоа ќе биде селектор 'ради реда'.
Се надевам дека грешам, дека ќе дојдат подобри времиња за македонскиот фудбал, ама со оваа федерација чисто се сомневам.