Кафе за носење

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Кафето за носење е тренд кој постојано се шири низ светот, имајќи ја во предвид динамичноста на животот. Старбакс е синоним за кафето за носење, но кај нас се уште не е развиена идејава.

Што мислите лично за ова и освен Трк кафе и Карамело, има ли во Скопје други места каде може да се земе кафе за носење?
 
Обично кога идам накај парк си купувам нес од тоа тобакото таму добро е и не е скапо 25ден.
 
Ја има и во Битола оваа услуга.. КОД кафе со цена од 30денари.. Најдобро нешто е кога се брзаш за некаде..
 
Ко прво, кафе не е вода.
Вода е за по пат.
Кафе е адет.
Кафе е церемонија.
На денешниот динамичен живот му треба кафе.
Све друго носам, кафе неќам да носам.
Со кафе сакам да седам, нерви да смирам, да стивнам. Фиш ил цигара да запалам.
Поштуем кафиња од автомати ил Трк Кафе ил сеедно зашо ми ја пружаат слободата да сам си го изберам местото на кое сакам да си го испијам кејфски кафето.
Не ме поти бедна радио музика, не ме потат муфлари од страна, ја си бирам кај и со кого ќе си седнам.
Кафе е цел муабет брат, кафе не е само пијалок.
 
delete .HateUSaLL from your nick.
 
Ако онаа изблувотина од автомат се смета за кафе, тогаш јас сум космонаут.
Како што рече GHUS, кафето е адет. Со негово припремање до консумирањето.
За жал современиот начин на живот не` приморува да немаме избор на приготвувањето, како и уживањето на ваквиот пијалок. Но барем може да се импровизира. Зашо еве рецимо не си напраиш кафе (само не турско) и не си го опнеш у термос?

За овие Старбакс такореќи бензиски пумпи не се доволни за еден момент свежо измелено, потоа сварено турско кафе.
 
Имаше една фирма мислам се вика топтрејд тоа мислам е бензинска во Скопје па таму би требало да има кафе за носење. Беше газдата кажал дека има и локал до медицниски факултет и сака да дава такво кафе за носење. А сега има едни интересни мали термоси што се тренд ги продаваа во Џамбо по 150 денари па може и тоа да ти послужи работа. :)
 
Ness 2 GO имам видено на повеќе места. Последен пат пиев коа идев накај Штип на RUN а душата едноставно ми бараше кафе, и си купив од сендвичарата на ќошот на раскрсницата. Ми заврши работа :)

Во последно време многу малку пијам кафе, ако нема лезет муабет уз кафето не го пијам. Без оглед дали е внимателно подготвено турско, капучино со шлаг или некое од брзиве кафиња.
 
Кафето за носење е тренд кој постојано се шири низ светот, имајќи ја во предвид динамичноста на животот. Старбакс е синоним за кафето за носење, но кај нас се уште не е развиена идејава.

Што мислите лично за ова и освен Трк кафе и Карамело, има ли во Скопје други места кафе може да се земе кафе за носење?

Каков Старбакс
Старбакс и Кафе се два различни поими
то е сквернавење на називот КАФЕ.

Неможиш да туриш едно литро црна вода и да речиш дека то е кафе.
Се знај едно филџанче - мало ама вредно

btw. он топик, на нескафе оние шо се за од нога пиење се добри. кога сум на трчање ги планирам кај да поминам за да земам од нив.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom