Разгледав горе долу ама нема тема за оваа серија, мислам дека заслужува да има .. 
Сител Телевизија најавува уште една извонредна индиска приказна. Се работи за најгледаната и најконтроверзната серија во Индија, наскоро ќе дознаете што може да се случи кога дадениот збор е поважен од мајчинската љубов и кога традицијата е поважна од солзите на детето. Серијата во Индија предизвикува бурни реакции поради содржината, но исто така и огромна гледаност поради нејзината уникатност и несекојдневна приказна.
Дејството е сместено во селото Раџастан, каде се обработува приказната за венчавката на малечко девојче кое одлучуваат да го омажат бидејќи традицијата го наложува тоа. Нејзиното име е Ананди, на 8 години Ананди ја мажат за Џагдиш, кој воедно е и единствениот внук на Калјани Деви, личност која живее за традицијата во Раџастан. Со влегувањето во бракот, Ананди влегува во еден нов свет кој за неа е тотално непознат, се што гледа наоколу за неа делува збунувачки, бидејќи на само 8 години таа излегува од својата родна куќа и се вселува кај својот сопруг, кој исто така е дете.
Ова навистина уникатно шоу е продуцирано од Шфер Оргинс. На 21 јули во 2008-та година "Младата Невеста" ја имаше својата премиера на една од најгледаните индиски телевизии Colors TV, а самиот факт дека серијата сеуште се снима, зборува за нејзиниот успех. Во Индија оваа серија се емитува во ударен термин и тоа 20:00 часот, а кој термин ќе го добие на Сител, дознаваме многу наскоро.