Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

S

Shimamoto-San

Гостин
Meet me in the red sky and dance with me
Let the valley change you and the night set you free
It's dusk in the dessert, it's heaven at the gates
You were my desire, you were my escape...

Ain't nobody can love me like you do

Open up this moment and bury me inside
I can see us changing, like a season over time
It's silver on the river, reflections of your love
Drown me in the silence, we'll never come undone

Ain't nobody can love me like you do

Shadows are falling, tomorrow's closing in
Stay with me till morning, open up your wings
I can hear your whispers, they're calling out my name
Will you promise me that we'll steal the night again cause...

Ain't nobody can love me like you do...

Да можев подобро да објаснам...
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
секој ден со тебе..е како еден месец...низ толку работи поминавме ...сакам да ти кажам ... ти си единственото добро во сите овие црнила:pipi:
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Прекрасен си...толку посебен...Немаш појма колку сум среќна што те запознав и што можам да сметам на тебе!:pipi:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Вага25 темава не е за дискусии ниту за музички желби. Пронајди теми за љубовта и таму дискутирај,оваа не е за тоа наменета.
 

vaga1985

Разочарена од се
Член од
30 јули 2011
Мислења
1.564
Поени од реакции
418
Вага25 темава не е за дискусии ниту за музички желби. Пронајди теми за љубовта и таму дискутирај,оваа не е за тоа наменета.
Ok stom me brkate od temata nema problem.
P. S Dobar sovet. :)
--- надополнето: Aug 6, 2011 10:50 PM ---
За твојата љубов спрема мене сведочат твоите песни и љубовни писма што може и некогаш ќе бидат и објавени бидејќи немам храброст да ги уништам и да заборавам на сите спомени од минатото и сите заеднички моменти. За твојата љубов спрема мене ќе сведочат сите членови на кајгана коишто ќе ги прочитат твоите песни посветени на мене. Јас направив се што можев за да те запрам за да не те изгубам затоа знам дека мојата душа е чиста спрема тебе и слободна да ја отвори својата душа и срце да сака уште посилно и уште повеќе се надевам дека некогаш нема да се каеш за твојата одлука што ја донесе во момент на слабост и да се излажеш самиот себеси за твоите чуства.
Неговата љубов спрема мене:
Нека твојот живот
биде роман
а секоја страница
нека биде исполнета
со љубов и радост!
Дозволи ми да бидам негов творец.
Те сакам љубов моја!

Никогаш нема да се откажам од тебе, те сакам и за мене живот значиш. Во светов човек духовно може да се просветли само во себе ако чува чиста љубов, чистата љубов му дава смисла на животот.

Ах тие очи,
господи дозволи ми
повторно да ги видам,
повторно да ја почуствувам
нејзината прегратка,
не можам да живеам без неа.
Душата ме боли што си далеку
од мене, но знај секој миг
е посветен на тебе, во срце те носам,
Те молам биди покрај мене додека сум жив,
само така ќе му дадеш смисла на животов и
причина да егзистира.
Те сакам љубов моја.

Те сакам и знам дека ќе ја победиме судбината, нема да дозволиме таа да си поигрува со нас. итн
П. С има и многу други ама не можам цела вечер да куцам. А за малку ќе заборавев се надевам сега ја погодив темата не ми замерувајте нова сум шо се вика. :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.958
Поени од реакции
73.840
Пех скоро две календарски години ќе направиме :D Ти се верува дека толку брзо летна времево???
Се сеќавам на претходниот пост што го пишав во темава, и на претпретходниот. Реков дека ова лето ќе биде наше лето, и непогрешив, барем што се однесуваше на одморот:love:
Уххх се би дал да се вратиме пак на истото место, времето да застане и да уживаме до крајот на животот.
Песочна плажа, прекрасна морска ширина (ем наше море, ем најубаво :D), сите предуслови за најубав помин. Можам со часови да се потсетувам на поминатите заеднички моменти. Како сирена беше дури пливаше накај мене, додека те чекав да се затоплиш па да влезеш во "подлабокото". Се заљубувам уште повеќе штом помислам на тој момент:love: Кажи дека не бевме најзаљубен пар на плажата па и пошироко?:D Ахх колку ми е криво што не останавме подолго... Фала ти и што ме научи на многу нови работи. Кој рекол дека не се учи ништо од животните искуства?:D Се надевам и ти поднаучи нешто од мене, ако ништо друго, барем како да растураш на тетрис:pos: Се што сакам во моментов, да избегаме далеку од Скопјево и да шетаме по некоја плажа...
Али јебига Скопје не враќа назад во реалноста. колку што носи убави спомени, толку не навраќа и на оние полошите... Кажав и тогаш, денес може сме заедно а утре веќе не...
Може за прв пат во животов почуствував како е да се грижиш за некого. Тек сега ја сваќам мајка ми, како и е кога се лути зошто не сум се јавил кога сум излегол:D Е тоа е љубовта кон некого :) Јасно е како ден, стана дел од мене. И претходно беше, ама сега сме како една нераскинлива алка, како бројаницава што ја носам на рака, која треба да пукне кога ќе ми се исполнела желбата што сум ја замислил. Епа се надевам дека некогаш ќе пукне :D
Но секогаш има понекое огромно НО... Кога се е најубаво, мора нешто да ја наруши хармонијата...
Да се биде или не, деновите ќе покажат...
Само едно знај, те сакам највеќе на цел свет и нека ни се множат месеците поминати заедно. Денеска се 21 а следен пат кога ќе пишувам да бидат многу, многу, многу најповеќе:love:
П.С. <3
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.047
Mi se dopaga delot kade me imitiras, kade mislis ako me ignoriras 2 dena vrz moite 12 ke se vratam instantno. Bitch, please.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Што ме гледаш така незнам.. Знам дека сум блед, али не сум дух.. Да не сакаш да ти лижам гз случајно, да трчам по тебе ?? Не го гледаш тој филм.. Сеа е мој ред да бидам злобен..
 
E

elena.

Гостин
„Многу сум тажна. Многу. Зошто? Затоа што никогаш нема да те преболам. Навистина се чувствувам полесно откако се соочив со вистината. А вистината ли е ова? Да не можеби се преоптоварувам со лаги во кои самата почнав да си верувам? Како и секогаш...многу филозофирање, многу прашалници, нема одговори. Не те сакам, никогаш не сум те сакала (се надевам дека ова не е уште една лага во која самата си верувам). Но има нешто во тебе...има нешто што го гледам само кај тебе и кај никој друг, само што не знам што е тоа. Не изгледаш преубаво, имаш гаден карактер, секој би рекол дека не си за мене, па тогаш зошто толку проклето ме привелкуваш?! И зошто моите чувства кон тебе се толку комплицирани? Никогаш, кон никого не биле...Секогаш моите чувства се јасни и гласни, точно определени. Но не и овојпат. Кога те гледам, по толку многу време, те сакам и те мразам...топлина ја обзема мојата душа, но ладна пот го облива моето тело, нешто ме привлекува кон тебе во првите неколку секунди...а веќе во наредните добивам чудна болка во стомакот и бегам што подалеку...Можеби јас сум онаа таквата, никаквата, таа што расипа се, и можеби не можам да се вратам и да го сменам минатото, но за во иднина научив една многу важна работа: НЕКОИ ШАНСИ СЕ ПРУЖААТ САМО ЕДНАШ ВО ЖИВОТОТ! Не ниеднаш, не два пати, ЕДНАШ. Затоа проклето искористете ги! И уште нешто: цела вечер имам чудни болки во стомакот, никогаш не сум имала вакви, ова ми е прв пат. Прв пат...Толку работи ги направив за прв пат со тебе, прв пат не бев ЈАС во се она што правев...И знам дека ќе ми недостасуваш секое лето, во чест на претходното, 2009то. Можеби се е вака затоа што ти сакаше да бидеме блиски, а јас се трудев и правев се да останеме далечни...И успеав во тоа!“

Трагиката во ова? Помина уште една година. Се плашам дека ништо се нема сменето.
 
С

Сатори

Гостин
Кој било кога би помислил дека јас ќе се чувствувам вака или дека ќе размислувам на овој начин.Дека ќе бидам толку смирена, фокусирана и без суицидални намери, дека ќе се будам наутро размислувајќи за се освен за некој друг.Кој би помислил дека мене ќе ми биде сеедно ... јас сигурно не.
Во врска со љубовта сакам да кажам дека апсолутно немам ништо да кажам и дека конечно ми мило за тоа.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Трпелива личност сум, но мојата трпеливост има некои граници...Ти веќе полека но сигурно се приближуваш кон нив...Се надевам наскоро, односно навреме ќе се запреш...затоа што навистина не сакам ни да помислам нешто лошо за тебе...А тешко и дека би можела...Малку време помина откако те запознав, но сосема доволно за да ја почувствувам твојата добрина и чесност.Речиси сум сигурна дека си имаш свои, добри причини зошто ме оставаш во толкава неизвесност, но сепак мислам дека нема потреба од тоа.Верувај, јас ќе те разберам како и да е...Покажи малку доверба кон мене, биди отворен...Или пак кажи ми било што, само прекини ја оваа долга, мачна тишина!
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Што ме гледаш така незнам.. Знам дека сум блед, али не сум дух.. Да не сакаш да ти лижам гз случајно, да трчам по тебе ?? Не го гледаш тој филм.. Сеа е мој ред да бидам злобен..
Денес,тука,сега ни се раздвоија животите.. Исто како пред три години, веќе не се познаваме.. Секој по свој пат, секој назад по своите патеки.. Се трудев да те задржам, но беше премногу тврдоглава..Се трудеше да ме задржиш, но тогаш само ми го хранеше егото.. Ме боцка малце, али нема везе, пошо некако ја немам веќе грутката.. Го добив оптимизмот назад, интересен ќе биди следниов период.. Се надевам дека се ќе ни се среди, сето она што го посакувавме дека ќе се оствари и дека еден од нас ќе се пофали со тоа.. Тука завршува се, мило ми беше девојко што ја имав шансата да делам толку скапоцени моменти од мојот живот со тебе.. Секое сеќавање ќе се сведува на тебе, пошо беше најдоброто нешто во најтешкиот период од мојот живот.. Се простивме на доста глуп начин, но тоа е се дел од животот.. Конечно и двајцата сме среќни, нема двоумици дали некогаш и нешто беше лажно.. И покрај се нејќам да запрам тука со текстот, ова е последниот дел хартијата што треба да ја искинам, а незнаеш колку имам за да пишувам.. Ни сето време да го добијам на располагање нема да биде доволно, затоа што јас го памтам секој можен ебен момент.. Но, таму сме каде што сме, остана само она ладно,бледо со надеж во очите, фала ти и чао :cenzura:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

vaga1985

Разочарена од се
Член од
30 јули 2011
Мислења
1.564
Поени од реакции
418
Господ гледа тоа што ми го направи не беше убаво од твоја стана се соочив со огромна болка во душата ама помина ќе сфатиш тогаш кога ќе се изгубам во далечината и ќе мислиш што станало со мене и како сум. Зар немаше ни малку добрина во тебе да знаеш да цениш што имаше покрај тебе што мислиш ќе најдеш идеалност во некоја друга што се ќе кажува и ќе прави да биде како што ти сакаш. Толку години имав трпение е ова извини ама не можам да го простам. Ќе се радувам на тој ден кога ќе помислиш на мене и кога ќе сфатиш колку сум вредела ама се ќе ти биде џабе. Што мислиш јас немав шанси да го направам тоа што ти ми го направи на мене ама мојата љубов беше поголема спрема тебе за 5 минути задоволство а твојата очигледно не. Среќна сум сега се наоѓам самата себеси јас самата знам колку вредам и никој тоа не треба да ми го кажува едноставно ќе уживам во животот и ќе го ценам секој ден што бог ми го дал да го живеам. Ти не направи ништо друго освен што ме направи посилна и поиздржлива и полесно да знам да се справувам со проблеми. Што мислеше за тебе ќе сечам вени не бе дечко грешка си без тебе сега дишам полесно нема кој да ми забранува каде да одам и со кој да се гледам и што треба да правам ме направи како робот машина а кога ти кажав не за некои работи се исплаши и избега. Ретко ќе најдеш човек со такво трпение да те чека да пораснеш толку години и пак не порасна не си крив ти толку ти тркала.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom