Еднаш бев на одмор на едно место после Македонски Брод, помеѓу Самоков и С.Тажево.
Одлично место, природа каква што не сте виделе досега во Македонија.
Таму имам 2 куќи една до друга (викендици) и се единствени на тоа место. Во старата куќа повеќе не престојувам јас затоа што дедо ми (Бог да му душа прости) ми ја даде на подарок новата куќа (викендица) која ја направи пред 2 години за мене. Во текот на денот одлично си поминував, бев на риболов, се шетав.
Решив да седнам на тарасата да одморам малку. Седнав и пред мене го гледав новото езеро Козјак (оддалечено е на 10тина метри од мојата тараса). Беше преубаво. Решив да влезам внатре со девојчево мое...фати веќе ноќ, влеговме и си легнавме.
Толку беше топло што неможев да спијам и морав да излезам на воздух. Излегов на тарасата, и што да видам, старица која се шета по езерото, наликуваше на сестрата на дедо ми (одамна почината) која доаѓаше на ова место многу често да престојува. Се шеташе по езерото токму на местото каде што порано имаше патче за одење и каде што често се шеташе. Од кога се искачи нивото на водата тоа патче се покри во целост со вода.
Кога го видов тоа смрзнав и пребледев. Со трчање сум се вратил назад во куќата, ја заклучив вратата и легнав во кревет. Срцето лупање 200 на саат. Цела ноќ не заспав.
Утрото кога се раздени се си беше во ред, а за да биде уште повеќе во ред, го напуштив местото уште истиот ден и отидов во Охрид
Додека го пишувам ова овде сеуште се ежам и ми лупа срцето. Дотогаш не верував во никакви духови и се смеев на такви работи и + ги нарекував глупости, ама кога видов со сопствени очи што ми се случи...
Таму не ми текнало да се вратам во последниве години.....
П.С. Додека го пишував текстов и додека се присеќавав на овие работи, во прозорот од мојава соба акна еден бумбар и ме извади од памет...изгледа до тука требало да зборам.