„Канал 5“ купи три бугарски сапуници

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Бугарите знаат што прават ,не снимаат сапуници како турците ,Сериите ќе бидат на слично ниво како ЦСИ, Human Target и други
 
И покрај сите наши предрасуди за бугарската култура, ТВ-продукција и естетика (сосема сигурно и Бугарите имаат предрасуди за нас), „Стаклен дом“ е сосема солидна, сценаристички, актерски и продукциски изработена сапуница, според стандардите на својот жанр. Освен на македонскиот Канал 5, оваа серија ќе се емитува или веќе се прикажува и на некои српски и хрватски телевизии. Со оглед дека досегашната комуникација со бугарската ТВ-продукција се одвивала во манирот на „рововските позиции“ од балканските војни, или барем 1941 година, низ призмата на политичките несогласувања, серијата „Стаклен дом“ доаѓа како некаков телевизиско-културолошки шок. Барем колку да се отвори муабет за бугарска ТВ-сиеста!
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=109356B7EF05B247BB57FF43F7D1DB9B
 
една епизода изгледав од стаклен дом, ме бендиса не беше нешто лоша,мислам првата беше
е сега бугарин инфо да даде малку колку епизоди се итн (не дека ќе се запнам да ги гледам туку чиста радозналост) :)
 
Ќе си ја продадам антената од кров. Подобро да гледам шум на екранот него сапунициве. МЕ ОТЕКОА со патетични турско-шпанско-индиски сапуници и како да не е доволно целово сега ќе почнеме и со бугарски сапуници. Последната добра серија (не е ни сапуница) која што ја гледав по македонскиве телевизии беше Сашко и Сашка, останатото од тогаш па наваму е занигде.

Чичо Криптер предвидува дека во брзо време ќе има многу патетични разговори од типот: Леле, дали виде вчера епизодата, јас бев на к*њање па испуштив 48 секунди од неа, дај раскажи ми ги. Ако не се деси ова, си го мењам ников. Така беше со секоја нова серија од нова држава, на пример втората турска серија во македонијава не беше толку веќе.
 
И покрај сите наши предрасуди за бугарската култура, ТВ-продукција и естетика (сосема сигурно и Бугарите имаат предрасуди за нас), „Стаклен дом“ е сосема солидна, сценаристички, актерски и продукциски изработена сапуница, според стандардите на својот жанр. Освен на македонскиот Канал 5, оваа серија ќе се емитува или веќе се прикажува и на некои српски и хрватски телевизии. Со оглед дека досегашната комуникација со бугарската ТВ-продукција се одвивала во манирот на „рововските позиции“ од балканските војни, или барем 1941 година, низ призмата на политичките несогласувања, серијата „Стаклен дом“ доаѓа како некаков телевизиско-културолошки шок. Барем колку да се отвори муабет за бугарска ТВ-сиеста!
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=109356B7EF05B247BB57FF43F7D1DB9B
Колку да го оправда тоа што ја платиле серијата па сега ако некој не ја гледа ќе им пропадне инвестицијата
Што е разликата помеѓу сапунска серија и обичен филм?
Не можеш обичен филм да го пушташ 200 пати во исти термин од понеделник до петок со исти реклами.
Бидејќи телевизиите гледаат како да заработат повеќе од реклами ќе има и вакви серии. Не треба да се жалат дека филмовите се скапи и тоа овие најновите од холивуд, ама толку им е акалот на тие програмски уредници, сигурно се поефтини филмовите од било која друга нација и далеку поинтересни од холивудските кои избилуваат со специјални ефекти и никаква приказна. И не сум сигурен ама мислам дека филмовите од холивудската златна ера, 20-40-тите се бесплатни бидејќи им имаат истечено авторските права (колку што ми е познато за музиката тој рок е 50 години) и верувајте филмовите од холивудската златна ера се лектири за денешните режисери.
 
Како прво имаше три македонски серии годинава и беа срање

Како второ Канал 5 има ужасен директор за програмска шема, толку пари вложија во сам свој мајстор, после во оган реално шоу реална катастрофа, и турските серии не се некои не предизвикаа никаква гледаност кај народов на пример како шо преидзвика Шехерезада и сл. Посла дебатна емисија Фактор 5 им пропадна за два месеци. Тотално промашени проекти. Жално.
 
Стаклен дом не е сапуница, а соврменна сериjа за конфликтите на две богати фамилии и техните деца. Засега има снимани три сезона по около десетина серии. Нема нужда да сте притеснени нема да се дава секи ден. Еве и првата сериjа.
Столичани в повече како е при нас е комедиен сериал, не САПУНИЦА. Има многу хубав хумор по соседски со едни от наjдобрите комедиини глумци во Бугариjа.Другиот оште не е емитуван и у нас. Има оште еден многу добар.-Под прикритие кој не е заjавен но смеам да кажам дека е топ ниво и спокојно може да се споредува со американски криминални серии.
 
Со парите шо ги фрлат на сапуници,можат правата за некое првенство да ги откупат барем фудбал да гледаме
 
„Стаклен дом“ ја имам забележано на Замунда и секогаш беше во Топ 10 торенти. Едно време ќе ја симнував, ама ми излегоа други работи и баталив... Инаку ми изгледа солидна серија и далеку подобра од моменталните што ги дават моментално. За други не би можел да коментирам.

Него некој беше спомнал дека е добро меѓу соседите да си откупуваме серии и да ја споделуваме културата... или така некако. Онда нашите наместо да даваат пари за да откупат некои си еби ветар серии, нека вложат кај нас, па и наша серија некој да откупи.
 
За разлика од Хрватски,Индиски,Турски.... Бугариве вадат опасни серии по светски стандард.

само ме чуди зашто не ја откупиле најдобрата Бугарска серија, Под Прикритие
 
Eден од режисерите на "Стклен дом" е Македонец - Зоран Петровски.
--- надополнето: Aug 6, 2011 3:04 PM ---
За разлика од Хрватски,Индиски,Турски.... Бугариве вадат опасни серии по светски стандард.

само ме чуди зашто не ја откупиле најдобрата Бугарска серија, Под Прикритие

Во коjа се снима и Станислав Jаневски /Виктор Крум од "Хари Потер"/.
 
Само ме чуди зашто не ја откупиле најдобрата Бугарска серија, Под Прикритие
Наjвероватно зашто овие три серии са продуцирани от БТВ и она е влезла во преговори со македонските медии, а под прикритие е продуциран от БНТ. Исто така и нова може да наjави интерес да произведува нови серии.
 
Им ибам ретардираната екипа им ибам. Не да инвестираат пари за да се направи некоја Македонска серија тие купуваат Бугарски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom