Како ја замислувате вашата свадба?

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
матично, црква, весељак у кафана...
коа си мала си знаеш све до детаљ како сакаш да ти биде свадбата, а колку појќе растеш све понесигурна си... моментално свадбата сакам да ми оди по овој распоред: околу 20ти мај ( меѓу неговиот и мојот роденден) матичното на плажа во Дојран ( пош нели има/ ќе има законски измени за да го влечкаш матичарот кај сакаш), црковна церемнонија во СВ.Илија во Дојран исто така ( ако биде завршена црквата до тогаш) или евентуално Бигорски со најближа рода и најблиски пријатели ( све на све 30тина луѓе максимум), јас во бел долг летен фустан со цвет во косата, коктелчиња и све то, после едно капење во езеро е тек после весељак в кафана со ближна и далечна рода во Гостивар и нормално со венчаница и орца и циркузи
 
Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
аххххххх.... кое прашање....
за свадба сонувам од копиљ...некако сум заљубена во свадби...
си имам размислувано многу пати.... и едвај чекам да ми се случи тоа (ако најверојатно ќе почекам уште некоја година) :(
сакам гооолема свадба, со огромна венчаница...како во бајките
сакам се да е романтично, и нормално се да си е во редослет... е сеа црква- ја сакам Св. Петка во Кисела Вода, а за ресторан би сакала да е некаде на отворено.. од месеци би избрала или Мај, Јуни или Септември, Окомври... нејкам лето или зима...
сакам се да е црно бело, значи чаршави, маци а у...а венчаницата би сакала да ми изгледа вака...

а иначе свадбата би сакала да ми изгледа вака:

нормално главната улога да ја имаме јас и мојот сакан....
 
A

Antigona

Гостин
Свадбата ?? Хмммм, еве да речиме вака некако :

А може и вака :

Во секој случај да изгледа авантуристички необично :)
 
Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Од малечка сум ја замислувала мојата свадба како од бајките, но со текот навремето вкусот почна да мисе менува.. Не ми се допаѓаат баш традиционалнте македонски свадби со адети кои се стари 100 векови.. мислам дека време е ние младите да промениме нешто кое ке се усогласи на сегашниот начин на живот.
Веројатно на мојата свадба нема да се вие коло (затоа што јас знам само 2 ора :oops:)
Како и да е.. битно е да има забавна музика, и да нема пијани сватови со шамивчиња што мафтаат наоколу и сваќи што урлаат со дајрето качени на маса.
Сакам нешто по скромно и елегантно, со не многу гости.. само оние блиските кои ми значат (секако земаме во обзир и на младоженецот)
Кога сме кај облеката, не сакам формалности.. може младоженецот да си дојде по патиче фино избушавена коса (нели е по романтично), а фустанот обавезно краток и по можност не со тантели, чипки и не знам какви кичасти додатоци.
Значи скромно и убаво :)
 
Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Сакам само една желба, на мојата свадба да се пее оваа песна
 
ваква ли песна сакаш да ти свират:pos:
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
нема да ја имам воопшто. Веќе напишав еднаш, нити моите правеле свадба, а нема ни јас да нагостам и напојам 500+ души од кои 80% првпат ги гледам и нема никогаш пак да ги видам.
 
Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
Само знам дека нема да ми биде класична свадба со 300 луѓе, народњци, пијани чичковци, ора, собирање на невестата и др глупости. Сакам на свадбата бенд што ќе свири рок и точка. И сакам во некој ресторант каде што има голем двор и свадбата надвор да ми биде, со малце луѓе, значи само најблиските , а не и некои што првпат во живот таму ќе ги видам ( зошто на нив пари да трошам?). Несакам собирање на невестата од дома со музика што не можам да ја поднесам , додека цело маало ме гледа и коментира. Ќе си одам во црква и матично со долг фустан, а за свадбата ќе го искинам ( сакам таков фустан, долниот дел да се вади) за слободно да си се движам. А и сакам чоколадна фонтана:D. Нема многу пари на свадба да трошам , повеќе би сакала со тие пари после свадбата во Италија или Шпанија да одам.:love:
 
I

indigo child

Гостин
Сакам сама со дечко ми да си седиме дома една вечер и да си ветиме дека ќе бидеме заедно до крајот на животот и дека тоа ветување ниту еден од нас нема никад да го прекрши.

Останатото (веселби, црква, матично, пријатели, роднини, музика...) не е битно.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Сакам сама со дечко ми да си седиме дома една вечер и да си ветиме дека ќе бидеме заедно до крајот на животот и дека тоа ветување ниту еден од нас нема никад да го прекрши.
.
можи и јас да дојдам?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom