„Канал 5“ купи три бугарски сапуници, меѓу кои и најновата на Бугарската национална телевизија, БТВ, со наслов „Седум часа разлика“ која се уште не започнала да се емитува ни во Бугарија, објавија тамошните медиуми. Премиерата на оваа сапуница кај источниот сосед се очекува наесен.
Другите две се веќе прикажувани и се сметаат за успешни: „Стаклен дом“ и “Жителите на столицата.“
Сапуницата „Стаклен дом“ веќе беше продадена во Турција, Грција, Србија и Романија.
- Сигурен сум дека и „Жителите на столицата“ ќе биде продаден. Само не сум сигурен дали другите народи ќе го разберат. Вакви соседски односи како кај нас нема никаде. Насекаде комшијата ти е и повеќе од роднина. Го гледаш секој ден, почесто и од блиските – вели Љубо Нејков, продуцент и главен лик во серијалот.
Сумата за која се продадени сериите не е објавена.