КОСМОС - станбено-деловен комплекс

Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Корекција (провери, ќе видиш дека е вака)

1. Договорот за плаќање на рати предвидувал да првата рата ја плати на 20.1.2011, а последната 24 рата на 20.12.2012. (http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=65802, сигурно има и на други места)

Од 20.1.2011, до денешниот ден, за плаќање се достасани точно 7 рати (20.Јануари, 20.Февруари, 20.Март, 20.Април, 20.Мај, 20.Јуни и 20.Јули).

Ако платил 4 рати авансно, и уште една рата на 07.06.2011 како што признава и самиот Градоначалник, тогаш Фијат има платено вкупно 5 рати.

Значи немал платено 2 рати.

Од кои едната требало да ја плати во деновите кога му пратиле решение за рушење.

Кого заебаваат?

2. Решението за градба не може да му е одземено поради неправилности, затоа што му е одземено во Декември 2010, а тогаш зградата не била ни почната. Како може да има неправилности на непочната зграда?
Според изворот што го цитира ти Фијат добил 4 опомени за март, април, мај и јуни, а платил само една. Значи должи три за тој период и уште две за јули и август, вкупно пет. Тоа што Фијат го сметал за авансно плаќање на рати, усвари било плаќање на учество. Со линков што го постави се стана појасно. Фијат безкруполозно лажеше на видеата. Научил многу работи од сватот значи.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.901
Поени од реакции
23.306
уште си играте весела математика????

за тие што го бранат и се фатија како слеп за стап во тоа плановите , па ратите па котите , ширина должина висина и ред други тракатанци.тој можеше да биди и мајка тереза во случајот ако треба ама пак џабе ке му беше.за тоа што преминал во друг табор или во опозиција како што милуваат другите да речат и тоа не менува многу.еден куп има пратеници кој го сменале таборот досега неколку пати, па никому ништо.
ама гревот на фијат е што промовираше друга нација и разнебитување на македонското ткиво.можеби може да им се прости за тоа на србите на грците бугарите албанците и марсовците , ама него не пошто е македонец , муслиман ама македонец. е тука чичко фијат се заеба.и немој да мислите дека тој не ја свати пораката шо е борбата.

ајде сега продолжете си со математиките и законите до кај требало и шо требало и до кога требало
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.459
Поени од реакции
5.873
Нека рушат бе одмазници , нека рушат , ако толку многу сакаат да гледат рушевини во кои ќе се собере вода со жаби , и ќе смрди , Ќерамидилница и понатаму ќе остане најселска населба , ќе серат во јами...

Зошто сето ова , заради 1.4 метри. (одмазда).

Инвеститорот да пазеше малку ,но ако , друг пат нема да побрза , човек од грешки учи , несреќници , зарем не разбирате дека во оваа држава нема перспектива , сега читам во списание човек кој во Македонија се занимавал со земјоделство , во Германија е милионерче бизнисменче, да седеше тука ќе се заглавеше со тутун , ќе се ценкаше дали тутунот му е првокласен или не.

Правете што ќе правите , тука ако сакате да напредувате , пред да сторите нешто , поврзете се со власта.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Нека рушат бе одмазници , нека рушат , ако толку многу сакаат да гледат рушевини во кои ќе се собере вода со жаби , и ќе смрди , Ќерамидилница и понатаму ќе остане најселска населба , ќе серат во јами...

Зошто сето ова , заради 1.4 метри. (одмазда).

Инвеститорот да пазеше малку ,но ако , друг пат нема да побрза , човек од грешки учи , несреќници , зарем не разбирате дека во оваа држава нема перспектива , сега читам во списание човек кој во Македонија се занимавал со земјоделство , во Германија е милионерче бизнисменче, да седеше тука ќе се заглавеше со тутун , ќе се ценкаше дали тутунот му е првокласен или не.

Правете што ќе правите , тука ако сакате да напредувате , пред да сторите нешто , поврзете се со власта.
:pos::pos::pos:

Некој по грешка ќе убие, па ај да му простиме, нели од грешките се учи.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Целата поента на ова е дека властите можеле да му прогледаат низ прсти ( во законски рамки) но не сакале. И ќе рушат !
Во право се и они, си поштуваат закони што им одговараат. За нивни проекти - нема закони.
Само народот страда, оние што веќе уплатиле...
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
^ Целата поента е до кога да се прогледува низ прсти на намерни грешки.

Заради такви и е хаосот во Скопје
 
Член од
21 мај 2011
Мислења
165
Поени од реакции
77
Цела Македонија урбано се легализира,ама ете во случајов немало место за компромис. Чунки со власт и со гас(з) не се фаќа работа-велеше баба ми.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Цела Македонија урбано се легализира,ама ете во случајов немало место за компромис. Чунки со власт и со гас(з) не се фаќа работа-велеше баба ми.
Во случајов побарано е инвеститорот сам да го среди проблемот. А и побарано е и да плати.
Нити едното го сторил нити другото.
Зошто?
 
Член од
21 мај 2011
Мислења
165
Поени од реакции
77
Во случајов побарано е инвеститорот сам да го среди проблемот. А и побарано е и да плати.
Нити едното го сторил нити другото.
Зошто?
Мафијашка работа бе, сите што не се од власта се МАФИЈАШИ,а овие од позицијата се невини како бебиња. Кај никој од нив не може да се најде ништо нелегално.А бе се нека срушат, ако треба и Скопје 2014 нека го срушат!!!
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
^Многу концизен одговор даде на прашањата, нема што. Кој тоа рече дека тие од власта се невини. Значи на Фијат мора да му простат, затоа што не го казнуваат Ѕинго.:ROFLMAO:
 
Член од
21 мај 2011
Мислења
165
Поени од реакции
77
Сакам да се казнуваат престапниците, ама не селктивно да биде казнувањето.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Сакам да се казнуваат престапниците, ама не селктивно да биде казнувањето.
Ај што не ми одговори на прашањето туку целиш на тоа демек ако е селективно да не се казнува никој :pos:
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.459
Поени од реакции
5.873
:pos::pos::pos:

Некој по грешка ќе убие, па ај да му простиме, нели од грешките се учи.
Не сме се разбрале , јас се сложувам да му се руши градбата , и велам , друг пат нема да ја направи истата грешка.
Ако има 30 милиони евра , ќе инвестира во Албанија , ќе изгради хотели, и Косово е добар пазар.

И немој да ми споредиш убиство , со наводно кршење на димензии на објект. Не се работи за некој инжењерски пропуст , објектот сеизмички сигурно е во ред, нити се работи за пречекорување на ширина , туку на височина , а тоа може да се среди.

Еве што све можат да прават општинарите кога е во прашање некој нивен човек :

Овие две згради со дозвола на локалната власт, наместо со висина од 16 метри, ќе бидат двојно повисоки. Наместо пет ќе имаат по десет ката.
Менуваат урбанистички планови , и тоа не за 1.4 метри , туку за 5 ката , дружееее , сеуште ли не ти е јасно во каква држава живееш.

Пра­те­ни­кот од ДУИ Хисен Џемаили прави голема викенд-куќа на Попова Шап­ка, но таа е дивоградба, тврди градоначалникот на Тетово Сади Бе­џе­ти.
Зградата на улица Димитар Мирчев бб во Скопје, веднаш спроти Министерството за внатрешни работи, која пред неколку месеци, со само еден потпис од тричлена комисија во Општина Центар стана седумкатница, деновиве ја загрози стабилноста на околното земјиште и сигурноста на соседниот објект. Двојното зголемување на висината на зградата, од три на седум ката доведе до лизгање на земјиштето и одронување на ридот, па малку фали да ги затрупа околните згради.
Како бе Алекс така , зграда која требаше да биде 3 спрата , со еден потпис , стана 7 ката , а со тоа ги загрозува околните згради. Никому ништо , не се срушува зградата , зошто , затоа што можеби инвеститорот имал јаки врски со општинарите и власта , па му се може бе , и кога загрозува безбедност за нив е легално.

Но затоа кога противникот крева 1.4 метри повише , му ја креват у воздух.

Жители на Капиштец сардисани од Петар Наумовски

На улицата Адам Мицкиевич ќе се гради зграда, која околните жители ќе ги остави без пристап до дома
Општинската власт само со еден потпис, преку тричлена комисија, без јавна расправа пред граѓаните и стручњаците и без одлука на советот на општината ги менуваат условите за градба и дозволуваат никнување на згра­ди монструми
Со шест милиони денари градот и јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе му помогнат на поранешниот пратеник во Собранието од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и кошаркар Петар - Пеце Наумовски да изгради хотел на падините на Водно. Хотелот треба да се гради на улицата Салвадор Аљенде, каде што пред неколку години Наумовски изгради зграда.

Во ноември 2008 година планот е ставен на јавна анкета, а маркичката од куќа се пренаменува во хотел висок дури 11 метри.
ПАЗИ СЕГА



Урнати надежите за уривање

Отстапувањето на објектот на инвеститорот Вељко Хршум не можело да се отстрани без да се оштети легално изградениот дел

Тој обвинува дека инвеститорот Хршум добил одобрение за градење објект за индивидуално домување, односно куќа со основа од 150 квадратни метри и висина девет метри, а изградил здание со основа од 400 квадрати и висина 17 метри. Според него, дел од плацот е со нерегулирани сопственички односи.

Од Општина Кисела Вода објаснуваат дека оваа зграда има дозвола за градба, но и оттаму признаваат дека има отстапувања.

- Делот што не е во согласност си одобрението за градење, а што може да се урне без да се наруши статиката е урнат и тоа во неколку наврати. Еден дел е со помала висина од предвидената со дозволата. Другиот мал дел, кој е спорен и кој отстапува од одобрението е во континуитет со легално изградениот дел и поради тоа не може да се урне без да се урне и тој дел - објаснуваат од Општината.

==

Алекс , како бе обејкт кој ги загрозува соседите , објект кој има отстапувања , не за 1.4 метри , туку е изграден трупло поголем од тоа што треба , таков објект не може да се руши , затоа што со тоа би се оштетил и легалниот дел.

Епа како може на Фијат да му рушат цела зграда од 6 спрата , само заради 1.4 метри отстапување во висина ? Никој на тоа отстапување не се жали , безбедносно е све во ред , основата не е чепкана , објектот нема да попречи сообраќај на возила и на авиони , нема да им блокира сонце на соседите ... ништо , а сепак целиот објект му се руши.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Дарданиа како бе од петни жили се вадиш за да напишиш што подолг антивладин пост?

Кај ме виде мене дека го негирам намерното гонење на Фијат? Кај виде да одобрувам нешто од тоа што си го пишал?

Патем дали ми го прочита тоа што ти го пишав за општина Карпош или онака само продолжи понатаму? Зошто Стевче не дозволува човекот да изгради објект во висина од 4 спрата?

И ќе одговориш ли зошто Фијат не платил 5 рати и градел без одобрение и игнорирајќи го предупредувањето од општината?
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.459
Поени од реакции
5.873
Дарданиа како бе од петни жили се вадиш за да напишиш што подолг антивладин пост?

Кај ме виде мене дека го негирам намерното гонење на Фијат? Кај виде да одобрувам нешто од тоа што си го пишал?

Патем дали ми го прочита тоа што ти го пишав за општина Карпош или онака само продолжи понатаму? Зошто Стевче не дозволува човекот да изгради објект во висина од 4 спрата?

И ќе одговориш ли зошто Фијат не платил 5 рати и градел без одобрение и игнорирајќи го предупредувањето од општината?
Да го причиташе само тоа цитираното , од вестите земено , за процедурите за промена на висините , од 5 на 10 спрата , да ги прочиташ објаснувањата и оправдувањата од типот : Не можеме да рушиме затоа што со тоа ќе треба да го срушиме и легалниот дел :) Што е легално во објект со основа од 400м2 , а требало да биде 150м2. Ова е дивоградба , со тешки отстапувања , но ништо , инвеститорот е миленик.

Ако не платил 5 рати , тогаш нека му активират хипотека и нека му ги земаат парите.

Не ми се верува дека би го игнорирал предупредувањето од општината , само ако човекот одлучил да се откаже од понатамошно градење.
Но ако од оштината му рекле да го врати објектот на пропишаните квоти , а тој веќе стигнал на шести спрат , па нормално дека нема да руши сам , ќе се бори да добие измена на план.

Со законските измени се предвидува укинување на одобрението за локациски услови, а самото тоа и изготвувањето на идеен проект, што во голема мерка ќе придонесе кон скратување на трошоците и времето за чекање. Понатаму, се предлага укинување на двојниот надзор, а тоа значи дека документацијата ќе се доставува на едно место и при тоа странките нема да обезбедуваат било какви дополнителни согласности. Соодветните мислења, надлежните институции ќе мора да ги достават не подоцна од 5 дена, а доколку не ги достават ќе важи правилото "молчењето е одобрување". По тој рок, мислењето ќе се смета за позитивно, а органите што не одговориле ќе одговараат за евентуална штета.
ДЕМАГОГИЈА

Ова му се случило на Фијат , чекал одговор , му рекле да гради , не му дале квоти , камо да беше и во овој случај МОЛЧЕЊЕТО Е ОДОБРУВАЊЕ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom