- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 2.948
- Поени од реакции
- 1.190
Грчки свештеник одбил да венча Македонка со Грк
04.08.2011 - 15:13 |
Свештеник од Атина одбил да венча Македонка и Грк. Љубовната романса на 32- годишната Марија и 35 годишниот Дионисус завршила како несреќна љубовна драма.
Парот решил да се венча по една година од запознавањето во Солун. Немале никакви проблеми додека зетот Грк не решил да побара благослов од свештеникот во Атина.
Или девојката да стане дел од Српската православна црква или ништо од вашата венчавка. Ова го добил како одговор посветениот православен Грк.
Свештеникот го уверувал дека никој нема да го благослови неговиот брак со Македонка зашто тоа не би била света заедница, а бракот би бил празен и нелогичен.
Нивните деца не би можеле да бидат дел од грчката армија и ќе бидат израснати со омраза кон Грција.
По поразителниот разговор со свештеникот Дионисус побарал од Марија да се откаже од националноста и верската припадност. Така дошло до прекин на нивната врска.
Марија за својата несреќна врска зборувала за Македонската Интернационална новинска агенција.
Раскажала дека и пред скандалозното влијание на грчкиот свештеник забележала знаци за лошите пораки за Македонија кои се шират во грчката престолнина.
Нејзиното момче при посетата на Скопје било шокирано од грчките инвестиции зашто верувал дека Македонија е опасна средина за грчкиот бизнис.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/grchki-sveshtenik-odbil-da-vencha-makedonka-so-grk