Најдобар дел од денот ми е секогаш кога ќе видам некој да е расположен и среќен. А пак ако е јас сум придонела за неговата среќа и расположеност тогаш уште поубав е цел ден.
Периодот кога заоѓа сонцето, обожавам да го гледам небото како го преливаат разни бои..колку е само совршено.. Обично во тој период знам да застанам на балкон и да се загледам дури не се стемни.. и баш тогаш се присеќам на сите среќни моменти. На некој можеби би му звучело глупо, но мене ме прави многу среќна.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.