КОСМОС - станбено-деловен комплекс

Член од
1 август 2011
Мислења
34
Поени од реакции
14
Ќе повторам уште еднаш дека рушење на објект на политички опонент а истовремено толерирање на сите објекти на сопствените политички партнери се вика одмазда, а не функционирање на институциите.

Кога ќе почнеме да ги нарекуваме работите со вистинското име, тогаш можеме да дискутираме на темава.
So ovie komunjarski mislenja ste dosadni vekje, na koi lugje od 'pozicijata' ne se legalni objektite moze barem eden primer da kazes ?
Samo slapate bezvrska, koga ke se zatvori nekoj zosto se zatvoril ili kaznil.. koga ne se cepkaat pa kriminal imalo ..

Ni vas nikoj nemoze da ve razbere (n)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Види сега голем Македонецу јас многу добро знам и за Ченто и за Бршнаров и за вистинската историја на Македонија.
Не го споредувам Фијат со Ченто туку ги споредувам тие што му се смеат и се ситат на неговата несреќа.
А криминал ако е да платиш 5 мили евра комуналии или да дадеш хипотека од 11 мил.А некој ист објект легализира за 30 илјади евра.Овој 1 метар отстапувал.
Па системот го сменивме токму за тоа да нема вакви методи на пресметка законот за сите да е ист.
Системот го сменивме за да нема едноумие. Значи доколку работиш законски можеш да плукаш колку сакаш на кого сакаш, никој ништо не ти може. Порано ќе си лежел затвор ако не го сакаш Тито, немора ниеден закон да прекршиш.
Ќе повторам уште еднаш дека рушење на објект на политички опонент а истовремено толерирање на сите објекти на сопствените политички партнери се вика одмазда, а не функционирање на институциите.

Кога ќе почнеме да ги нарекуваме работите со вистинското име, тогаш можеме да дискутираме на темава.
Тоа што ти го нарекуваш одмазда, во цел свет го нарекуваат почитување на закони. Во сите земји во Европа ситуацијата е слична, ако си близок со власта проаѓаш, ако си опозиција си под надзор. Ако прекршиш закон си го јадел. Ова што сега се случува кај нас не е ништо ново, нам ни е, затоа што досега само ги рекетираа политичките противници и им дозволуваа да продолжат. Ѕинго со Љубчо и Љубе, Орце со Бранко. Овој сега е радикален и несака договор, сака да ги уништи, а тие му го дозволуваат тоа.
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
So ovie komunjarski mislenja ste dosadni vekje, na koi lugje od 'pozicijata' ne se legalni objektite moze barem eden primer da kazes ?
Samo slapate bezvrska, koga ke se zatvori nekoj zosto se zatvoril ili kaznil.. koga ne se cepkaat pa kriminal imalo ..

Ni vas nikoj nemoze da ve razbere (n)
Имаш листа на претходната страна. Џабе ти е врескањето, не можеш да го излажеш народот, си знае тој кои објекти се нелегални на "позицијата". Уште еднаш: ИМАШ НА ПРЕТХОДНАТА СТРАНА
--- надополнето: Aug 2, 2011 6:16 PM ---
Тоа што ти го нарекуваш одмазда, во цел свет го нарекуваат почитување на закони. Во сите земји во Европа ситуацијата е слична, ако си близок со власта проаѓаш, ако си опозиција си под надзор. Ако прекршиш закон си го јадел. Ова што сега се случува кај нас не е ништо ново, нам ни е, затоа што досега само ги рекетираа политичките противници и им дозволуваа да продолжат. Ѕинго со Љубчо и Љубе, Орце со Бранко. Овој сега е радикален и несака договор, сака да ги уништи, а тие му го дозволуваат тоа.
Бидејќи татко ти живеел во Германија, ај прашај го дали таму им ги рушат зградите на опозициски-настроените бизнисмени за мали отстапувања И целосно им ги толерираат дивоградбите на бизнисмените кои се дел од власта. Запази го ова "И" во претходната реченица.

Те чекам само да ми кажеш дека и во Германија е така.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
828
Поени од реакции
842
Имаш листа на претходната страна. Џабе ти е врескањето, не можеш да го излажеш народот, си знае тој кои објекти се нелегални на "позицијата". Уште еднаш: ИМАШ НА ПРЕТХОДНАТА СТРАНА
--- надополнето: Aug 2, 2011 6:16 PM ---

Бидејќи татко ти живеел во Германија, ај прашај го дали таму им ги рушат зградите на опозициски-настроените бизнисмени за мали отстапувања И целосно им ги толерираат дивоградбите на бизнисмените кои се дел од власта. Запази го ова "И" во претходната реченица.

Те чекам само да ми кажеш дека и во Германија е така.
Друже ова и со ИЛИ нема да биде точно а камо ли со и :)
И да има отстапки, тие би биле од архитектонски причини, и ќе дојде до некој меѓу-договор, и ќе дојде до измена во решението за дозвола на градба.
Второто не се толерира во никоја нормална држава.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Бидејќи татко ти живеел во Германија, ај прашај го дали таму им ги рушат зградите на опозициски-настроените бизнисмени за мали отстапувања И целосно им ги толерираат дивоградбите на бизнисмените кои се дел од власта. Запази го ова "И" во претходната реченица.

Те чекам само да ми кажеш дека и во Германија е така.
Да Германија, Италија, Франција, Британија сите партии на власт имаат миленичиња на кои никој ништо не им може, работат надвор од закони, додека пак бизнисмените што се блиски до опозицијата се цел на сличен линч. За дивоградби незнам, ама за други закони, знам од прва рака, имам бизнис-партнери таму, од некои увезувам кај некои извезувам.
--- надополнето: Aug 2, 2011 6:23 PM ---
Друже ова и со ИЛИ нема да биде точно а камо ли со и :)
Ете ова е најголем наш проблем. Кај нас се не чини во странство е се супер. Живееме во илузиите што ни ги прави Борјан со Еврозум. Во Европа нема ни корупција, ни непотизам се е совршено, ние овде сме ги измислиле тие работи.
 
Не е се супер, али ние сме се далеку од нив во било кое поле :) замисли го западот како експоненцијална а ние како логаритамска функција :) и ние напредуваме али сме се подалеку и подалеку од западните земји.
 
Тука можам да се согласам, ама бајките за совршениот запад не се точни. Политичкиот реваншизам, корупцијата, непотизмот таму се поистакнати и од кај нас, само што таму многу мал дел од луѓето се занимаваат со политика, затоа тие проблеми не се наметнуваат како големи општествени проблеми.
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Да Германија, Италија, Франција, Британија сите партии на власт имаат миленичиња на кои никој ништо не им може, работат надвор од закони, додека пак бизнисмените што се блиски до опозицијата се цел на сличен линч. За дивоградби незнам, ама за други закони, знам од прва рака, имам бизнис-партнери таму, од некои увезувам кај некои извезувам.
--- надополнето: Aug 2, 2011 6:23 PM ---
Не е точно. Таму ако некој скандал излезе во јавност и во медиуми, таму паѓаат премиери и претседатели. Да не ти давам примери. Тоа кај нас сеуште не се случило и како што тргнале работиве нема да се случи ни во подалечна иднина.

Ете ова е најголем наш проблем. Кај нас се не чини во странство е се супер. Живееме во илузиите што ни ги прави Борјан со Еврозум. Во Европа нема ни корупција, ни непотизам се е совршено, ние овде сме ги измислиле тие работи.
Во Европа и во САД корупцијата е претежно во највисоките бизнис кругови и од тоа тешко да има спас. Проблемот со Македонија, Балканот, Азија и Јужна Америка, е што корупцијата е стигната до најниското можно ниво, корупцијата е стигната до ОБИЧНИОТ ЧОВЕК. Кај нас не можеш да добиеш здравствена услуга, не можеш да си изградиш фамилијарна куќичка, не можеш да си отвориш едно обично дуќанче, а да не треба да потплатиш негде или да плаќаш редовен рекет.
Тоа е разликата помеѓу нас и развиените западни општества: таму човечката индивидуа не е изложена на секојдневно рекетирање и понижување.
Ај те молам кажи дали во Германија, Франција и Британија мораш да платиш за да добиеш медицинска услуга? Кај нас тоа е во повеќето случаи. Ете ти ја разликата, и немој повеќе да викаш дека е исто. Не е исто!
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Не е точно. Таму ако некој скандал излезе во јавност и во медиуми, таму паѓаат премиери и претседатели. Да не ти давам примери. Тоа кај нас сеуште не се случило и како што тргнале работиве нема да се случи ни во подалечна иднина.

Во Европа и во САД корупцијата е претежно во највисоките бизнис кругови и од тоа тешко да има спас. Проблемот со Македонија, Балканот, Азија и Јужна Америка, е што корупцијата е стигната до најниското можно ниво, корупцијата е стигната до ОБИЧНИОТ ЧОВЕК. Кај нас не можеш да добиеш здравствена услуга, не можеш да си изградиш фамилијарна куќичка, не можеш да си отвориш едно обично дуќанче, а да не треба да потплатиш негде или да плаќаш редовен рекет.
Тоа е разликата помеѓу нас и развиените западни општества: таму човечката индивидуа не е изложена на секојдневно рекетирање и понижување.
Ај те молам кажи дали во Германија, Франција и Британија мораш да платиш за да добиеш медицинска услуга? Кај нас тоа е во повеќето случаи. Ете ти ја разликата, и немој повеќе да викаш дека е исто. Не е исто!
Кај нас сеуште немаше скандал со документи во кој бил вмешан некој наш премиер или претседател (имаше за Црвенковски, но судот покасно утврди дека е местенка) па да видиме како ќе реагираат во таа ситуација. За скандали во кои се вмешани луѓе блиски до нив сеуште никој ни на запад не поднел отставка. Последни примери со Камерон со советникот од News of the World, Меркел со министерот за надворешни.
За индексот на корупција еве една статија, погледни ја мапата на крај ќе видиш дека 80% од земјите во Европа се покорумпирани од нас, итоа голем дел од нив се многу побогати од нас. За тоа што корупцијата има стигнато до обичниот човек, виновен е и обичниот човек. Знам многу примери кога луѓе даваат пари да им се заврши нешто побрзо затоа што не им се чекало во законскиот рок. Здравствениот систем во овие три држави што ги наброја е беспрекорен, еден од најдобрите во светот, ама има и богати држави со многу полош од нашиот, САД на пример.

Темава на која дискутиравме има врска со високата политика. Погоре и сам потврди дека кога станува збор за неа секаде е исто. Тоа се трудев да го објаснам цело време.
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Кај нас сеуште немаше скандал со документи во кој бил вмешан некој наш премиер или претседател (имаше за Црвенковски, но судот покасно утврди дека е местенка) па да видиме како ќе реагираат во таа ситуација. За скандали во кои се вмешани луѓе блиски до нив сеуште никој ни на запад не поднел отставка. Последни примери со Камерон со советникот од News of the World, Меркел со министерот за надворешни.
Јас не зборувам за поднесување оставка, на Запад апсат министри ако излезат документи за вмешаност во криминал.

А во Русија на пример, нешто слично како кај нас, 10 години некој криминален олигарх бил "супер другарче", а кога ќе почне да не се согласува со политиката, е тогаш имаш екстра-брз притвор и скапување во затвор (Ходорховски).

Значи, другар, проблемот кај нас е во НЕПОСТАПУВАЊЕТО против криминалците кои се блиски до власта.

Жив пример ти е Велија Рамковски. Со него можеш да почнеш и завршиш во анализа на (бедната) ситуација кај нас. Човек кој со години лажеше бизнис партнери, избегнуваше долгови, не плаќаше данок, итд. беше ПРВ ДРУГАР со Грујче најмалку неколку години. А кога пукна тиквата? Е тогаш никој не го познаваше Рамковски.

Ме разбираш? Со тоа овие политичари се СОУЧЕСНИЦИ во криминалот.

А сега сакаат да не прават овци и да не убедуваат дека баш овие бизнисмени се црните ѓаволи. А до вчера нивни пријатели и партнери во криминалот.
 
Велија може да напише роман, убеден сум дека ќе биде бестселер а многу политичари ќе се препотуваат. За селективноста на правдата јас повторно тврдам дека тоа е секаде така, освен во Скандинавија и Швајцарија. Не постои политичар во светов што не ја заслужува придавката корумпиран. Сепак е подобро да ги апсат само политичките противници, отколку да не апсат никој. Вака барем го навлекуваат гневот на другата страна и сигурно ќе има одмазда, ќе страдаат и овие кои сега изгледаат како бели мечки. Многу подобро да се раскусуруваат преку транзиционите лопови, отколку на грбот на чесни бизнисмени кои по било кој основ се блиски до некоја партија.
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
За индексот на корупција еве една статија, погледни ја мапата на крај ќе видиш дека 80% од земјите во Европа се покорумпирани од нас, итоа голем дел од нив се многу побогати од нас. За тоа што корупцијата има стигнато до обичниот човек, виновен е и обичниот човек. Знам многу примери кога луѓе даваат пари да им се заврши нешто побрзо затоа што не им се чекало во законскиот рок. Здравствениот систем во овие три држави што ги наброја е беспрекорен, еден од најдобрите во светот, ама има и богати држави со многу полош од нашиот, САД на пример.
Не е во ред (!) во најмала рака не е фер према мене и другите дискутанти, да пишуваш бројки од ракав. Кои се тие 80% земји од западната Европска Унија (каде што не ги вбројувам централно-европските бившо-комунистички земји како Чешка, Полска, итд.) кои во од-тебе-цитираната статија имаат поголема корупција од Македонија?

Како што јасно се гледа на сликата, само Грција и Италија се покорумпирани, а Германија, Франција, Британија, Австрија, Холандија, Ирска, Шпанија, Португалија, а да не зборуваме за Данска, Шведска, Норвешка и Финска, се ПОНЕКОРУМПИРАНИ од Македонија.

Значи бројката не ти е точна, а констатацијата сосема погрешна.

Македонија е ПОКОРУМПИРАНА од скоро сите земји во западната Европска Унија - тоа е она што кажува текстот кој самиот ти го цитираше.

САД и Канада, како што гледаш, се исто понекорумпирани од Македонија.

Значи, повторно испаѓа дека - не е исто(!).
--- надополнето: Aug 2, 2011 7:26 PM ---
Велија може да напише роман, убеден сум дека ќе биде бестселер а многу политичари ќе се препотуваат. За селективноста на правдата јас повторно тврдам дека тоа е секаде така, освен во Скандинавија и Швајцарија. Не постои политичар во светов што не ја заслужува придавката корумпиран. Сепак е подобро да ги апсат само политичките противници, отколку да не апсат никој. Вака барем го навлекуваат гневот на другата страна и сигурно ќе има одмазда, ќе страдаат и овие кои сега изгледаат како бели мечки. Многу подобро да се раскусуруваат преку транзиционите лопови, отколку на грбот на чесни бизнисмени кои по било кој основ се блиски до некоја партија.
А каква корист ќе има општеството од апсење само на политичките противници? Забава за народот пред телевизор со пуканки?! Со апсење само на политичките противници не се намалува корупцијата и високиот криминал поради тоа што уапсените опозиционери веќе се надвор од сите бизниси а моментално-активните криминалци продолжуваат да си го тераат биснисот.

Ме разбираш ли дека ако апсат само противници (кои веќе се надвор од власта и немаат никаква моќ да продолжат со криминалот), ништо не се менува во системот, тековните криминалци сеуште си тераат работа, а единствената добивка е јавниот театар за народот.

Од друга страна, ако апсат само нивни т.е. тие кои МОМЕНТАЛНО "криминалисуваат", само тогаш општеството има ќар, затоа што се чисти од моментално-активни криминалци. Да, тогаш нема таква забава за народот, ама добива општеството!
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Не е во ред (!) во најмала рака не е фер према мене и другите дискутанти, да пишуваш бројки од ракав. Кои се тие 80% земји од западната Европска Унија (каде што не ги вбројувам централно-европските бившо-комунистички земји како Чешка, Полска, итд.) кои во од-тебе-цитираната статија имаат поголема корупција од Македонија?

Како што јасно се гледа на сликата, само Грција и Италија се покорумпирани, а Германија, Франција, Британија, Австрија, Холандија, Ирска, Шпанија, Португалија, а да не зборуваме за Данска, Шведска, Норвешка и Финска, се ПОНЕКОРУМПИРАНИ од Македонија.

Значи бројката не ти е точна, а констатацијата сосема погрешна.

Македонија е ПОКОРУМПИРАНА од скоро сите земји во западната Европска Унија - тоа е она што кажува текстот кој самиот ти го цитираше.

САД и Канада, како што гледаш, се исто понекорумпирани од Македонија.

Значи, повторно испаѓа дека - не е исто(!).
Втората група има многу сличен индекс на корупција со нашиот. Ако го земеш во предвид фактот колку построго не оценуваат нас, отколку нив ќе видиш дека сме во целосно иста ситуација.

Во ред можеби констатацијата ми беше погрешна. Точната би била 80% од Европските земји имаат сличен или полош индекс на корупција од нашиот. За Скандинвските држави и Канада не ми паднало на крај памет било кога да ги споредам со Македонија.
--- надополнето: Aug 2, 2011 7:32 PM ---
А каква корист ќе има општеството од апсење само на политичките противници? Забава за народот пред телевизор со пуканки?! Со апсење само на политичките противници не се намалува корупцијата и високиот криминал поради тоа што уапсените опозиционери веќе се надвор од сите бизниси а моментално-активните криминалци продолжуваат да си го тераат биснисот.

Ме разбираш ли дека ако апсат само противници (кои веќе се надвор од власта и немаат никаква моќ да продолжат со криминалот), ништо не се менува во системот, тековните криминалци сеуште си тераат работа, а единствената добивка е јавниот театар за народот.

Од друга страна, ако апсат само нивни т.е. тие кои МОМЕНТАЛНО "криминалисуваат", само тогаш општеството има ќар, затоа што се чисти од моментално-активни криминалци. Да, тогаш нема таква забава за народот, ама добива општеството!
Ќе има и тогаш забава за народот, ама едноставно нема да најдеш такви политичари кои би ги апселе своите. Не се согласувам дека ако не си близок со власта не си моќен. Ѕинго и кога не е во власта контролира пазар во цели сектори. Ако некој го уапси него јас ќе славам 2 месеци.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom