За индексот на корупција еве
една статија, погледни ја мапата на крај ќе видиш дека 80% од земјите во Европа се покорумпирани од нас, итоа голем дел од нив се многу побогати од нас. За тоа што корупцијата има стигнато до обичниот човек, виновен е и обичниот човек. Знам многу примери кога луѓе даваат пари да им се заврши нешто побрзо затоа што не им се чекало во законскиот рок. Здравствениот систем во овие три држави што ги наброја е беспрекорен, еден од најдобрите во светот, ама има и богати држави со многу полош од нашиот, САД на пример.
Не е во ред (!) во најмала рака не е фер према мене и другите дискутанти, да пишуваш бројки од ракав. Кои се тие 80% земји од западната Европска Унија (каде што не ги вбројувам централно-европските бившо-комунистички земји како Чешка, Полска, итд.) кои во од-тебе-цитираната статија имаат поголема корупција од Македонија?
Како што јасно се гледа на сликата, само Грција и Италија се покорумпирани, а Германија, Франција, Британија, Австрија, Холандија, Ирска, Шпанија, Португалија, а да не зборуваме за Данска, Шведска, Норвешка и Финска, се ПОНЕКОРУМПИРАНИ од Македонија.
Значи бројката не ти е точна, а констатацијата сосема погрешна.
Македонија е ПОКОРУМПИРАНА од скоро сите земји во западната Европска Унија - тоа е она што кажува текстот кој самиот ти го цитираше.
САД и Канада, како што гледаш, се исто понекорумпирани од Македонија.
Значи, повторно испаѓа дека - не е исто(!).
--- надополнето: Aug 2, 2011 7:26 PM ---
Велија може да напише роман, убеден сум дека ќе биде бестселер а многу политичари ќе се препотуваат. За селективноста на правдата јас повторно тврдам дека тоа е секаде така, освен во Скандинавија и Швајцарија. Не постои политичар во светов што не ја заслужува придавката корумпиран. Сепак е подобро да ги апсат само политичките противници, отколку да не апсат никој. Вака барем го навлекуваат гневот на другата страна и сигурно ќе има одмазда, ќе страдаат и овие кои сега изгледаат како бели мечки. Многу подобро да се раскусуруваат преку транзиционите лопови, отколку на грбот на чесни бизнисмени кои по било кој основ се блиски до некоја партија.
А каква корист ќе има општеството од апсење само на политичките противници? Забава за народот пред телевизор со пуканки?! Со апсење само на политичките противници не се намалува корупцијата и високиот криминал поради тоа што уапсените опозиционери веќе се надвор од сите бизниси а моментално-активните криминалци продолжуваат да си го тераат биснисот.
Ме разбираш ли дека ако апсат само противници (кои веќе се надвор од власта и немаат никаква моќ да продолжат со криминалот), ништо не се менува во системот, тековните криминалци сеуште си тераат работа, а единствената добивка е јавниот театар за народот.
Од друга страна, ако апсат само нивни т.е. тие кои МОМЕНТАЛНО "криминалисуваат", само тогаш општеството има ќар, затоа што се чисти од моментално-активни криминалци. Да, тогаш нема таква забава за народот, ама добива општеството!