Фан Клуб: Јувентус

Член од
6 мај 2008
Мислења
1.834
Поени од реакции
492
Абе лани имавте 3ца дм играчи а оваа сезона ни еден ке зимате некој ? :D
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.589
Поени од реакции
17.431
НЕ ПОСТИРАЈТЕ МНОГУ И ОГРОМНИ СЛИКИ. КЛАВАЈТЕ ЛИНКОЈ. ЕДЕН СААТ СЕ ЧИТА СТРАНАТА.
Нема потреба од Caps Lock ....се чита и со мали :)
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Вучиниќ пристигна во Торино. Утре ќе ги мине лекарските прегледи. Според мене ова е најдобриот потег на Марота од неговото доаѓање. Вучиниќ е еден од најдобрите напаѓачи во Италија и еден од подобрите во светот ... комплетен шпиц, феноменален фудбалер. Потребен ни се уште Варгас и Лугано и подготвени сме.
 
С

сашенко

Гостин
Вучиниќ пристигна во Торино. Утре ќе ги мине лекарските прегледи. Според мене ова е најдобриот потег на Марота од неговото доаѓање. Вучиниќ е еден од најдобрите напаѓачи во Италија и еден од подобрите во светот ... комплетен шпиц, феноменален фудбалер. Потребен ни се уште Варгас и Лугано и подготвени сме.
Мислам дека малце го прецени Вучинич.Си има свои квалитети ама сите овие зборови што ги изнакажа ги нема оправдано иако важел од секогаш за голем талент.Нека му се посреќи трансферов па нека блесне кај нас.Ке му биде предизвик сигурно затоа што изгледа сепак е планиран како напаѓач да игра а покрај Матри и Кваљарела ке треба и те како да се покаже за да се пробие во прв тим.

Едно нешто ме интересираше.Дали Варгас и Вучинич имаат случајно италијански пасош или како нон-еу доаѓаат? Ни Видал немаше германски ако добро се сеќавам, а тоа значи дека само уште еден имаме право да земеме така?
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786

Мирко во Торино. Утре медицински прегледи и потпис на договорот. Штотуку се вратив од одмор иначе, гледам освен позајмицата на Мело ( :cautious: ), одлично се држиме на пазарот. Уште лево крило, централен бек и топ сме.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Што ќе ни се напаѓачи бреее .. Што го земале Вуле бре ц ц ц ... Уште 3 такви ко него имаме ( Тони,Амаури,Јакинта) ..... Дај бре Марота купи некое асално ЛЕВО КРИЛО а не напаѓач
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Што ќе ни се напаѓачи бреее .. Што го земале Вуле бре ц ц ц ... Уште 3 такви ко него имаме ( Тони,Амаури,Јакинта) ..... Дај бре Марота купи некое асално ЛЕВО КРИЛО а не напаѓач
По ангажманот на Вучиниќ сигурно е дека Амаури и Јакинта ќе бидат продадени. За мене Вучиниќ е едно ниво погоре од преостанатите напаѓачи кои ги имаме (не мислам и на Дел Пиеро зошто секоја компарација би била погрешна). Со Кваљарела, Матри и Вучиниќ, потпомогнати од Дел Пиеро и Тони го имаме еден од најдобриот напад во Италија, ако не е најдобриот. Потребно е едно лево крило и централен дефанзивец. Бонучи нека иде на продажба, ако му извлечат 10 милиони на Зенит веднаш нека го продадат, со тие пари Варгас ќе го купиме, кој е идеално решение за левата страна.
 
С

сашенко

Гостин
Абе ние ке го купиме Варгас а измени за крилата кои ке бидат? Само Пепе?
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Абе ние ке го купиме Варгас а измени за крилата кои ке бидат? Само Пепе?
Па остануваат Пепе и Мартинез, ако не го продадат Уругваецов. Исто така според мене тенки сме и во централниот среден ред. Покрај Пирло и Маркисио тука се само уште Видал и Пациенца, незнам дали тоа би било доволно. Незнам што ќе се случи со Екдал и Алмирон, но мислам дека мали се шансите еден од нив да остане. Алмирон не е лош за резерва.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
тимот не игра во европа па бараме две јаки постави кога до лани одвај и првата се крпеше......со Вучко и едно добро лево крило,како и Лугано место Бонучи,па и Бонучи да остане не е така лош играч може да се затвори трансфер листата и да се почне со сериозни подготовки
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
Новиот играч на Јувентус Мирко Вучинич веке се запознал со некои нови соиграчи а и се запознал со Мистер Конте се очекува во 17 : 30 да го има првиот тренинг со новите соиграчи 11:43 - Mirko Vucinic in the afternoon would go to Vinovo to meet Mr. Conte and his new companions, who will train at 17:30 at Juventus Center.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
25
Поени од реакции
20
Нема логика да го дадат Бонучи. После Киелини тој ни е најдобар централен. Игра прва постава у репрезентација и тек ке напредува зошто е млад. И да го донесат Лугано сигурно ке остане зошто друг немаме. А и не сум баш сигурен дека Лугано ке има предност во однос на Бонучи
 

Kajgana Shop

На врв Bottom