S
smexy
Гостин
Да знаеа моите најдобро немаше да бидам ни половина пореметен од тоа што сум.
Благодарам за одговорот. Не станува збор за губање доверба, работата не е заслуга на моите родители, моите поима немаат од англиски јазик, а станува збор за странска авио компанија, така да цело време јас одлучувам и само сакав да имам поддршка ништо повеќе.Нормално кај родител секогаш постои страв за следниот чекор на детето.
Ако е цела тема само за избор на работно место стујардеса, ако имате воспоставен однос на дискусија без инаетење, со здрав муабет, како возрасни луѓе (така сфатив, дека си над 20 години).. Ако се работи општо за неприфаќање на секое твое мислење од нивна страна, тогаш можеби е до табиетот...дали твојот или нивниот, не би сакал да навлегувам или навредувам, не е мое да судам.
Треба да се запрашаш и колку свои одлуки не си почитувала или си донела погрешни одлуки...дали довербата кај нив е разнишана...и така натаму.
На крај краева, она што си денеска, сигурно голем дел е заслуга токму на родителите.
Родителите НЕ знаат најдобро, едноставно така мислат и прават колку и како што знаат.
не знаат да отворат фејсбук сметка или не знаат што е чат?Која е разликата меѓу вашата и нивната младост, во што?Е не е така, времињата на нашата и на нивната младост се многу различни, различен е и секој живот.
Разгалена татина принцеза?? Светот само во пари ако го гледаш, ништо нема да видиш, зошто живејте бе??? Пари пари пари, не излегуваш, не се дружиш ама апсолутно ништо. и само калапи пари и работи само бери, Добро бе кај ќе ги носат тие пари - ВГРОБ??? Господ ти ја зема душата и парите ќе ти останат овде, горе пари не бараат, багаж не е дозволен........И така проблемот сеуште продолжува.......... татко ми запнал зошто постојано аплицираш за работа во странство ?? Зошто само странство ? Што не си седиш тука во златна Македонија со најблиските ?
Е зошто де ? Колку пати треба да објаснувам дека едноставно не можам да се навикнам на македонскиот менталитет , јас не можам да му се умилкувам на некој цили -мили, не можам да молам некој тука за нешто, едноставно не можам да озборувам, мене не ме интересира што прават комшиите , ниту имам појдено на кафе кај комшивката , ниту ме интересираат туѓи животи , не сум навикната јас да се мешам каде што не ми е местото ...........странство си е странство колку и да е мизерно таму, до сега со секој кој има останато да живее во странство а со кој јас имам муабетено секој си живее и што е најбитно ИМА ПАРИ макар и да зема минимална плата, постојано има пари...........
Не можам да прифатам кога цело време ми се велио да останам во Македонија и цело време тука да се заковам и заробам кога ЛИЧНО ЗА МЕНЕ од воздух не се живее во Мк.......некаде на форумов имам спомнато дека на некои луѓе им е убаво во Македонија, е во тие некои спаѓаат и моите , си го наредиле бизнисот и сега на нив им е супер животот во Македонија, ама ЈАС ЛИЧНО не можам и ден денес да се прилагодам тука
Ете денес заминуваат на одмор моиве во Тунис, јас немам намера да одам на одмор додека не ги средам документите за странство, макар да треба да бидам САМА против СИТЕ.
Барам објаснување од тебе што значи тоа разгалена татина принцеза ?Разгалена татина принцеза?? Светот само во пари ако го гледаш, ништо нема да видиш, зошто живејте бе??? Пари пари пари, не излегуваш, не се дружиш ама апсолутно ништо. и само калапи пари и работи само бери, Добро бе кај ќе ги носат тие пари - ВГРОБ??? Господ ти ја зема душата и парите ќе ти останат овде, горе пари не бараат, багаж не е дозволен........
+Барам објаснување од тебе што значи тоа разгалена татина принцеза ?
Јас еве година дена како живеам со моите дома , бидејки бев одделена од семејството и бев пресреќна надвор од Македонија....
Не ми е јасно што сакаш да кажеш или повторно македонскиот менталитет правење попаметен ?
Од срце ти благодарам на деталниот одговор. Она што го имаш напишано е она што ти го сакаш и начинот на кој ти се имаш навикнато во твојот живот.+
Тој постот погоре ти цел ПАРИ ПАРИ ПАРИ ПАРИ, значи си научена на ПАРИ ПАРИ ПАРИ ПАРИ ПАРИ.....Одиш надвор од Македонија за ПАРИ ПАРИ ПАРИ ПАРИ ПАРИ, не ти се живее овде оти нема ПАРИ ПАРИ ПАРИ ПАРИ ПАРИ, Па богами го имам Македонскиот менталитет во мене, да живеам, да се дружам, да излегувам, и по некогаш знам сезонски да поработам во летото за да зеам некој денар и да одам да се одморам негде и да си купам нешто, ама да ги берам и берам и да сакам да избегам негде за да берам уште и се да гледам во пари - тоа не...Имам едни роднини во Австралија, и кога дојдоја овде почнаа со "Абе ваму имаме куќа, сега зедовме 2 коли, ќе купуваме куќа" а на одмор не одеа да не потрошат нешо, и ги берат само, не сакам да ги гледам појќе ако ми се нешто, тие не се луѓе туку робови за повеќе пари и кога ќе им дојде времето нема да им вреди ни денар. Не мора да имаш многу пари за да бидеш среќен. Јас сакам пристоен живот со фамилија, и пријатели со кои можам да се напијам кафе, да излезам да живеам а не затворен само на работа и дома и да берам пари, кои некој ден кога ќе ги имам многу ќе седат така а јас нема да бидам тука, туку ќе заминам од тука со вкупен збир на животот на кој се се сведува на рмбај по цел ден и бери пари а не троши ништо туку само да ги гледаш колку имаш и да имаш повеќе од некој свој и да се ситиш со тоа...