Родителите знаат најдобро

  • Креатор на темата Antigona
  • Време на започнување
A

Antigona

Гостин
Нормално кај родител секогаш постои страв за следниот чекор на детето.
Ако е цела тема само за избор на работно место стујардеса, ако имате воспоставен однос на дискусија без инаетење, со здрав муабет, како возрасни луѓе (така сфатив, дека си над 20 години).. Ако се работи општо за неприфаќање на секое твое мислење од нивна страна, тогаш можеби е до табиетот...дали твојот или нивниот, не би сакал да навлегувам или навредувам, не е мое да судам.
Треба да се запрашаш и колку свои одлуки не си почитувала или си донела погрешни одлуки...дали довербата кај нив е разнишана...и така натаму.
На крај краева, она што си денеска, сигурно голем дел е заслуга токму на родителите.
Благодарам за одговорот. Не станува збор за губање доверба, работата не е заслуга на моите родители, моите поима немаат од англиски јазик, а станува збор за странска авио компанија, така да цело време јас одлучувам и само сакав да имам поддршка ништо повеќе.

Инаку, темава воопшто не сакав да биде наменета за мене, ете конктретно јас имав недоразбирање со моиве, а чисто сакав да знам како вие се справувате со вашите по дома кога тие не се согласуваат со вашиот избор на било што во било кое поле од животот.

Ок, како и да е, благодарам уште еднаш.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.242
Недоразбирања се неизбежни, но со здрав разговор, во одреден темпиран момент со малку убедувачки дух...лесно се надминуваат. Тоа е еден вид калење пред детето да излезе и да се соочи со многу поголемите проблеми, намалување на вредноста и различни други неповолни ситуации на работа, во средината, во однос со своето дете...воопшто во идниот живот. Јас со оглед на возраста, не се справувам со родители, се справувам моментално со децата. Од сопствени искуства знам дека е добро да му се даде на детето рамноправен глас и плодна домашна дискусија, но не е баш препорачливо да се остави дете на своите идеи и размислувања за идните чекори. Сепак е дете, а кај децата прво работат хормоните, младоста...друго, децата немаат големи искуства со реални ситуации и животни непогоди и можни сценарија за преживување и прехранување на семејството.
Инаку претходните негодувања ме потсетија на моите негодувања кон моите родители. Кај секоја генерација, помалку повеќе се повторува истото. Со тек на време размислувањата (за слобода на избор и право на сопствени решенија без консултации со постарите) на секој човек кој станал родител најчесто му се менуваат за 180.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
238
Поени од реакции
306
Родителите НЕ знаат најдобро, едноставно така мислат и прават колку и како што знаат. ИМа родители што оставаат скоро се во рацете на детето уште од 1во одделение а има и такви кои иако години живееш далеку од нив и одамна си полнолетен сакаат да имаат увид во се и да ги послушаш за се што ти се случува во животот, за секоја ситуација, затоа што тие „го поминале тоа и знаеле повеќе“. Е не е така, времињата на нашата и на нивната младост се многу различни, различен е и секој живот. Треба да знаат дека доаѓа возраст кога треба да го остават детето да го живее животот на свој начин. Можат да дадат само совет, без да го наметнуваат и без да те сметаат за неискусен и незрел само затоа што за нив и на 50 години ќе си им дете.
 
Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Па може да се рече, ми го покажаа добриот пат, е сега мое беше дали ќе продолжам по правиот пат и се ќе се одвива како што треба или не. За среќа добро ми оди и сега не ни барам(а и не ми даваат) нешто многу совети бидејќи знам како функционира тоа што го работам. А да ми треба било што нормално секогаш се тука за консултации :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.242
Родителите НЕ знаат најдобро, едноставно така мислат и прават колку и како што знаат.
Е не е така, времињата на нашата и на нивната младост се многу различни, различен е и секој живот.
не знаат да отворат фејсбук сметка или не знаат што е чат?Која е разликата меѓу вашата и нивната младост, во што?
Може некој пример каде не знаеле најдобро, каде грешеле систематски?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Тоа што се случува меѓу родителите и детето зависи од нив. Секоја ситуација е различна, па можеме само да генерализираме и да кажеме дека родителите во најголем број се заинтересирани за иднината на своите деца. Стекнале некакво искуство, поминале полошо или подобро, виделе, чуле, сеедно, па сакаат пренесувајќи го тоа да му олеснат на потомството. Е сега, дали знаат најдобро, пак зависи од тоа колку акал, тактичност и толерантност се способни да им испорачаат на децата. И уште повеќе зависи од тоа колку добро си ги познаваат децата, нивната интелигенција, навики и желби. Затоа што има извесен број сурати кои едноставно решиле да испланираат нечиј живот (и образование и кариера и брак и сл.) само затоа што го зачнале. Да лечат комплекси и да се остваруваат себеси преку некој друг. И тешко на оној кој нема да им ги задоволи амбициите (тоа ќе му дојде како промашување на нивниот живот по втор пат, само сега ќе можат да вперат прст во друг).
И обратно, постојат луѓе кои се склони да го запостават потомството, едноставно да го остават само да се снаоѓа.
Покрај овие два екстреми (има и други, ама на овие ми текна) сепак останува главнината која го има зачувано она што е потребно за одгледување здрави личности, која има разбирање, и која ако не најдобро, секако многу добро знае како се воспитува, како се разговара со сопственото дете.
 
Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.042
Поени од реакции
2.130
Да да мислам дека е така , мислам дека тие знаат најдобро за нас , само не се согласувам со тоа кога ние ке одлучиве за нешто ..на пример у кое средно школо ке идеме , или у кој факс не е важно , а они ни се спротиставуваат и ни кажуваат ко демек то не било за нас ...а да , и ги слушам најчесто што ке кажат ...само понекогаш знаат добро да ме извадат од такт ...но сепак тие ни мислат најдобро и сакаат да тргнеме по правилни патеки и да стигнеме далеку , и нормално да постигнеме повеке од нив
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Дека ни мислат најдобро, во тоа нема сомневање. Дека секогаш се во право и дека знаат се - не е секогаш точно. Проблемот е во тоа што родителите врз сопствените искуства се обидуваат да ни помогнат, посоверуваат, насочат... Е сега главната финта е во тоа што ние не налетуваме во истите ситуации како тие што налетувале и ни се случуваат различни работи и доживувања кои тие не можат да ги разберат и мислат дека како што било за нив, треба да биде за нас и слично.

Порано многу се нервирав, но едноставно сега знам дека мајка ми секогаш и апсолутно секогаш ми мисли најдобро и затоа ја сослушувам што има да каже и не реагирам импулсивно како што сум реагирала порано.
 
A

Antigona

Гостин
И така проблемот сеуште продолжува.......... татко ми запнал зошто постојано аплицираш за работа во странство ?? Зошто само странство ? Што не си седиш тука во златна Македонија со најблиските ?

Е зошто де ? Колку пати треба да објаснувам дека едноставно не можам да се навикнам на македонскиот менталитет , јас не можам да му се умилкувам на некој цили -мили, не можам да молам некој тука за нешто, едноставно не можам да озборувам, мене не ме интересира што прават комшиите , ниту имам појдено на кафе кај комшивката , ниту ме интересираат туѓи животи , не сум навикната јас да се мешам каде што не ми е местото ...........странство си е странство колку и да е мизерно таму, до сега со секој кој има останато да живее во странство а со кој јас имам муабетено секој си живее и што е најбитно ИМА ПАРИ макар и да зема минимална плата, постојано има пари...........

Не можам да прифатам кога цело време ми се велио да останам во Македонија и цело време тука да се заковам и заробам кога ЛИЧНО ЗА МЕНЕ од воздух не се живее во Мк.......некаде на форумов имам спомнато дека на некои луѓе им е убаво во Македонија, е во тие некои спаѓаат и моите , си го наредиле бизнисот и сега на нив им е супер животот во Македонија, ама ЈАС ЛИЧНО не можам и ден денес да се прилагодам тука :(

Ете денес заминуваат на одмор моиве во Тунис, јас немам намера да одам на одмор додека не ги средам документите за странство, макар да треба да бидам САМА против СИТЕ.
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913

Разгалена татина принцеза?? Светот само во пари ако го гледаш, ништо нема да видиш, зошто живејте бе??? Пари пари пари, не излегуваш, не се дружиш ама апсолутно ништо. и само калапи пари и работи само бери, Добро бе кај ќе ги носат тие пари - ВГРОБ??? Господ ти ја зема душата и парите ќе ти останат овде, горе пари не бараат, багаж не е дозволен........
 
Барам објаснување од тебе што значи тоа разгалена татина принцеза ?
Јас еве година дена како живеам со моите дома , бидејки бев одделена од семејството и бев пресреќна надвор од Македонија....

Не ми е јасно што сакаш да кажеш или повторно македонскиот менталитет правење попаметен ? :)
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Барам објаснување од тебе што значи тоа разгалена татина принцеза ?
Јас еве година дена како живеам со моите дома , бидејки бев одделена од семејството и бев пресреќна надвор од Македонија....

Не ми е јасно што сакаш да кажеш или повторно македонскиот менталитет правење попаметен ? :)
+

Тој постот погоре ти цел ПАРИ ПАРИ ПАРИ ПАРИ, значи си научена на ПАРИ ПАРИ ПАРИ ПАРИ ПАРИ.....Одиш надвор од Македонија за ПАРИ ПАРИ ПАРИ ПАРИ ПАРИ, не ти се живее овде оти нема ПАРИ ПАРИ ПАРИ ПАРИ ПАРИ, Па богами го имам Македонскиот менталитет во мене, да живеам, да се дружам, да излегувам, и по некогаш знам сезонски да поработам во летото за да зеам некој денар и да одам да се одморам негде и да си купам нешто, ама да ги берам и берам и да сакам да избегам негде за да берам уште и се да гледам во пари - тоа не...Имам едни роднини во Австралија, и кога дојдоја овде почнаа со "Абе ваму имаме куќа, сега зедовме 2 коли, ќе купуваме куќа" а на одмор не одеа да не потрошат нешо, и ги берат само, не сакам да ги гледам појќе ако ми се нешто, тие не се луѓе туку робови за повеќе пари и кога ќе им дојде времето нема да им вреди ни денар. Не мора да имаш многу пари за да бидеш среќен. Јас сакам пристоен живот со фамилија, и пријатели со кои можам да се напијам кафе, да излезам да живеам а не затворен само на работа и дома и да берам пари, кои некој ден кога ќе ги имам многу ќе седат така а јас нема да бидам тука, туку ќе заминам од тука со вкупен збир на животот на кој се се сведува на рмбај по цел ден и бери пари а не троши ништо туку само да ги гледаш колку имаш и да имаш повеќе од некој свој и да се ситиш со тоа...
 
Од срце ти благодарам на деталниот одговор. Она што го имаш напишано е она што ти го сакаш и начинот на кој ти се имаш навикнато во твојот живот.

За жал :(, јас никако не можам да се навикнам на животот во држава во која ништо не функционира како што треба, во држава во која се функционира на база на врски , во која ти се мешаат во личен живот, во држава во која нема напредок , во држава во која и ден денес може да се сретнат луѓе кои имаат сфаќања уште од 18 век., менталитет, основна култура, екологија на најниско можно ниво, ѓубре на сите страни..............

Ете затоа не можам да живеам во Македонија :(

Парите не се проблем , ти ги имаш ставено на прво место бидејки си ме цитирал со главна точка Пари :)

Па да, супер ме потсети дека во Македонија тоа е зборот кој не го вадат од уста...пари и само пари.....Што не сретнам некој на улица да ми рече дека има или нема ПРИЈАТЕЛИ,,,,,цело време се жалат на тоа дали се има или нема ПАРИ.

Јас немам апсолутно нипто против, кој каде сака да си живее и каде му е најдобро,,,,,,,,,,,само проблемот е кога родителите те кочат во она што го сакаш :(
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.939
Поени од реакции
12.525
Родителите знаат најдобро да демотивираат....и уценуваат...и лажат. Не сите ама поголемиот број.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom