М
Мартин`
Гостин
Претседателот на Турција Абдула Ѓул синоќа го назначи генерал Неџет Озел за нов командант на копнените сили на земјата, соопштија светските агенции, повикувајќи се на информации на турските телевизии.
Се очекува Озел наскоро да биде назначен и за нов началник на Генералштабот на вооружените сили.
Според традицијата, на оваа должност се назначуваат само командантите на копнените сили, посочуваат светските агенции.
Претходно вчера оставка поднесе досегашниот началник на Генералштабот на турските вооружени сили генерал Јашак Кошанер, заедно со командантите на копнените, воено воздухопловните и военопоморските сили на Турција.
Поднесувањето на оставките се случи како реакција на разногласијата меѓу военото раководство и владата за унапредување на генерали, кои се наоѓаат во затвор заради сомневања дека учествувале во заговори за преврат, посочуваат агенциите, повикувајќи се на турските телевизии.