Фан Клуб: Јувентус

Член од
5 јануари 2009
Мислења
57
Поени од реакции
18
Браво за статијата значи се има од збор до збор!
Во голем дел е во право напишаната статија иако би сакал да не е.Ама кога гледам дека Вучинич се смета како класа играч не знам стварно веќе што да мислам дај боже да ме демантират ама некако не ми се верува како и поголем дел од навивачите на Јувентус.Пирло исто така се смета за класа играч(во ред е дојде без пари ама на нас ни треба фудбалер ова е Јуве а не Марота да вика не можеме да се сносиме со гигантите како Челзи,Сити,Реал па тогаш за што е стаен он тамока има некој што ќе може да се сносе како што Конте кажа дека може да се сноси со ситуацијата а не да дава лоши изјави Марота се изнервирах па што го мисли тој ЈУВЕ дека е Сампдорија се излажал и тоа на големо).
Друго за мене добри фудбалери се: Киелини,Лихштајнер,Красич,Матри,Кваљарела(не би сакал да ме демантира и очекувам вечер гол од него),незнам за Видал ама сакам да е новиот Давидс.тоа се 5-6 души од кои само двајца од нив се од оваа сезона па нели Марота обеќаше стварно добри фудбалери или па ако не може да се земат тогаш нека трага по таленти кои барем ќе напредуваат како што прават Арсенал,Ајакс нека станеме пример заедно со Конте на чело за наша Академија така се развива фудбалот а не вака со доведување на играчи од 30-35 год. како Пирло( баш би сакал да е спротивно ) и потоа да ни се потсмева Галијани со неговата позната изјава -„Пирло е за во Јуве“.Тој успеа да ги доведе Ибрахимович(не сакам да го смислам ама има како него и други можат да се најдат а мислам дека не е во зимски рок доведен ),Касано и Робињо а нашиов Марота во зимскиот рок ни го доведе Лука Тони со објаснување дека е половина на сезоната и не може да се земат добри играчи а Интер му го лапна Пацини од пред очи не дека ногу ми се свиѓа Пацини само да го демантирам.

Дај боже да оди на подобро работата уште вечер мора да се оправа играта а не нашиве да се радуваат на гол на Пасквато.Знам дека сите ќе ми речете дека е уште рано да се создаде целосен тим,да се уиграат ама па барем да имаме посед на топка а не ја да гледам како игра противничката екипа а Пирло да суши гаќи на средина од терен.Ме радува Лихштајнер и Красич како играт чине ми се кога игра Јуве барем ќе го покријам целио монитор а ќе остаам само десната страна за да се израдувам и да исплакнам очите.

АЈДЕ ВЕЧЕР НА ПОДОБРО АМА ВЕЌЕ ТАКА СИ ВИКАМ ЕДНО 2-3 сезони!! Не дај боже и наредна по што нервно ќе оболам од овиа нашиве и + да губиме од„Лече“ на новиот стадион па нека се обесат на тоа држачите на стадионот баш се добро направени во бојата на Италија или јас ќе ги бесам кај мене на лустер .....

ПОЗДРАВ ЈУВЕНТАШИИИ!!
ЧИТКАМЕ СЕ ВЕЧЕР КОГА ПОЧНУВА НАШАТА УТАКМИЦА!!
 
С

сашенко

Гостин
Не разбирам што им е во главата на фудбалериве.Има луѓе по светов што живеат и со под 200 евра месечна плата.По европскиве земји може одлично да се живее и со 10 000 евра месечни примања.Да имаш понуда од над 150 000 евра неделна плата и тоа да не ти е доволно треба да се преиспиташ малце.Момаков изјавува дека сака да замине од својот клуб (каде што прима исто огромна плата или точно 7,5 милиона што е за 300 000 евра повеќе од мојата груба пресметка од 150 000 е.н. претходно) за да отиде едно ниво погоре во фудбалот и по нови предизвици.На почетокот мислев дека со тоа "ниво погоре" сака да каже некој голем и успешен (сега или некогаш) тим.И Манчестер Сити си имаат своја историја и свои успеси ама ме бунеше тоа ниво погоре цело време.Да се разбереме, јас го почитувам секој клуб и воопшто не ми е криво што Агурео отиде токму во овој клуб.Напротив, мило ми е што не заврши кај нас уште еден човек на кого парите му побитни од кариерата.Неговиот квалитет е несомнено голем ама сетете се има многу примери на такви таленти кои моќта на парите ги заслепи и заборавија дека се играчи.Агуеро е еден од оние играчи за кои верував дека никогаш нема да го помислам тоа, ама бидејки бев далеку од блиска проценка и за дузината други на кои им успеа да паднат во гомната што ги серат парите мислам дека ке биде најдобро да ги оставам опциите отворени.Да се вратам на Агуеро.Еден од моите омилени играчи.Класа голгетер, не толку тимски играч, ама решавач на утакмици.Дај му топка и седни и чекај да победите.Сам ке им ја земе топката на противниците, ке си поигра со нив малце и ке им даде гол на крај.До сега ги успеа да ги демантира сите оние "хејтери" ако можам така да кажам или пак подобро "реални фанови" на фудбалската игра и уметност што се сомневаа во неговите квалитети и покажа дека има класа.Но приказната не завршува со тоа "беше класа и си играше и си живееше среќно до крајот на животот".Oh, noo man.Доста добри играчи во минатато па и сега си ја имаат расипано својата кариера со погрешни трансфери.Некогаш го мислев тоа за Роналдо кога отиде во Реал.Сигурен сум дека не бев само јас што помисли така тогаш ама човекот си ја покажа класата и таму.Го помислив тоа еднаш и за Ибрахимович кога отиде во Барселона и :D......си ја покажа и тој класата таму:pos:.Како што гледате ни јас не сум некој што знае да направи прецизни предвидувања за тоа кој каде каква кариера ке има.Баба ванѓа одамна отиде, октоподот Пол не кажа кој ке го наследи а да купам друг октопод и да пробам дали ке погаѓа o_O повеќе ми се исплати печен да ми го испорачаат.Затоа ке оставам времето да си покаже.Се надевам дека ке има успешна кариера и ке освои многу трофеи со својот нов тим.Сепак, некако тешко ми паѓа на срце тоа што ке го гледам следната година во небесно синиот дрес.Немаше да ми биде криво ако отидеше во Реал или пак Барса.Немаше воопшто да ми биде криво ако отидеше и во некој Италијански или Германски тим.Ама тој отиде во фудбалскиот камп наречен Манчестер Сити каде богатите арапи кои незнаат каде да ги трошат своите милиони решија да ги соберат сите таленти од светов и да пробаат да направат успешна екипа.Да се потсетиме малце.Фудбалските правила велат дека на теренот од една екипа можат да искочат само 11 играчи и еден тим има право на само три измени.Сеуште незнам колку жители брои фудбалското село М.Сити, ниту по колку играчи на секоја позиција имаат и како сите тие ке добијат шанса во текот на годината да играат и да си ги одработат своите плати.А никогаш нема да сватам како може еден таков талент и играч како Агуеро да се одлучи за трансфер во ваков клуб и тоа да го смета за напредок во својата кариера и за ниво погоре.Ако има некој кој смета дека не се парите она што ги привлекува како магнет играчите да одат во сити, туку љубовта кој клубот и желбата да се облече тој дрес и да се прослават боите на клубот, ве молам објаснете како дојдовте до тој тешко сватлив заклучок.Не сум фудбалер и неможам да го почуствувам тоа чуство и таа желба да се игра за Манчестер сити денеска, а вака како навивач се повеќе и повеќе сум сигурен дека Агуеро како и уште доста други играчи отидоа таму за да се осигураат финансиски до крајот на животот.Не го потценувам Манчестер во никој случај, повторувам.Само се водам по изјавите на самиот играч.Инаку и Сити си имаат своја историја каква таква, и без разлика што е незамисливо да се споредуваат со било кој сега или некогаш успешен клуб со голема историја неможам да разберам како играч кој изјавува дека сака да замине од својот клуб и да оди едно ниво погоре и кон нови предизвици се одлучува за ваков тим.Неверојатно е до каде парите го однесоа фудбалот денес.

Се надевам не повредив нечии навивачки чуства со краткиов мој труд погоре и искрено од се срце се извинувам доколку направив такво нешто.Мојата намера беше далеку од тоа да налутам некого.Срдечен поздрав...
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
http://www.juventusmk.com/juve/index.php?option=com_content&view=article&id=481:2011-07-28-20-52-34&catid=1:latest-news&Itemid=50

све да му е*бам на тоа копиле марота, не зацрне, кој место агуеро и роси ке го носи вучинич а ? нц нц немало да ги поремети плановите вика за јак играч вучинич...и сеа ќе рече во јануер ке дојде ѕвезда ооо маме... ауууф да пукнеш од нервоза
 
A

apidrone

Гостин
Имам разбирање за некој како Ето кој изјави дека би прифатил мултимилионски договор со Сити (Ок, типот трипати ја освои ЛШ, титули во Примера и во Серија А, сака да заработи пред да се пензионира), ама за Агуеро немам никакво разбирање. Сепак среќен сум што не плативме голема сума за него. Мислам дека ќе згрешевме.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.104
Поени од реакции
359
Mislam deka do nekade ja svativ Taktikata na Marota a taa e: Bidejki Juve ne igra Ls ni Le cepame samo seria a i kupot on si smislil deka nema potreba od frlanje golemi pari i plati za igraci koi sto ke igraat samo seria a i kupot On
misli so kupuvanje na Medium class igraci deka ke uspee da grabi kon titulata i ocekuvano plasiranje vo Ls.I sega normalno so samoto plasiranje na Ls i prihodite od stadionot ke moze i ke ima povekje pari od sega i slobodno ke celi kon golemite igraci nudejki ima 4,5,6,7 mil plata bez problem Sto oni sigurno ke prifatat bidejki gledaat juve se vrakja na starite pateki i celi kon Novi tituli Taka da Zaklucok a sevo ova e deka tesko da vidime neso WC zasiluvanje ako dojde Vucinic!!Znaciiii u slucaj da dojde Vucinic edino jako zasiluvanje ke bide bastos i Lugano....
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
Агуеро не вреди повеќе од 28 мил евра - а овие опнаа 40 БРАВОООООООО:tapp: играчот е прогласуван за талент веќе 6-7 години наназад а никако да покаже дека е светска класа,според мене е доста напумпан од новинарите затоа што на теренот и не импресионира којзнае колку ! во право е Марота што не отиде да се наддава (или веќе го стори тоа ?!) со шеиците кои милионите ги фрлаат дека немаат друга работа моментално

Красич е пример за фудбалскиот свет и потсети колку толку на старите добри времиња кога фудбалерите сакаа да ја продолжат кариерата во својот омилен фудбалски клуб од детството каде играле неговите идоли !!! човекот истраа и успеа да изнуди со Марота разумна цена(обештетување) за неговиот бивши клуб,оттогаш се гледа дека настапува со срце и душа за тимот и го дава својот максимум и кога не е најрасположен - такви фудбалери се потребни,а не некои платеници.....како плачите по платениците кога тие едноставно НЕ ВЕ САКААТ туку парите им се побитни од спортките резултати
 
A

apidrone

Гостин
Добро сега, сигурно Атлетико нема веднаш да ја бара реалната цена, туку ќе се ценка. Тоа ти е исто ко на пазар: Ако патлиџаните вредат 30 ден, ти ќе бараш 40 за да као си спуштил на 30, пошо ако бараш 30 ќе ти се ценкаат за помалце и фактички губиш :) За нив немам замерки, фала богу дека ќе го продадат играчот на клубот што дава најмногу пари. Него лиглево баш ми е мило шо не дојде.. го глеав и со Уругвај, абе се изгуби на теренот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom