Дали вреди да се биде добар?

Вреди , ако знаеш како да го искористиш тоа. Да извлечеш корист од тоа шо си добар.
Ја сум добар, максимално и безусловно, ама шо ќар од тоа ? Од „фала“ и „ногу си добар„ нема леб.
 
Вреди , ако знаеш како да го искористиш тоа. Да извлечеш корист од тоа шо си добар.
Ја сум добар, максимално и безусловно, ама шо ќар од тоа ? Од „фала“ и „ногу си добар„ нема леб.
Јас би го напишал истио пост само наместо терминот добро би користел лошо/лош.
 
Вреди , ако знаеш како да го искористиш тоа. Да извлечеш корист од тоа шо си добар.

Ја сум добар, максимално и безусловно, ама шо ќар од тоа ? Од „фала“ и „ногу си добар„ нема леб

Зарем ти би бил добар само поради корист? И ако бидеш добар и без некој да ти каже фала тоа треба да те исполнува, треба да си горд на својата добрина. И според мене не треба да бидеш добар поради другите туку поради самиот себе :)

 
Дали вреди? Нормално дека вреди. Многу подобро лично јас би се чувствувал доколку некој ми рече дека си добар. Добриот збор и железни врати отвара.
 
Биди лош - те мразат, биди добар - те газат.
Вреди да се биде добар но мора да се биде и мудар и добрината да се употребува во умерени количини а не до тој степен да почне некој да те гази.
 
dobar ., toa znachi cel zhivot da rabotish protiv samiot sebe
 
Добар сум не само поради тоа што мислам дека вреди да се помогне, или да се биде добар со друг, туку и поради тоа што тоа ме прави самиот себе да се чувствувам подобро. Е сега нормално треба да им се даде до знаење на другите дека добрината не е нешто коешто треба да биде злоупотребувано, доколку некој се обиде да го направи тоа. Умерена добрина (земајќи го во предвид модерното општество), со мерка на претпазливост е најдобро според мене, со сепак ако некој е добар спрема мене, спремен сум да враќам неизмерно (нормално доколку добрината е комбинирана со лојалност) ;).
 
И да си добар и да си лош (иако никогаш не можеш да бидеш за сите добар, ниту за сите лош) си носи свои позитивни и негативни последици. Има човек разум колку-толку, па си мери на кантар што повеќе му паше.

Светец/апсолутен негативец досега не сум сретнал. Не би сакал да релативизирам премногу, секако дека постои добро и зло, но понекогаш сивата зона е толку широка што ги голта и двата апсолути и го прави светот ѓаволски тежок за разбирање и следствено и делување за еден човек кој тежнее да води етичен живот.
 
Дали да се биде добар добар значи да се биде глупав? Дали добрината е алтер его на глупавоста? Се надевам не.
 
Дали да се биде добар добар значи да се биде глупав? Дали добрината е алтер его на глупавоста? Се надевам не.

не дека е алтер его на глупавоста ама и кога си предобар со некој што знаеш дека не треба ... или па помагаш, даваш се што можеш, попушташ за на крај да ти го плеснат во лице и ништо да не ти се признае и за се ти да си крив, тогаш си помислеш зашо сам толку глупав/а
 
Мислам дека треба да се биде добар само кон оние кои ти прават и ти мислат добро
 
Цел живот им помагам на сите кои тоа ќе го побараат од мене а сите тие на кои им се наоѓав на било каков начин... и покрај тоа не знаат да те почитуваат како човек. Или никогаш тоа не го научиле во животот или не го знаат начинот како да ти возвратат, а многу е едноставно е .. Во животот е најважно почитувањето според мене.
Ако те почитуваат, тогаш друштвото (заедницата) ќе те прифатат. Вреди да се биде добар само према оние кои знаат да те почитуваат, да ти дадат подршка и ти помагаат во животот и работата.

Кај нас успеваат само тие кои се занимаваат како тајни агенти (шпиуни, кодоши) пример: во државната администрација многу лесно се препознаваат, а тоа се сите оние кои ништо не работат по цел ден и легачат на работното место и нон стоп се на телефонот. Од немање работа, за да бидат центар на внимание, се занимаваат нон стоп креативно со измислување на приказни за другите свои колеги и колешки, за да остварат некоја своја скриена цел од која може само да профитираат кај своите претпоставени (шефови и директори).
Некои имаат многу работа, но се имаат добро извежбано како глумци па поставуваат нон стоп некои навидум глупи и наивни прашања со цел да дојдат до некое сознание за нешто од кое утре ако добро го применат ќе дојдат до својата цел, пример: повеќе слободни денови, покачување на платата, помалку се оптеретени на работното место со работа, излегуваат кога сакаат и прават што ќе им текне, а тоа е затоа што секогаш имаат подршка од оние под чие влијание се.. Сите овие работи се присутни и во семејството, во друштвото, на улицата, секаде кај нас ...
Или ќе станеш дел нив или ќе ги ставиш на игнор или ќе останеш сам.

Најдобар начин по мое мислење е ако побараат нешто од тебе во истиот момент и ти да побараш нешто нив, и така ги ставиш на тест. Ако те одбијат тогаш го знаат твојот одговор.

Дали вреди да се биде добар и да им се помага на сите тие со кои работиш во една работна средина или во дрштвото, или во партијата или во друштвото на пријателите со кои се дружиш или на било кое друго место, се зависи од тоа како ќе се постават со тебе или како ќе се поставиш со нив.

Со лошите и злобни луѓе треба да се поставиш многу, многу внимателно и многу мудро, а ако сакаш да ги средиш во смисла да знаат каде им е местото и да се тргнат од тебе, мора да им ги откриеш сите слаби точки, за не дај боже ако се најдеш во иднина во тесно, да ги употребиш како адути за да преживееш во смрдената средина во која што живееш и работиш со нив, со други зборови да направиш да не се чепкаат со тебе и те стават на игнор. Само така ќе преживееш, во спротивно ќе станеш дел од нив ако сакаш да оствариш некоја своја (цел во кариерата), на сличен начин како нив. Тоа се денешните правила на живеење во една смрдена и гнасна средина, независно дали ти се допаѓаат или не.
Што мислите сега дали вреди да се биде добар ??? Можеби и понатаму вреди ако знаеш како да се поставиш и позитивно да влијаеш према лошите и злобни луѓе со единствена цел да ги претопиш за себе во добри и позитивни луѓе.
 
како прво дали да се биде добар ќе речам да ама внимателен на средината која , те опкружува пошто ако си лош ништо нема да добиеш башка сите околу ќе те знаа како таков и нема да ти приоѓаат ќе внимаваат од тебе.
а во однос на шпиуните и кодошите и како веќе да ги наречеме не знам се со краток век на слава кога тогаш и нив ќе ги снајде тешка судбина и познато е дека се со краток рок на употреба
 
Дали вреди да се биде добар, кога и покрај се, животот еден ден ќе ти сврти грб, во оној момент кога најмногу ќе ти треба?

Зависи од средината во која живееш и луѓето кои те опкружуваат. Добрината (вклучувајќи ја и искреноста) се скапоцен подарок кој го немаат ефтини луѓе.;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom