karan
бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
- Член од
- 31 мај 2006
- Мислења
- 3.595
- Поени од реакции
- 2.720
Немам пробано асентра... Можеби за арно.
После една година од првиот напад на паника и неколку месеци со постојана анксиозност можам да речам дека 95 % сум опоравен - односно сум стариот јас. Имам моменти кога се чувствувам исцрпен без некоја особена причина ама знам дека е од тоа (може некогаш и не е од тоа ама добар одбранбен механизам е ) и многу полесно го надминувам чувството. Инаку пробав пред 3-4 месеци да прекинам со Deprozel но неуспешно, бидејќи ми се вратија некои лесни симптоми на анксиозност и зуење во ушите. Но од друга страна забележав дека силната главоболката која ми се јавуваше на едната страна е се поретка и тоа дополнително ме мотивира да расчистам со "дрогите". Тогаш решив постепено да намалувам со лекарствата иако се работи за навистина мали дози (10 mg). Засега се е во ред и се надевам конечно ќе ги оставам зад себе непријатните чувства. Од искуство мислам дека добрите резултати не следуваат толку многу како резултат на употреба на лекарствата туку од способноста да се постигне смиреност, привикнување/дефокусирање од нереалните чувства и прекинување на самосожалувањето...
Така да, пробајте да се снајдете на психолошка база и баталете медикаменти (се разбира сето тоа постепено, стрпливо и умерено).