2001: A Space Odyssey

Се разбира, и тука е Одисеја визионерско дело. Мене пак ме фасцинира „религиозната“ нишка -- еволуцијата на хомо сапиенсот како резултат на вонземјанска интервенција (Артур Кларк сугерира Божја интервенција во своите коментари) и средба со монолитот (после 4-5 милиони години) на месечината. При таа средба астронаутите, сега претставници на еволуираниот хомо сапиенс, го допираат монолитот со слична љубопитност како и нивните претци во мугрите на цивилизацијата. Е сега дали монолитот е метафора за Бог или едноставно е инструмент на вонземјанска цивилизација која создава услови за еволуција на други планети е, се разбира, отворено за дискусија. Меѓутоа, улогата на компјутерите, според мене, е сепак ставена во еден философски контекст. Компјутерите и технологијата сепак, во крајна инстанца, не му се и неопходни на човекот да го спознае Креаторот. Дејв Боуен стасува до тоа сознание без ХАЛ.

За мене монолитот е симбол на непознатото, симбол на човечкиот примитивизам во однос на универзумот.
Кјубрик и Кларк тоа убаво го прикажале: И мајмуните и човечката месечева експедиција беа идентично изненадени од потполно истиот монолит. Истиот облик, истата боја, истиот звук кој го испушта ги зачуди на ист начин и човеколиките мајмуни и модерните луѓе. Во меѓувреме коската како оружје, се трансформира во вселенски брод (спектакуларна сцена)...монолитот сепак останува ист... непознатото не го променило својот облик... сеуште сме новороденчиња во контекст на универзумот.

Исто така моќно изгледа и сцената во која се менува погледот на човековото око и снимките во негатив на бескрајните пространства, површини, облици и светлости низ кои пловат милиони монолити... Окото во меѓувреме изгледа фрапирано, вчудоневидено и исплашено...

Секако дека монолитот легитимно може да го претставува Бог... но повторно мотивот е дека тоа е нешто непознато, нешто импресивно, нешто пред што од старец со цел еден живот зад нас се претвораме во ембрион...
Можеби раката која човекот на смртната постела ја подава кон монолитот претставува рака подадена кон Бог, но сигурно е дека тоа истовремено претставува рака подадена кон непознатото и неспознаеното...

Во секој случај самото размислување на оваа тема е тоа што го прави овој филм и книга толку моќен. Ставен во одреден концепт одговара на многу прашања иако на прв поглед помислуваш дека го прави токму спротивниот ефект - дека поставува прашања.
 
Има одлични алузии дека сме новороденчиња, односно бебиња. Храната која ја јадат астронаутите е бебешка храна, тоалетот со нула гравитација има посебни упатствта -- Др. Хејворд зстанува за момент да ги прочита пред да го употреби тоалетот -- како што малите деца се учат на какање. :) Сцените каде астронаутите се во outer space и се слуша нивното дишење во скафандерот не` подсетуваат дека космосот не ни е природна средина. Космосот е нов свет за нас во кој не се снаоѓаме најлесно -- на другите планети, во вселенските бродови, надвор од нашата планета се тетеравиме како деца кои се`уште не прооделе. И конечно, детето-ѕвезда е можеби најефектната сцена која го потврдува ова толкување.

За вториот болд: токму поради овие причини Одисеја е ремек дело. Не дава одговори, ниту има претензија да ги даде. А поставува клучни прашања спакувани во визуелна перфекција.
 
Се разбира, и тука е Одисеја визионерско дело. Мене пак ме фасцинира „религиозната“ нишка -- еволуцијата на хомо сапиенсот како резултат на вонземјанска интервенција (Артур Кларк сугерира Божја интервенција во своите коментари) и средба со монолитот (после 4-5 милиони години) на месечината. При таа средба астронаутите, сега претставници на еволуираниот хомо сапиенс, го допираат монолитот со слична љубопитност како и нивните претци во мугрите на цивилизацијата. Е сега дали монолитот е метафора за Бог или едноставно е инструмент на вонземјанска цивилизација која создава услови за еволуција на други планети е, се разбира, отворено за дискусија. Улогата на компјутерите, според мене, е сепак ставена во еден философски контекст. Компјутерите и технологијата сепак, во крајна инстанца, не му се и неопходни на човекот да го спознае Креаторот. Дејв Боуен стасува до тоа сознание без ХАЛ.

Ми се чини поприлично си ја утнал работата со "религиозната нишка" овде. Не знам дали си го прочитал "Сентинел", тоа е работната верзија на Одисеја, многу е кратка, набиена и нешто подиректна и од филмот и од книгата. Човекот еволуира исклучиво по слепите закони кои владеат во универзумот, меѓутоа обелискот е поставен таму за да биде своевиден "сензор" за нивото на нашиот напредок. Затоа, привот монолит е поставен во ерата кога мајмунот го открива орудието, вториот е поставен кога човекот е спремен да појде на месечината, а третиот на пола пат од сончевиот систем. Монолитот е најпросто медиум за контакт со транценденталното (госпот, вонземјани, како сакаш неречи го). Улогата на компјутерот е аналог на технолошкиот напредок на човекот, во првата етапа технолошки врв е коската (орудието), во втората е шатлот и веселската станица која ги води луѓето на месечината, во третата и финална етапа е ХАЛ-вештачка интелигенција која ја надминува човечката. Религиозноста не е многу во спознавање на Креатори или бакрачи, туку ситуирање на човекот помеѓу звездите (метафорички покажано со космичкиот фетус) и трансендетирање на човечкиот род кон нешто многу повисоко.
Ако не си запознат со трансхуманизмот, ова звучи поприлично неразбирливо, меѓутоа дотолку е поголема мајсторијата што Кларк можел да ги увиди хард кор трансхуманистичките пориви уште во 68.
 
Не, не сум го читал „Сентинел“ но знам дека е тоа работната верзија. Поточно, имало неколку работни верзии (во текот на снимањето) се` до конечното објавување на книгата Одисеја 2001. Не глеам што сум утнал освен можеби твојата исклучивост во интерпретацијата и отстуството на толеранција за поинаков пристап? А видиш, мене твојата интерпретација ми е интересна. Него, Шабане...си го утнал малку болдираниов глагол, а?;)
 
Не, не сум го читал „Сентинел“ но знам дека е тоа работната верзија. Поточно, имало неколку работни верзии (во текот на снимањето) се` до конечното објавување на книгата Одисеја 2001. Не глеам што сум утнал -- можеби твојата исклучивост во интерпретацијата и отстуството на толеранција за поинаков пристап. А видиш, мене твојата интерпретација ми е интересна. Него, Шабане...си го утнал малку болдираниов глагол, а?;)

Сум го утнал мајсторе, попрај ме.

Одисеја е хард СФ, и како таква е базирана на хард сајнс, како и повеќето од Кларковите дела. Нема тука место за петсто толкувања, или уште помалку за "самостоен живот на текстот" како што би рекол тоа шарлатанот. Крајно е мулти слеовеита, но тоа воопшто не значи дека она што има да го каже Кларк не е цврсто втемелено и научно поткрепено. Ако не можеш да го видиш тоа, и бараш алтернативни толкувања, во случајов поврзани со теистички интервенции, тогаш во старт го фрлаш во корпа за ѓубре концептот за хард СФ.
 
За вториот болд: токму поради овие причини Одисеја е ремек дело. Не дава одговори, ниту има претензија да ги даде. А поставува клучни прашања спакувани во визуелна перфекција.

Моето мислење е баш обратно... Одисеја дава и повеќе од одговорите кои планирала да ги даде, но како и монолитот при првиот контакт со него те остава збунет (за што добар показател е масата луѓе кои го мразат или не ја гледаат вредноста на овој филм).
Нормално како и секој одговор... тоа покренува нови прашања... и ние повторно стануваме ембриони... нов циклус... ново патешествие...

За болдот - Единствено што ми е криво е тоа што никогаш не сум имал можност филмот да го гледам во кино, во акустична сала... Замислувам уште повозвишено искуство во таков амбиент.
 
Сум го утнал мајсторе, попрај ме.

Одисеја е хард СФ, и како таква е базирана на хард сајнс, како и повеќето од Кларковите дела. Нема тука место за петсто толкувања, или уште помалку за "самостоен живот на текстот" како што би рекол тоа шарлатанот. Крајно е мулти слеовеита, но тоа воопшто не значи дека она што има да го каже Кларк не е цврсто втемелено и научно поткрепено. Ако не можеш да го видиш тоа, и бараш алтернативни толкувања, во случајов поврзани со теистички интервенции, тогаш во старт го фрлаш во корпа за ѓубре концептот за хард СФ.

Не знам од каде потребата Дерида да го буташ во извитоперен контекст. А тоа дали и колку е шарлатан е друга дискусија. Не знам исто каде виде негирање на научната втемеленост на Кларковата Одисеја? Ќе те оставам да уживаш во твоето толкување на филмов како единствено точно бидејќи ти недостига еден клучен елемент во секоја дебата -- толеранција кон поинакви интерпретации и ставови.
--- надополнето: Jul 25, 2011 11:40 PM ---
Моето мислење е баш обратно... Одисеја дава и повеќе од одговорите кои планирала да ги даде, но како и монолитот при првиот контакт со него те остава збунет (за што добар показател е масата луѓе кои го мразат или не ја гледаат вредноста на овој филм).
Нормално како и секој одговор... тоа покренува нови прашања... и ние повторно стануваме ембриони... нов циклус... ново патешествие...

За болдот - Единствено што ми е криво е тоа што никогаш не сум имал можност филмот да го гледам во кино, во акустична сала... Замислувам уште повозвишено искуство во таков амбиент.

Те разбирам. Мене ми е секогаш интересно да пронајдам нов агол од кој може да се анализира овој филм и ново ниво на анализа. Го имам гледано филмов само со фокусирање на сценографијата или светлото, да речеме. Кјубрик е брилијантен и во овие аспекти -- тотален перфекционист.

Одисеја сум го гледал 2-3 пати во кино но никогаш со таков восхит како првиот пат. Претпоставувам дека беше во 1969 или 1970 -- можеш да си го замислиш ефектот на филмот во тоа време врз едно детенце. Со брат ми два дена само за филмот праевме муабет.
 
Ти завидувам пријателе...
Немој само да ми кажеш дека вториот пат си отишол напушен у кино и си ја чекал секвенцата со мајндфак ѕвездената капија...:)
 
Овој филм е само за во кино да се гледа. Ај да пишеме едно барање до Кинотека на Македонија да го емитува, тие емитуваат постари филмови. :D
 
Ти завидувам пријателе...
Немој само да ми кажеш дека вториот пат си отишол напушен у кино и си ја чекал секвенцата со мајндфак ѕвездената капија...:)

Претпоставувам дека си многу помлад (блазе си ти!). :) Тешко е да се разбере и спореди ефектот на „Одисеја“. Прво, во доцните 60ти специјалните ефекти беа смешка во споредба со оние на Кјубрик. „Аватар“ го гледав во IMAX кино но би рекол дека, компаративно гледано, Одисеја беше визуелно посупериорна во споредба со било кој тогашен филм, отколку „Аватар“ во споредба со сегашните филмови. Дури и мизансценот во пустината (кога мајмуните се млатат, џвакаат заедно со тапирите, итн.) е направен во студио, ама ни ден денес не можеш да го провалиш (барем не јас). Сателитите, шатловите, капсулите -- се` се тоа макети. Патувањето низ времето на крај е оптички доловено преку специјални филтри и течности. За тоа време, сите овие ефекти беа лудница. Првото гледање на Одисеја е едно од двете сценски доживувања кои ќе ги паметам засекогаш. Второто беше концертот на Kraftwerk.
 
Машала.

Сте се изнапишале.<3

Го дискутиравме со членот кој промени исто никови колку и јас во темата без спојлери.

Единствениот филм кој сакам да го гледам на кино со квалитетно озвучување. Мислам дека ќе доживеам тотален трип.

Спомна некој погоре за напушен ... една од животните желби.:D

За крај толкување за крајот:D :
Дејв како претставник на човечкиот род стигнува до тоа непознатото, до ултимативниот крај. Таму се гледа себеси како младич, стар, и на смртна постела. Сфаќа дека ќе умре. Со тоа не умира Дејв. Повеќе ми е како метафора дека умира човечкиот род, кој се преродува во посовршено битие, исто како шо прачовекот умира и се преродува во човек, кој нормално е процес кој трае со илјадници години. Но човекот не е исплашен од преродбата, т.е. смртта и непознатото, и му подава рака. Го прифаќа пошто е љубопитен.
Истото го прават и пралуѓето, го прифаќаат непознатото, умираат, и се преродуваат во луѓе.
 
Ја чекам да го избацат на IMAX. А од опрема за напушуење ќе носам само 3D наочари.
 
Кјубрик е генијалец, не за џабе обожавателите на теории на заговор му го припишуваат наводното режирање на слетувањето на Месечината;). Случајно или не, роден е на денешен ден, 26 јули.
So, happy birthday Stanley :)
P.S Идејата да го глеам филмот напушена ми звучи добро, сигурно ќе ги откријам и најскриените значења на филмот.
 
Почина чоекот во 1999, нема више родендени за него. :( Тоа за месечината не е тотална глупост -- Америве биле спремни да го ангажираат Кјубрик да сними лажњак филм за слетувањето у случај мисијата да не успее. Има документарец за Кјубрик каде ова се спомнува.

Мацо, наоружај се со трпение и многу кафе. Филмов се движи со брзина на глечер.:)
 
Breaking news:D: Моментално пак го симнувам, ќе го гледам у период кога нема да имам спиено повеќе од 30 саати. За психоделијата.:D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom