Слободната воља и религиите!

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не е така. Шопенхауер тврди дека немаме слободна воља, во смисла дека суштината на човекот не е разумот, туку вољата. Спрема него, она што нас ни се чини дека го одбираме со разумот, само е манифестација на несвесниот избор кој веќе го направила вољата...
Без разлика што е вољата, човекот пак има способност да донесе одлука кога пред него има две или повеќе опции. На пример одам по улица и гледам, две камчиња, и решавам да го шутнам левото а не десното! Тука вољата нема никаква улога, затоа што е тотално небитно кое камче ќе го шутнам...сеедно е! Но сепак сум решил да го шутнам левото, значи не сум детерминирана машина, туку имам слободна воља да донесам одлука која независи од предходниот тек на настани.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444

Кое камче ќе го шутнеш било одредно пред милијарди години за време на настанот познат како биг бенг...:D
Не е сеедно...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Без разлика што е вољата, човекот пак има способност да донесе одлука кога пред него има две или повеќе опции. На пример одам по улица и гледам, две камчиња, и решавам да го шутнам левото а не десното! Тука вољата нема никаква улога, затоа што е тотално небитно кое камче ќе го шутнам...сеедно е! Но сепак сум решил да го шутнам левото, значи не сум детерминирана машина, туку имам слободна воља да донесам одлука која независи од предходниот тек на настани.
Вака сега, ова не се мои ставови, само го интерпретирам Шопенхауер, за да нема недоразбирање. Спрема него, дали ќе го шутнеш првото или второто камче, не решава твојот разум, туку твојата воља. Ниту еден чин на разумот не е независен, туку секогаш му претходи еден волев чин. Затоа слободната воља сфатена како сцесен, разумски избор помеѓу две или повеќе опции кај Шопенхауер е илузија. Свесниот чин за него е само рационализација, која временски доаѓа ПО суштинскиот волев чин...
 
Thomas A. Anderson

Cheng-tao Ke
Член од
1 декември 2010
Мислења
187
Поени од реакции
50
The universe does not exist 'out there,' independent of us. We are inescapably involved in bringing about that which appears to be happening. We are not only observers. We are participators. In some strange sense, this is a participatory universe. Physics is no longer satisfied with insights only into particles, fields of force, into geometry, or even into time and space. Today we demand of physics some understanding of existence itself.

Или ова

There is nothing in the world except empty curved space. Matter, charge, electromagnetism, and other fields are only manifestations of the curvature of space.

Или пак ова

We live in an observer-participatory universe.
— John Wheeler
--- надополнето: Jul 24, 2011 11:37 PM ---
Без разлика што е вољата, човекот пак има способност да донесе одлука кога пред него има две или повеќе опции. На пример одам по улица и гледам, две камчиња, и решавам да го шутнам левото а не десното! Тука вољата нема никаква улога, затоа што е тотално небитно кое камче ќе го шутнам...сеедно е! Но сепак сум решил да го шутнам левото, значи не сум детерминирана машина, туку имам слободна воља да донесам одлука која независи од предходниот тек на настани.
Moре зависи, од тоа дали си левак или деснак :)
Целата магија кај медитацијата е во тоа да стануваш се посвесен за работите што ги правиш.
Едно е да работиш на аутоматик мод а друго е да си свесен во ситуацијата.
Така да прашање на слободна воља(во границите на можностите) секогаш постои
ако си свесен во дадената ситуација.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
ili slobodata e spoznaena nuznost kako kaj hegel a i spinoza primerot so kamenot i deka kamenot bi imal pravo deka leta po svoja volja a frlen sto dodava Sopnhauer.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Вака сега, ова не се мои ставови, само го интерпретирам Шопенхауер, за да нема недоразбирање. Спрема него, дали ќе го шутнеш првото или второто камче, не решава твојот разум, туку твојата воља. Ниту еден чин на разумот не е независен, туку секогаш му претходи еден волев чин. Затоа слободната воља сфатена како сцесен, разумски избор помеѓу две или повеќе опции кај Шопенхауер е илузија. Свесниот чин за него е само рационализација, која временски доаѓа ПО суштинскиот волев чин...
Јас не ни реков дека разумот е причина за одлуката да го шутнам левото а не десното камче. Разумот бара причина или мотив, на тој начин функционираат и машините создадени од човекот, како компјутерот на пример, ако тој се најде во таква ситуација, каде треба да направи избор, за кој нема мотив или причина, компјутерот може да се блокира и никогаш да не донесе одлука. Од друга страна ние сме сосема способни да донесеме одлука без притоа да има некоја причина или мотив, а токму тоа според мене ја посочува слободната воља која ја поседуваме и која не разликува од машините.
Слободната воља според мене нема поврзаност со разумот.
 
Целиот концет на слободна воља е најдиректно поврзан со разумот. Слободната воља значи токму тоа, моќ разумски да се одбере помеѓу две или повеќе алтернативи. Јас настрана од овој концепт не гледам никакво значење на синтагмата слободна воља...

Како мислиш ние сме слободни да донесеме одлука без некоја причинили мотив а при тоа одлуката да не биде разумски чин?

Дури и кога ти се чини дека нема мотив, мотивот постои, само што е веројатно на ниво на потсвесното.
 
Еве да ги земеме како пример луѓето во менталните институции, дали тие немаат слободна воља затоа што го изгубиле разумот? И ним ако им понудиш неколку алтернативи, ќе одберат една - ќе донесат одлука, или ќе ја искористат својата слободна воља.
Што е разумскиот мотив во примерот кој го посочив со двете камчиња? Тотално е сеедно кое камче ќе го шутнеш и дали воопшто ќе шутнеш било кое од нив.....тука нема мотив или цел, разумот нема никаква улога во таа одлука.
 
Луѓето во менталните институции се многу лош пример. Тие не го изгубиле разумот, туку го изгубиле здравиот разум. Кога би немале разум воопшто, тие би вегетирале. Тие имаат логика и мотиви, само што нивната логика и нивните мотиви не кореспондираат со стварноста.

Што се однесува до примерот со камчето, од каде знаеш дека е сеедно кое камче ќе го шутнеш? Свесното е само врв на брегот, моѓеби потсвесно ти избираш да го шутнеш едното камче а не другото врз основа на неговиот изглед, боја...
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
iskazot jas pravam sto SAKAM e bas dokaz deka nema slobodna volja oti vo toa SAKAM lezi negovata sustina pa spored nea deluva, vtoro, ima stalno slucai koga i toa sto sakas ne mozes da go pravis, sakas da te ostaat na mir ama se zakacil za tebe ili moze da te ubie od daleku...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Што се однесува до примерот со камчето, од каде знаеш дека е сеедно кое камче ќе го шутнеш? Свесното е само врв на брегот, моѓеби потсвесно ти избираш да го шутнеш едното камче а не другото врз основа на неговиот изглед, боја...
Сеедно е во смисла на мотив или цел. Во таа ситуација нема мотив, тотално е сеедно кое камче ќе шутнеш. Еве немора да бидат камчиња на улица, може да бидат два идентични објекти во празна и еднобојна просторија (како некој вид експеримент), влегуваш во просторијата, ги гледаш објектите кој се идентични во секој поглед и имаш неколку опции - да го земеш левиот, десниот...да не земеш ниеден, итн! Било која опција да ја одбереш е сеедно, нема мотив или цел.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
ebati slobodnata volja koga biras megu iznudeni opcii i najcesto megu dve zla!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom