- Член од
- 20 септември 2008
- Мислења
- 12.773
- Поени од реакции
- 9.893
Завчера видов група јапонци или корејци незнам што беа ..шетаа по плоштад и разгледуваа.. баш градбите кои се градат и спомениците..послем на жичарницата мислам отидоа.. до крстот горе.. а без ова бе Лурц ,кај ќе идеа нашите пријатели од далечниот исток..? кај да ги одведеме,што да им покажеме.. ? Бит-пазар? Шутка да си купат евтина "бренд " роба.? Кондово ? Имаш некоја идеја каде..?Цитро, пријателе...збориме за Скопје како европски град и приоритетите како дел од европското семејство. Најди пример во средена држава каде луѓе цел ден се без вода да се измијат, цел ден болница без вода/струја... можеш да претпоставиш колку губат фирмите, дуќаните и производните погони со немање струја или вода од само 4-5 часа? А со нивна загуба, губи и семејството, ујп, буџетот...
Иако во криза, ниеднаш не осетив недостаток на вода и ниеднаш не снема струја низ градовите во северозападна Европа.
Проблем е што не се почнува воопшто. Улицата пред Работнички ја покрија набрзина со асфалт, зафат кој наликува на натрупување наместо асфалтирање. Покрија неколку улици кои веќе имаа каков таков асфалт.
Надвор се од темата како архитектура, но ќе ги споменам како приоритети кои сами ги поставија. Од азбестните и полураспаднати цевки за вода, од покривите на школите, амбулантите и индивидуалните живеалишта над кои демнат азбестни плочи (ради кои и многу болести и рецепти), до она што вчера го разлистував -не заобиколија од сите страни со автопати па наскоро ниеден турист и превозник нема да влезе во Македонија, ќе оди преку Бугарија. Домашните транспортери и бизниси буквално молеа за извршување на коридорите 8 и 10 заради поефтин превоз по км, намалување на разни трошоци...досега не е скоро ништо сторено, а им беше ветено на стопанствениците дека ќе се изгради пруга преку која ќе се оди со околу 100 км/ч. Заради тоа и преговорите со Драч, Бар и Варна се сосем бесполезни. За тоа време се жалиме, грците се виновни што единствен транспорт иде преку Солун. Проценуваат дека и да се започне со изградба, пред 2020 нема да се завршат овие патишта, па затоа сега остануваме во дупка околу која е формиран прстен од автопати -парите си одат, светот иде напред. Затоа сме само набљудувачи на железничката алијанса.
Посебно кога негде читам -ќе изградиме, ќе донесеме...ќе на нивниот јазик е идно време од -лажам.
А за текстот што си го пишал имаш право..и за цевките и за коридорите..и за улиците.. очигледно е тоа,би бил идиот да се противам