Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 634
провладината канал 5 и офцијално почна да го спрема теренот за референдумско изјаснување за името - ова е прв домашен извор и официјално да ги потврди странските заговори и подготовки за промена на нашето вековно имеи идентитет - КЕ ДОЗВОЛИМЕ ЛИ?
*да подсетиме, на референдумот за територјална поделба по признавањето на САД внатрешно си ја поделивме земјата. Сега истата земја која не призна со лажни ветувања за подобро утре ја бутка промената на нашето име и идентитет со поголеми и послатки но исто толку лицемерни ветувања.
Решението за името се наближува - македонските граѓани со свој став за референдумот
Ништо не е поголемо од чувството на припадност, кон семејството, групата врсници и нацијата. Тоа е идентитетот, нашиот.
Има и име и вредност, луѓето го носат со себе. Во подножјето на споменикот на Александар Македонски, поставен токму во име на корените -со граѓаните разговаравме за нашето име поточно за македонско - грчкиот спор.
Спорот со Грција ги нервира сите и помладите и постарите. Исфрустрирани и напатени од тоа што дваесет години секојдневно ги понижуваат и негираат, дел од овој народ си најде утеха за својата болка. Дваесет и петметарската гордост извајана во бронза и качена на коњ.
„На тие што не им се допаѓа споменикот не треба да живеат тука. Јас ја знам целата историја за Александар Македонски. Каде е роден и што направил“, вели граѓанин.
„Ова требаше да биде поставено многу одамна, треба да и дадеме почит на нашата историја“, вели друг граѓанин.
Политичарите тактизираат, но треба и да делуваат, нам, на народот ни останува да ги коментираме нивните одлуки. Решавањето на името на државата е „ахиловата пета“ на секој граѓанин, но од друга страна им се поставува розовата слика на Европа. Затоа и ги прашавме, ќе го решиме ли името? Едни уште ќе чекаат од Грците да се предомислат, други веќе се подготвени за новата додавка на името.
„Па треба нешто да се направи со името, штом преговараме, значи треба да се согласиме со некакви промени, сметам дека треба да се направи нешто за земјата да влезе во НАТО и ЕУ“, вели граѓанин.
„Јас би се согласила со промена во името, но само со одрединца, иако би сакала да нема никаква промена во нашето име. Тоа е наше и така и ќе остане. Ние како народ и понатаму ќе останаме“, вели граѓанка.
Меѓу желбите, иднината и чувствата за припадност - граѓаните тешко се откажуваат од она што е нивно. А подеднакво свои им се и европската перспектива, но и идентитетот. Ги чека тешка одлука на референдум, тие ќе одлучат за тоа што ќе го договорат политичарите. Изборот, таков е впечатокот овде, дека сепак ќе биде мачен.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=78038