Што мислите да се основа Македонска Социјална Мрежа?

Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Епа единствено кајганџииве размислуваат правилно т.е разумно, ако бараш памет од некој Фејсбук Мен ондак нешто не е во ред со тебе...
Инаку поставена е анкета на ФБ и резултатот беше 195 - ЗА и 15 - НЕ!
Баш затоа што размислуваат правилно кајганаџииве не треба да ги прашуваш нив. Тебе ти требаат повеќе корисници, по можност да бидат без памет, полесно ќе ги лажеш :D hence, FB userz.
Ете и анкетата ти кажува дали треба да има социјална мрежа или не.

Можеби добрите веб дизајнери и тие што сакаат оригиналност ќе ја плукаат tocka.com.mk, кајганаџииве ја плукаат точка, ама цела Македонија ја посетува. А тебе на социјалната мрежа ќе ти требаат пари од маркетинг корисници, не оригиналност, не добра идеја, не добар дизајн = погодено за ФБ корисниците :)
 
--ТИГАР--

Фино :)
Член од
3 октомври 2009
Мислења
175
Поени од реакции
3

За изведување имам веќе цела кинига за како да се започне се... но не ми е сигурно... затоа и пишав на кајгана :)
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
За изведување имам веќе цела кинига за како да се започне се... но не ми е сигурно... затоа и пишав на кајгана :)
Ако имаш книга и тераш по неа гарант ќе добиеш производ кој ќе биде страшно антидатиран. Кога оној кој ја пишувал книгата би можел да направи мрежа од која би имал ќар сигурно не би пишувал книга, туку неговот име би било дел од името на некоја светска друштвена (социјална, социјалистичка и сл.) мрежа.
Тоа со видеото е интересно, но имај во вид дека македонците не сакаат видео ... што не е докажано, но затоа докажано е следново: одржување на сајт кој нуди видео конференции е ѓаволски скапа работа.
Заклучок: бркај ја оваа идеја од глава :)
 
Г

Грејвдигер

Гостин
--ТИГАР-- да ги тужиш Фејсбук оти ти ја украдоа идејата за видео чет :P
 
I

Ivanovska

Гостин
Ние веќе имаме македонска социјална мрежа која периодот 2008-2009 беше многу популарна, ама некаде 2010 и падна популарноста. Има 76 470 членови, а онлајн најмногу по 200. Порано онлајн имаше по многу повеќе.

www.top.mk

Но добра идеа да има уште една, можеби луѓето масовно ќе се испорегистрираат. :D
 
Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.020
Поени од реакции
2.059
прво имаше и пријатели.ком.мк така нешто ама незнам сеа дали постои ..од кога се појави фејсбук таму се преселија сите :D
 
I

Ivanovska

Гостин
прво имаше и пријатели.ком.мк така нешто ама незнам сеа дали постои ..од кога се појави фејсбук таму се преселија сите :D
Да, но топ.мк е каде каде подобра страна, штета што пропадна. Пропадна поради луѓето, а не поради изглед, функционалност или нешто слично.
Пријатели изгледа не постои веќе, еве сега ја посетив и ова стои:
Nothing to see here yet.
 
Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.020
Поени од реакции
2.059
Да, но топ.мк е каде каде подобра страна, штета што пропадна. Пропадна поради луѓето, а не поради изглед, функционалност или нешто слично.
Пријатели изгледа не постои веќе, еве сега ја посетив и ова стои:
Nothing to see here yet.
па сите страни пропаднаа поради фејсбукот :)
 
I

Ivanovska

Гостин
па сите страни пропаднаа поради фејсбукот :)
Не дирекно, ама индирекно да. На пример, на фејсбук нема глупави правила кои те ограничуваат, на пример не си обврзан да ставиш своја слика, можеш комотно од глумци, додека на топ не беше така. Друго, на фб нема кавги за лажни профили, баш ни е гајле дали некој има лажен профил, а на топ постојано мрчеа како имало лажни профили и слично. Сите се бунеа зошто овој-оној им давал лоша оценка на сликите и мораше на крајот да пукне. Има некој што на времето бил редовен корисник на топ на кајгана? Баш би сакала да помуабетиме. :)
Исто предност на фб е што се скриени модовите и админите и нема жалење и кавги, го блокираш и готово. Тоа е тоа. Штета што пропадна топ, па се надевам на нова македонска друштвена мрежа со поинаков концепт. :)
 
Ах , незнам ништо за топ.мк ни за било која друга македонска социјална мрежа пошто не бев регистриран ..
на фејсбук се регистрирав затоа што видов дека сите мои пријатели се таму и некој од странство роднини со кој можам да контактирам .. инаку ако се создаде нова македонска социјална мрежа мислам дека не би била успешна...ко прво тоа шо викам дека сите се зачленети на фејсбук ..а 2ро незнам како ке биде рекламирана..не се разбирам многу за тоа но сигурно постојат опции ..ссамо да си прашам ..ни на топ.мк ни на пријатели немаше ЧАТ така?! а инаку фејсбукот како и да е македоснки ..може да се преведи на сите јазици така да македонската мрежа нема да биде посетувана..мое мислење :D
 
Mr.HyPNoTiC

UnTraceable Guest!
Член од
13 ноември 2007
Мислења
1.450
Поени од реакции
239
Абе не е важно дали ќе е само македонска или ќе има и корисници од др земји ... Ако е стабилна страницата, добар изглед, чатот и видео разговорот да бидат добри и пред се ... за да привлечеш поголем број на членови треба да измислиш нешто примамливо :) Што никој го нема ни Г+,ФБ,Твитер,МајСпејс :)

Да надополнам ... (Зошто Фејсбук,Мај Спејс и мн други остаанаа а Hi5,Пријатели,Топ.мк пропаднаа) ? Па си сака нешто ново ... измени ово оно ... Па ќе ми скисне еб*го "се извунувам за овој збор ама у последно време ного го користам" се едно исто ... По 24 саата да гледам слики само ... Што прави ФБ? На 3-4 месеца го менуваат изгледот, нонстоп излегува некоја нова игра (Фармвил и измина рокот -> Дојдоа новите СитиВил и др) ... Еве за 1-2 недели ќе ги укусите новите промени на фб ... На денешно време за да опстане страница си сака обновување,редизајнирање и слично :)
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Не знам дали вие сте запознаени но пред едно 2 или 3 години дечките од ПинартХост пробаа и направија сајт како фејсбук, јас бев модератор таму и идејата беше да го направиме како Македонски фејсбук, имаше видео чет но одпочеток серверот беше за 1000 луѓе, сајтот не опстојуваше долго и немаше заинтересираност за него ианко беше посветен на Тоше и имаше еден куп работи со Тоше.Откако не успеа како pinartonline.com.mk го преименуваа во bidivip.mk бидејки и Вип вмеша прсти но сепак повторно доживеа неуспех и покрај помошта од Вип. Значи, штом не успеа со видео четот, тоа што беше целосно посветен на Тоше и помошта од Вип Оператор, се сомневам дека во денешно време може да успее бидејки сепак пред 3 години фејсбук и не беше толку распространет во Македонија, покрај цената на интернетот што беше.
 
Член од
28 јуни 2009
Мислења
274
Поени од реакции
258
Има многу други социјални мрежи освен фејсбук.(http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_social_networking_websites) Така да мислам и да направиш некоја нова социјална мрежа само за во Македонија нема ништо да биде иновативно и интересно. Само ќе изгубиш премногу време и на крај според мене ќе имаш околу 150 корисници(од фамилијата де). Инаку, ако имаш некои други иновативни идеи за софтвер информирај ме. Програмер сум, затоа. :P
 
Wizz.

TheBest
Член од
27 септември 2009
Мислења
262
Поени од реакции
69
Убаво е нешто да се направи, немора да е социјална мрежа. Може нешто оригинално, да не биде македонски нет само блогови и портали. Да има и нешто друго за забава. Ама за да се исплати тоа, треба да биде и пошироко бидејќи македонија има малку интернет корисници и како да кажам, додека да кажеш јаболко другиот ќе ти го изеде. така оние што успеале до сега го делат најголемиот колач. Не дека не може ама потешко е.
 
Член од
26 мај 2010
Мислења
77
Поени од реакции
31
Добра идеа но не во прав момент (а и плус би тревало да се оди глобално).
Зошто глобално? Епа вака замисли имаш направено социјална мрежа со рестрикција за меѓународни поврзувања и од еднаш се појави мрежа која е поголема (глобална) сите твои корисници во рок 5од месеци ќе се преселат на таа мрежа. Причината е што на некој сајт како јутјуб на пример нема да стои "ми се допаѓа" од твојата мрежа туку ќе стои на таа што веќе брои милиони корисници. Друго ти имаш тим кој брои 40 луѓе се на се а тие само во делот за Next и previous копчиња имаат повеќе луѓе. Да не зборам повеќе, но идеата за нова мрежа е неостварлива.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom