Слободната воља и религиите!

Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Непостои слободна воља, не сме создадени по наша воља.
Контра реплика

Мислам дека има навистина имаш познавање од духовното.
Па така знаеш каква била човечката душа на почетокот а таа била љубов.
И затоа создавањето на истата не може да е грев, а кога нема грев тогаш нема
ни прекршување на правото на избор.
Затоа што љубовта не е грев, и така каде нема грев нема прекршување на правото на избор.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Душата е создадена од Бог и него му припаѓа, тоа е нашата цел да се вратиме во Бог. Слободната воља обично ја сваќаат ај да си правам што сакам, а таква слободна воља не постои. Душата има право да избере дали ќе напредува или ќе побара да биде анихилирана, се друго е на некој начин определено преку нашата карма. Е и овде имаме право на избор од неколку понудени опции но на крај се се сведува на исто или ќе се движиме напред во еволуцијата или ќе бидеме рециклирани.
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
За нашите грешки Бог не не казнува Љубовта не може да казнува да се одмаздува и сл.
Но се она што е против неа делува против себе и секако дека тоа ќе има последици,
Ако некој избере да назадува или да се уништува себеси тоа неможе да биде без последици врз
себеси, Бог не не казнува тоа е само резултат на нашите избори, а доколку не ни
дозволи да ги искусиме последиците од нашите избори тогаш тоа е
мешање во нашата слободна војља и спречување на нашата еволуција, затоа што енергијата не се уништува ниту исчезнува ние имаме избор кон што ќе еволуираме,
гледаш нема никакво ограничување.
Ние имаме слободна војља а со тоа и одговорност,
ако правиме зло врз себе или другите тоа и ќе ни се врати.
"Што ќе посееш тоа ќе пожнееш" мислам дека е фер.

А тоа што целото човештво е во ваква ситуација е поради падот на човештвото
во грев, и сега ова е големиот тест за нас затоа е и тешко, а тоа е дали ќе си докажеме
на себе дека ја разбираме целта на постоењето а тоа е живот во Љубов и Светлина.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.129
Поени од реакции
83.745

Thomas A. Anderson

Cheng-tao Ke
Член од
1 декември 2010
Мислења
187
Поени од реакции
50

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.129
Поени од реакции
83.745
Да погодам? Затоа што тебе не ти се свиѓа нели?:tapp:
Ај просветли не тогаш што е точно?
Слободната воља е во суштината на религиите:
Создавањето на човекот како битие кое има избор.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Слободната воља е во суштината на религиите:
Создавањето на човекот како битие кое има избор.
Каков е тој избор, кога човекот според религиите е создаден со особини и карактер кој му се забранети и поради кој може потенцијално да биде казнет?
Според религиите бог е семоќен и сезнаен, тоа значи дека се што постои е создадено како такво по негова воља, арно ама религиите го делат созданието на подобно и неподобно! Па така ако си се родил со критериуми кои според одредена религија се подобни ќе те чекала награда, а ако се родиш со неподобни особини, те чека казна?!
За да биде посликовито, тоа е исто како да му речеш на своето дете, можеш да облечеш било кој фармерки, ама ако не ги облечеш белите ќе те скршам од ќотек!
Семоќен и сезнаен бог, кој наградува и казнува е апсурд и глупост кога е во прашање слободната воља!
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.129
Поени од реакции
83.745
Каков е тој избор, кога човекот според религиите е создаден со особини и карактер кој му се забранети и поради кој може потенцијално да биде казнет?
Според религиите бог е семоќен и сезнаен, тоа значи дека се што постои е создадено како такво по негова воља, арно ама религиите го делат созданието на подобно и неподобно! Па така ако си се родил со критериуми кои според одредена религија се подобни ќе те чекала награда, а ако се родиш со неподобни особини, те чека казна?!
За да биде посликовито, тоа е исто како да му речеш на своето дете, можеш да облечеш било кој фармерки, ама ако не ги облечеш белите ќе те скршам од ќотек!
Семоќен и сезнаен бог, кој наградува и казнува е апсурд и глупост кога е во прашање слободната воља!
Господ го создал човекот и му дал избор да прави што сака.
Зарем еден семоќен Бог не би можел да си створи послушни роботи?
Тој му дал на човекот избор, слободна воља. Тој гест е најголем доказ за божјата љубов кон човекот.
Не само што му дал избор, туку и го поучил за законитостите кои владеат во создадениот свет.
Тоа е исто ко ја да ти кажам ако се фрлиш од терасава ќе погинеш. Прави што сакаш. Не те спречувам да се фрлиш или да не се фрлиш. А ти ме прашуваш каде е твоето право на избор да паднеш од 50 метри и жив да останеш.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Slobodna volja znaci semoknost a nikoj smrten ne e semoke i zatoa nikoj nema slobodna volja tuku deluva spored svojata sutina esse = operari, obratno ne moze da bide. Vo kontekst na religiite isto taka nema slobodna volja bidejki toa e kontradiktorno so poimot Bog koj po definicija e suvereno apsolutno bitie.Potoa poimot sklonost kon grev e pak kontradikcija na poimot slobodna volja, ako si sklon kon grev znaci kako da si sakat, ne mozes da trcas!
Ova ne e topla voda, edna od glavnite dogmi vo hristijanstvoto (Avgustin,Luter,Kalvin...)i Islamot a i vo site religii e dogmata za predestinacija, sudbina, kako sakas kazi go se raboti za istoto, Toa dali ti znaes ili ne znaes kako se slucuvaat rabotite kako deluvaat motivite, ne menuva nisto, toa si postoi nezavisno od naseto cuvstvo na slobodna volja!
Najposle, i samoto cuvstvo na slobodna volja sekoj mig ni kazuva deka ne sme slobodni, moze da ne ubie nekoj, da ne udri kola, da ne odnese vetar (Tornado, Cunami) da bideme vo situacii i so luge koi ne gi sakame!
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Господ го создал човекот и му дал избор да прави што сака.
Зарем еден семоќен Бог не би можел да си створи послушни роботи?
Тој му дал на човекот избор, слободна воља. Тој гест е најголем доказ за божјата љубов кон човекот.
Не само што му дал избор, туку и го поучил за законитостите кои владеат во создадениот свет.
Тоа е исто ко ја да ти кажам ако се фрлиш од терасава ќе погинеш. Прави што сакаш. Не те спречувам да се фрлиш или да не се фрлиш. А ти ме прашуваш каде е твоето право на избор да паднеш од 50 метри и жив да останеш.
Се е тоа ок, но проблемот е во наградата и казната која доаѓа за постапки кој се веќе познати на бог, бидејќи нели е сезнаен и семоќен! И тука е апсурдот! На пример хомосексуалците не одлучиле самите да бидат тоа што се пред да се родат! А сепак според религиите тоа е грев?! Ако е грев хомосексуалноста, зошто бог ја создал како особина? И зошто ги казнува оние кој ја поседуваат?
Ако луѓето имаат слободна воља...а имаат! Тогаш концепт за семоќен и сезнаен бог кој казнува и наградува после овој живот е апсурден и нелогичен! Освен ако не е садист кој ужива во казнувањето.
Казната и наградата се последиците од нашите постапки! На пример производителите на цигари, јасно кажуваат дека пушењето е штетно и ги посочуваат последиците кој пушачите може да ги снајдат! Но тие не доаѓаат на врата кај секој пушач за да го тепаат, мачат и да му судат ако пуши! Религиите го тврдат токму ова! Совршен креатор кој создал особини кој ги забранува?! Самиот чин на казнување е акт со кој казнувачот признава дека казнетиот постапил против вољата на казнувачот! Но нели ништо не е против вољата на бог?! Ако е, тогаш не е семоќен и сезнаен, а со тоа ни совршен.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.201
Поени од реакции
12.194

Vojvoda, не ти е добар примерот... ти изгледа не ја разбираш природата нели... богот уште помалку... догмите ќе си ги чуваш за дома и пријателите твои, а ќе седнеш да изучуваш природни науки... За да не запаѓаш во бескорисни догми :)

Јас имам слободна волја, неодредена од никој, не казнива од никој! И тоа треба да биде јасно за секој поединец! Никој нема да те казнува ниту наградува ако ти ја следиш твојата волја... Ниеден бог ниту дух нема право да ти се меша по патот...

Сега ќе ми кажеш можеби, значи ќе убиваш и никој нема да те казнува... Тука следи едно просто просто објаснување што ти пак нема да го разбереш како што не го разбра ни јапонецот претходно. Вака:
Ако јас имам слободна волја да дејствувам како ми е волја, исто и ти и некој друг ја има истата волја... ако некој ја има волјата да биде жив и да работи, јас немам никакво право да одам против таа волја... Човек што убива други луѓе, оди против нивната волја да бидат живи!
А тоа е против законот на природата... Затоа некои дедовци на времето, за такви како тебе (кои ги има од секогаш) склопиле религиозни закони и забрани... бидејќи малку ја разбирате природата во која животарите :)

Методот на науката, цел на религијата :)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.129
Поени од реакции
83.745
Се е тоа ок, но проблемот е во наградата и казната која доаѓа за постапки кој се веќе познати на бог, бидејќи нели е сезнаен и семоќен! И тука е апсурдот! На пример хомосексуалците не одлучиле самите да бидат тоа што се пред да се родат! А сепак според религиите тоа е грев?! Ако е грев хомосексуалноста, зошто бог ја создал како особина? И зошто ги казнува оние кој ја поседуваат?
Ако луѓето имаат слободна воља...а имаат! Тогаш концепт за семоќен и сезнаен бог кој казнува и наградува после овој живот е апсурден и нелогичен! Освен ако не е садист кој ужива во казнувањето.
Казната и наградата се последиците од нашите постапки! На пример производителите на цигари, јасно кажуваат дека пушењето е штетно и ги посочуваат последиците кој пушачите може да ги снајдат! Но тие не доаѓаат на врата кај секој пушач за да го тепаат, мачат и да му судат ако пуши! Религиите го тврдат токму ова! Совршен креатор кој создал особини кој ги забранува?! Самиот чин на казнување е акт со кој казнувачот признава дека казнетиот постапил против вољата на казнувачот! Но нели ништо не е против вољата на бог?! Ако е, тогаш не е семоќен и сезнаен, а со тоа ни совршен.
Наградувал и казнувал за постапки чиј исход му е познат..

Устројството на универзумов е според законитости, кои постојат на секаде. Се', сите законитости според кои функционира се' се створени од Бога. Основната законитост е - Како што е Горе, така е и Доле. Има и многу други закони/законитости некои како њутновиот закон се општо признаени, но некои како кармичките закони не се општо признаени. Во суштина, сите се темелат на италикот по горе. Тие владеат во општо признатиот материјален свет, но и во општо не признатиот духовен свет.
Многу е просто: имаш избор како да се однесуваш, но мораш да се однесуваш во рамките на тие законитости. Затоа што кога збориме за создание од било каков тип, мора да има на дело некакви правила, според кои е тоа создадено, според кои функционира (физички, духовни...).
Ти не можеш да имаш избор да можеш да скокнеш на врвот на телевизија, од нејзиното подножје. Се коси со гравитацијските или цел куп други закони. Не можеш да посакаш во ист момент да бидеш во својата када, дома и на работа (пошто исто се коси со цел куп закони според кои е создаден материјалниот свет). Не можеш да очекуваш дека ќе се спасиш од одговорност со самоубиство, веднаш после направениот масакр (без разлика дали некој смета дека кармички и реинкарнацијски правила функционираат).
И така, тоа "наградува" и "казнува" се можни исходи на твојата акција (чиј карактер и природа е резултат на твојот избор), во корелација на законитостите според кои е создадена реалноста. Ако го пуштам каменот да падне, тој ќе се судри со отпорот на воздухот, привлечен од силата на гравитацијата, со брзина која зависи од неговиот волумен, форма и така натаму. А ако решам да го задржам во рака, тогаш мускулите ќе ми останат згрчени и со сопствена енергија ќе пружам отпор на силата на гравитација која го привлекува, а ќе бидам успешен во зависност од енергијата штои ќе ја вложам, масата на каменот и така натаму.
Никој не ме наградил или казнил, ако го пуштам ќе падне, ако не - не. Тоа наградил и казнил сфати го како можен исход на резултатот од твојот избор, во согласност со законите на универзумот.
Да повторам, физичките општо признаени закони се само дел од законите/законитостите кои функционираат. Без, разлика кој што и да мисли.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom