Според италјанските весници Кориере дел Спорт и Газета Дело Спорт Мистер Х бил пронајден и тоа бил Монтоливо со самото доаѓање на Лазари во Фиорентина големи се шансите тој да премине во Милан.
Монтоливо, просечен играч кој е проценет на 8-10 милиони, стварно мислите дека е толку тешко да биде донесен ? Па уште тој бил Мистер Х
кој толку време се мачиме да го потпишеме.
Прва работа, овој горе на сликава (Раиола) моментално се наоѓа во Лондон каде ја следи ситуацијата на Фабрегас со Барса.. и работи на случајот ако може некако да го дрпне Сеск, како што знае.
Втора најдобра опција во средината е Хамшик.
Ако дојде било кој од овие двајца во Милан, Монтоливо е непотребен, затоа и сеуште се одлага неговото доаѓање.
Трето, ако па се укаже можност за
Пасторе/Гансо тогаш трансферот на Монтоливо не претставува никаков проблем, напротив, ќе имаме комплетно покриена средина.
Приоритет се Фабрегас, Хамшик и Пасторе, проблем се големите обесштетувања на истите, додека Монтоливо е играч кој може да се искористи (и доведе кога се сака) за релативно мала сума на пари, заради истекот на договорот.
Еве еден јак коментар:
Remember when Ibra said that Milan had a great future project? He didnt say so because he saw Montolivio there
This mercato gonna be HUGE!
Ако идеме Attack на Лига Шампиони како што кажаа, нормално дека нема да се задоволиме само со Монтоливо.
Значи вака нешто би требало да изгледа планот :
Мистер Х(
) е помеѓу Сеск, Пасторе и Хамшик
Ако се оди на Пасторе, доаѓа и Монтоливо
Ако се оди на Фабрегас или Хамшик, доаѓа Гансо во Јануари.
Како и да е има уште 40 дена од Трансфер периодот, па божем не знаеме ние кога купува Милан..
најдоброто се чува за на крај, а се што ни останува дотогаш е да уживаме во шпекулациите и нормално 'секогаш точните' изјави на Галијани.