лека полека италијанската лига се враќа на своето место - најдобра лига у свет...
МИЛАН ФАВОРИТ, го купивме Таиво,Шарави, Мексес и се најавува минимум едно засилување од средината на теренот. Најмногу ме радува Таиво бидејќи игра на позиција лев бек,која ни беше најпроблематична откако се пензионира малдини.... одма после би ја ставил Рома бидејќи мислам дека со Луис Енрике како тренер ќе бидат страшни, башка ги донесоа Ламела,Кркич и Хајнце... ..Ламела- Де Роси - Менез средина, тоти полушпиц и Вучинич-Кркич напад, ќе газат...
После Рома ја би ги ставил (редоследно) Наполи/Јувентус/Интер.Првите имат страшен напад, сега башка и средината ќе им биде многу појака со доаѓањето на Инлер, само некако одбраната им е лабава.
Јувентус се најнепредвидливата екипа у серие а, бидејќи на хартија имаат добар состав, а у пракса некако последниве 2-3 години не ги бива.... Лихштајнер им е супер засилување, Циглер исто така(со овие двајца ги потпунија дупките од лани и полани)... Пирло гледам на пријателските го фураат ептен, овој играч не им требаше, старо куче е .
Што се тиче до интер, никад не треба да се отпишат, дечкиве оваа година работат на подмладување на составот, и верувам дека би биле среќни и со 3то место. Причината поради која ги ставам како најслаби од фаворитите е поради тоа што имаат(зедоа) тапа тренер (лео беше боље 100 пати), и многу од првотимците им се 30+, токму тие играчи се оние од кои мора да се отарасат за да бидат поконкурентни. Боже мој, неможат со Камбијасо,Станкович,Киву, Милито,Пандев,Самуел(цела сезона беше аут) па и Маикон да бидат конкурентни за прво место...
Лацио следната сезона ќе биде тврд орев и дома и гости.
Иритира фактот што Удинезе ги продаде Инлер и Санчез, и дали воопшто ќе купат некои играчи како замена, и повторно италијанското ќе биде без 4та екипа у фазата по групи у ЛШ,.. Нешто од што се плашев и пред неколку месеци дека ќе се деси, и затоа повеќе сакав Лацио,Рома или Јуве да завршат 4ти у италија, бидејќи реално многу поголеми шанси и амбиции ќе имаа за ЛШ, а не да испродадат талентите од тимот и после да се заситат со 7-8 место...
Очекувам многу интересна сезона..
--- надополнето: Jul 23, 2011 7:00 PM ---
Значи секоја година истата прикаска со навивачите на јуве.Стално они најголеми опимисти пред почеток на сезона и првите 2-3 месеца од неа, и стално на крајот од 6 до 8 место.Секој трансфер период дркаат на засилувањата како богови да потпишале за нив,и после 2-3 месеца плачење и кукање од истите.Едно време Мело и Диего беа богови,Јуве го заебал Интер ,му го земал Диего пред нос,па морале да се задоволат со стаклениот Снајдер.Мело бил класа за камбијасо,бонучи бог за Лусио и тн...Ма не во потписи ги ставаа,аватари им беа и што уште не...После една сезона пак сите со главите надолу!Еве ги читам сеа пак Видал бил играчиште за Боатенг,Лихштајнер бил играчиште,со јакиот стратег Конте ке лапале титула уште во првата година.Истите грешки и оваа година.Џабе не рекле старите - скокни па речи оп.Инаку убеден сум дека и оваа сезона 4 место им е плафонот.Наполи Интер Милан па и Рома како што тргнала ке се борат за првите 3 места.Главни фаворити се Милан и Интер,му давам блага предност на Милан сеа за сеа ама има уште баајги време за трансфери па ке видиме кој што ке испазари.
поз
Не дека го мразам тимот за кој навиваш ама незнам како мислиш интер да заврши прв? (зборам ако не земат 2-3 топ играчи) .. Па мислите ли вие со Самуел,Маикон,Станкович,Милито,Пандев,Киву,Камбиасо(све играчи над 30) да бидете конкурентни? извини ама цела сезона константо добро играње од нив неможеш да очекуваш... со респект кон играчиве за нивната игра до пред 2 години кога освоивте тројна круна...
Ипак, рано е уште да се збори, пошто уште многу има до крај на трансфер периодот па ќе видиме тамо како ќе се одвиваат работите...
Поздрав...