Serie A 2011/2012

Кој ќе биде шампион?


  • Вкупно гласачи
    463
Статус
Затворена за нови мислења.

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611

Серија А (сега нарекувана и Serie A Tim поради спонзорството со Телеком Италија) е професионална италијанска фудбалска лига, која е прва по ранг. Во лигата се натпреваруваат 20 тимови, од кои последните 3 испаѓаат во втора лига, а првопласираната го освојува шампионатот.Вкупно се играат 38 кола во текот на целата сезона. Првите три екипи (Милан, Интер и Наполи) директно се пласираат во Лига на Шампиони, а четвртопласираната (Удинезе) ќе игра плеј оф.

Серија А како фудбалска лига опстојува повеќе од 80 години, поточно од 1929 година. Серија А е фудбалска лига која ``произвела`` највеќе европски финалисти во ``битката за европски шампион`` (26 пати) од кои тие 26 пати, 12 пати биле европски шампиони.

Во историјата на оваа италијанска фудбалска лига во текот на историјата најчесто броела 16 до 18 фудбалски клубови, каде од сезоната 2004-2005 се натпреваруваат 20 клуба. Во сезоната 1947-1948 лигата броела вкупно 21 тим, нормално поради политички причини.




  • 16 клуба = 1934–1943, 1967–1988
  • 18 клуба = 1929–1934, 1952–1967, 1988–2004
  • 20 клуба = 1946–1947, 1948–1952, 2004–present
  • 21 клуб = 1947–1948
Досега во историјата вкупно 16 екипи биле шампиони на Италија меѓу кои:
Јувентус (27), Милан и Интер (18), Џенова (9), Болоња, Торино, Про Верчели (7), Рома (3), Фиорентина, Наполи, Лацио (2), Каљари, Чезале, Новесе, Верона, Сампдорија (1)
Треба да се напомене и дека за време во сезоната 1926/1927 шампионатот бил освоен од страна на Торино, но поради местење на натпревари им бил доделен трофејот на Алеманди.
Во сезоните 2004/2005 и 2005/2006 Јувентус беше 2 пати шампион на Италија, но поради скандалот Калчополи односно местење на натпревари, 2-те титули им беа одземени, односно титулата од сезоната 2004/2005 им беше одземена и недоделена на никого, а титулата од 2005/2006 им беше доделена на Интер.

Во оваа лига најдолг стаж има Интер со 80 сезони, Рома и Јуве со по 79 сезони, Милан со по 77 сезони и Фиорентина со по 73 сезони.

Новите 3 екипи, односно првите 3 пласирани екипи од Серија Б се преселија во Серија А, а тоа се тимовите Аталанта (Серија Б шампиони) Сиена(второ место) и Новара каде се пласираше преку плеј-оф- от.

Играчи кои што играле во оваа лига и освоиле златна топка :
Лотар Матеус, Марко ван Бастен, Роберто Баџо, Жорж Веа, Роналдо, Зинедин Зидан, Канаваро, Кака и Андриј Шевченко.

Ај и ја да бидам малце корисен за форумов. :D
Дискутирајте.
 
P

PewDiePie

Гостин
Ај да ја сефтосаме темава,според мене ќе повторно шампион ќе биде Милан. Не продадоа ни еден значаен играч,донесоа одлична замена(Мексес)за Неста и Силва,го решија прашање за лев бек со Таје Таиво и го подмладија тимот со еден од најголемите италијански таленти Ел Шарави. Заминувањето на Пирло,барем според тренерот Алегри ќе биде адекватно заменето. Иначе кога сме кај Алегри,тој се покажа кадарен да го води Милан и имаше одлична прва сезона и трета година по ред ја освои титулата најдобар тренер во Сериа А. Главни конкуренти според мене ќе им бидат Интер и Јуве(кои прилично се засилија,како секој летен период во последниве 2-3 години). ;)

Се на се очекувам јака сезона,и добра дискусија на темава. :)
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Нема што да се коментира освен дека ако останат вакви работите какви што се титулата на Милан повторно не му бега бидејќи Интер сеуште не е адекватно засилен со нови квалитетни имиња посебно во средниот ред ,а Јувентус сеуште мислам дека 3 место за во ЛШ за нив би било премија со онаков тим...имаат добри напажачи(Матри и Кваљарела) но воглавно немаат тим кој е составен од шампиони и квалитетни играчи кои си ја знаат работата на теренот на секој натпревар..односно не се константни во резултатите и тоа ќе се докажи..,За Рома и Наполи не знам што да напишам бидејќи не знам какви засилувања ќе донесат и како ќе се справат Наполи со предизвикот наречен ЛШ...:D
 
Член од
10 февруари 2011
Мислења
894
Поени од реакции
398
Според мене исто така главен конкурент е милан пошто донесоа нови засилувања и се подмладија а до крајот се очекува уште 1 во средина да донесат ! главен секако очекувам интер да биде јуве ке одат за ЛШ или 3 или 4 место !! наполи не веруам дека ваа сезона ке бидат во топ 4 !! пошто мислам дека ке бидат мотивирани ЛШ !! а минатата сезона играа Европа лига па паднаа !! така даа .. !! Рома 4 место може да стигнат !! Тоа е тоа !! :D
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.043
Поени од реакции
6.070
Hope for the best, expect the worst. Се надевам на добар пласман на моиве, сеа амбициите им се поголеми. Ќе се борат за минимум 3 место(мала шала на сметка на Јуве).
Милан пак главен фаворит, Интер ќе се обиде да им парира, а се надевам Јувентус ќе го стори истото. За другите тимови што сакаат нека праат, тие се ич битни.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Моментално Милан е фаворит број 1 за освојување на скудетото,а како што стојат работите со трансферите таков и ќе остане.
Останува да видиме како Гасперини ќе се снајде со Интер но и Јуве со новите засилувања.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Се враќа Милан на старите патеки, топ засилувања, истиот тим од лани, можеби не некои презвучни имиња освен Ибра ама имиња што се доволни за титула дома...сега може им фали некој покреативен во средината најмногу за во ЛШ ама има уште доста долго до крајот на трансфер периодот. Милан е бр. 1 фаворит, Интер смени тренер, ќе менува и формација ко што гледам, ама и некако според мене и одбраната е остарена малку, Јуве смени тренер исто ама па тие не играат никаде во Европа, најмалку меча ќе имаат од сите. Исто ко Рома пред неколку години ако не грешам кога не играше во Европа и се тепаше со Милан за титулата.
Наполи, Удинезе тие ќе се изгубат помеѓу димензиите на Европа и Италија, нешто ко Тотенхем лани, треба искуство за да можеш да настапуваш во две елитни натпреварувања.
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
тешко е да се верува дека рома со новиот состав и новата управа веднаш ќе освои уште од прва сезона, но досега во преодниот рок донесе неколку одлични играчи кои можат да ја однесат во лига на шампиони. според мене оваа сезона ќе биде најинтересна и доста изедначена бидејки сите подеднакво се засилија и сигурен сум дека ќе има крвава битка за врвот.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
ако Конте успее да ги мотивира играчите,не му бега титула уште првата година во Јувентус.....Милан моментално сите го ставаат фаворит,но лесно можат да се изгубат меѓу ЛШ и Серија А,додека Интер и Рома мака ќе мачат со константноста оваа сезона,Јувентус не игра во Европа,донесе неколку добри играчи,со едно топ лево крило и по можност елитен центарфор има секој натпревар да го игра 3+
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
ако Конте успее да ги мотивира играчите,не му бега титула уште првата година во Јувентус.....Милан моментално сите го ставаат фаворит,но лесно можат да се изгубат меѓу ЛШ и Серија А,додека Интер и Рома мака ќе мачат со константноста оваа сезона,Јувентус не игра во Европа,донесе неколку добри играчи,со едно топ лево крило и по можност елитен центарфор има секој натпревар да го игра 3+
Застани малку пријателе дигни рачна прајме муабет за Милан а не за Наполи,Фиорентина,Удинезе ...
 
P

PewDiePie

Гостин
Милан моментално сите го ставаат фаворит,но лесно можат да се изгубат меѓу ЛШ и Серија А
Да де,зошто Милан се аматери во Л.Ш. немаат 7 титули таму и ќе се изгубат. Душички. :)
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Оваа година ќе биде нај густо во врвот. Милан земаа фудбалери со кои ги закрпија позициите кои беа најкритични. Јувентус се засилија но според мене, засилувањата што ги земаа не се доволни за титула. Интер го земаа Алварез, кој може да игра централно во средината, лево и десно крило и полушпиц. Џонатан незнам зошто го земаа кога на таа позиција го имаат Мајкон и Сантон (можеби Сантон ќе игра лево и ќе биде замена на Нагатомо, а Џонатан десно на Мајкон). Го земавме и Кастињос, еден од најголемите талент кој игра во средината на нападот (тип на напаѓач како Инзаги)
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.625
Поени од реакции
22.650
Навивачки сакам Рома да ја освои титулата, а објективно најголеми шанси за прво место и одбрана на титулата има Милан. Освен Пирло, друг значаен играч не си замина(иако Пирло вреди за 2-3ца), се засилија со неколку млади играчи.
Што се однесува до мојот фаворит Рома, купија неколку млади играчи, имаат и нов тренер, тешко дека уште првата сезона ќе се достигне врвот, ама ако ги задржат сите новајлии, за 2-3 години можат да жарат и палат. Плус тука е и Луис Енрике, во кого имам голема доверба. Како што би рекол Бојан, Visca Barca i Forza Roma.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Milan shampioni, Inter i Napoli za vtoro mesto. Juventus, Roma i nekoj padobranec ke se borat za LE.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom