Дерон Вилијамс од НБА се сели во турската лига
Еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата Дерон Вилијамс и официјално во следната сезона ќе игра во Европа во дресот на Бешикташ.
Кошаркарот на Њу Џерси Нетс преку неговиот Твитер профил соопшти дека потпишал за турскиот клуб, а во договорот постои клаузула која предвидува дека во случај на крај на локаутот во НБА лигата, Вилијамс нема да има обврски кон Бешикташ.
Ол стар бекот ќе добие пет милиони долари за една година, а соиграч веројатно наскоро ќе му стане центарот на Атланта Заза Пачулија кој исто така е во преговори со Бешикташ.